(0 гласови)

Навивачите на фудбалскиот клуб Барселона ќе се запознаат со начинот на кој функционира криптовалутата, односно системот блокчеин.

Барса, како еден од најпопуларните светски фудбалски клубови, ќе издаде дигитални токени за употреба на платформа за ангажирање на навивачи.

Токените исто така ќе им овозможат на нивните сопственици да гласаат за различни одлуки за тимот, како што е на пример музиката која ќе се пушта на стадионот кога тимот ќе постигне гол. Идејата е да им се овозможи на навивачите ширум светот да учествуваат во важни и помалку важни одлуки во клубот.

За да ги добијат валутите, фановите можат да ја преземат апликацијата Socios.com, да ги купат оригиналните монети познати како Chiliz, а потоа да ги искористат за купување на токени од Барса.

На навивачите ќе им бидат понудени 40 милиони монети по 2 евра, а најголем дел од приходите ќе одат во клубот, изјави Александар Дрејфус, извршен директор на Socios.com. Chiliz токените се тргуваат на неколку крипто берзи, а можат да се држат и на дигитален паричник.

Инаку, ова не е новост. Откако во декември беа претставени навивачките токени, околу 110.000 корисници се пријавиле, купувајќи монети во просек вредни 20 долари.

– Не ги таргетираме навивачите кои се на стадион. Идејата е да се достигнат 99,9 проценти од луѓето кои не се на стадион – изјавил Дрејфус.

(0 гласови)

Производителите на луксузни производи се соочуваат со големи загуби поради епидемијата на коронавирусот, додека новите колекции на нешто поприфатливата стока доцнат со месеци.

„Не очекуваат најмалку четири месеци на исклучително тешко работење“, изјави Флавио Середа, генерален директор на инвестициска банка Jefferies.

Глобалната модна индустрија вреди два трилиони фунти (односно 1,5 трилиони долари) и на Велика Британија и носи повеќе од 30 милијарди фунти на годишно ниво, објави BBC.

Како што наведуваат од инвестициската банка Jefferies, кинеските потрошувачи учествуваат со 80 проценти од растот на пазарот.

„Ова е кошмар!“, наведува Середа.

Потрошувачката моќ на Кина се зголеми во текот на минатата деценија и сега претставува 38 проценти од приходите на глобалната модна индустрија. За споредба, во 2003 година, кога избувна епидемијата САРС, кинеските потрошувачи сочинуваа околу осум проценти од пазарот.

И до 23 јануари оваа година, предвидувањата на пазарот изгледаа добро.

Но, сега кога некои кинески градови се целосно затворени и кога има повеќе случаи на ширење на вирусот (статистиката од петокот вели дека над 63 илјади луѓе се заразени со вирусот додека животот го загубиле повеќе од 1.300), трговските центри се напуштени, работниците се дома, а индустријата на луксузна стока е сериозно загрижена.

Меѓутоа, Середа верува дека модната индустрија дефинитивно ќе закрепне, нагласувајќи ја важноста на потрошувачката за глобалниот раст.

Сепак, тој смета дека закрепнувањето може да трае до лето, додека потрошувачите не започнат повторно нормално да купуваат.

(0 гласови)

Италија минатата година стана втор најголем купувач на природен гас од Gazprom, надминувајќи ја Турција, објави Bloomberg.

Германија и понатаму е најголем купувач на гас од Gazprom, и покрај тоа што руската енергетска компанија, според сопствените податоци минатата година во таа земја извезла девет проценти помалку гас отколку во 2018 година.

Инаку, извозот на руски гас во Западна Европа падна минатата година за 9,3 проценти, на 147,4 милијарди кубни метри.

(0 гласови)

Лебот и житата поскапи за 3,3 проценти, зеленчукот за 6,8 проценти, месото за 1,8 проценти, рибите и морските плодови за 2,1 процент. Трошоците за живот на македонските граѓани гледани по статистичкиот индекс во 2019 година во однос на 2018 година пораснале за само 0,8 проценти, но гледано по ставки, статистиката покажува дека индексот за една година најмногу пораснл токму кај основните намирници неопходни за живот.

Така вкупно трошоците за храната и пијалоците лани во однос на претходната година се повисоки во просек за 1,6 проценти, на алкохолот, тутунот и наркотиците пораснале за 5,6 проценти, сумите за набавка на мебел, покуќнина и за одржување на домот за 1,2 процени. Средствата пак кои едно домаќинство требало да ги одвои за здравствена заштита се повисоки за 2,7 проиценти, а за рекреација и култура за 1,6 проценти- покажуваат податоците за трошоците за живот на државниот завод за стаистика.

Само сумите за мебел и покуќнина биле повисоки за 2,5 проценти исто колку и цените на малите апарати за домаќинствата.

Податоците на статистика во ставката здравје пак покажуваат дека сумите за сите медицински услуги и прозводи  пораснале. Најмногу за 5,4 проценти пораснале вонболничките здравствемни услуги, за 6,7 проценти медицинските и парамедицинските услуги и за неверојатни 8,5 проценти  биле повисоки цените на болничките услуги.

Потоа сумите за купување на моторни возила пораснале за 5,6 проценти, услугите за култура за 4,2 проценти, а туристичките пакет аранжмани за неверојатни 12,1 процент.

Трошоците на живот и цените на мало во јануари годинава пак се зголемени за 0,1 отсто во однос на претходниот месец, а во споредба со јануари 2019 година бележат пораст од 0,6 проценти.

Пораст на трошоците на животот во јануари во споредба со претходниот месец има кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 1,7 насто, свежото и разладеното овошје за 1 процент, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0,6, млекото, сирењето и урдата за 0,3, лебот и житата, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, пивото за 0,2 насто.

Пораст на трошоците на животот има и кај другите финанасиски услуги неспоменати на друго место за 34,3 проценти, електричните апарати за лична хигиена за 4,3, велосипедите за 3,0, течните горива за домаќинствата, туристичките пакет-аранжмани за 1,9, гасот за домаќинствата за 1,5, телефонот и телефакс-опремата за 1,4, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 0,9, другите печатени материјали за 0,8, моторните возила за 0,7, стаклените садови, трпезните садови и прибор за домаќинствата за 0,6, малите електрични апарати за домаќинствата, градината, растенијата и цвеќињата, фризерските салони и центрите за разубавување за 0,5, накитот, часовниците и рачните часовници за 0,4, домашните миленици и сродни производи, угостителските услуги, услугите за сместување за 0,3, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства, игрите, играчките и хобијата за 0,2 процента.

Намалување на трошоците на животот, пак, е забележано кај месото за 0,8 отсто, виното за 0,3 и жестоките пијалаци за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот има и кај воздухопловниот патнички транспорт, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 2,5 проценти, обувките за 2,2, информатичката опрема за обработка на податоци за 1,6, медиумите за снимање за 0,9, мебелот и покуќнината за 0,6, облеката за 0,4, теписите и другите подни покривки, другите медицински производи за 0,3, големите електрични апарати за домаќинствата, другите услуги за опрема за сопствен превоз, другите лични предмети за 0,2 проценти.

Извор denar.mk

(0 гласови)

Припадници на екстремна десничарска група се уапсени во Германија поради планирање на напади на џамии, политичари и азиланти, пренесуваат германските медиуми.

12 лица кои наводно припаѓале на десничарската група „Тврдо јадро“ биле приведени во петокот.

Како што пренесуваат германските медиуми, членовите на групата минатата седмица се состанале и разговарале за плановите за десет одвоени напади во земјата, вклучувајќи напади на џамии слични на нападот во Нов Зеланд минатата година.

Според извештаите на медиумите, тие биле пријавени до безбедносните органи од страна на некој кој упаднал во групата.

 

Едно лице за кое се верува дека е дел од групата е во бегство, пренесува "Velt am Zontag". Четири лица, сите германски државјани биле уапсени минатата седмица и се сомнева дека тие ја формирале групата „Тврдо јадро“, додека за останатите осум лица се сомнева дека обезбедувале финансиска, вооружена и друг вид на поддршка.

Властите при претресот пронашле пушки и материјали кои можат да се користат за изработка на домашни бомби. Лицата најчесто комуницирале преку WhatsApp, а организацијата ја формирале минатиот септември.

Се верува дека се поврзани со „Одиновите војници“, исто така екстремно десничарска група формирана во Финска пред пет години.

(0 гласови)

Александра и Александар Начеви од Пробиштип, на денот на вљубените, уловија Златна рипка вредна  500.000 денари. На младиот брачен пар Начеви од Пробиштип златната рипка ќе им ја оствари заедничката желба за убаво егзотично патување. Големата добивка е доказ дека кога се дарува со љубов желбите се остаруваат. Овој пат желбите ги остварува златната рипка, но не рипката од приказните, туку рипката од инстант лозот Златна рипка.

Трендот за дарување инстант лозови СРЕЌА ПЛУС донесе радост на многу свадбени прослави, родендени и други убави поводи, а овој пат донесе дополнителна среќа на денот на вљубените.

Подарените инстант лозови на денот на вљубените донесоа вистинска СРЕЌА ПЛУС за Александра и Александар.

Продажното место Лила лото во Пробиштип беше често споменувано во различни среќни приказни за поголеми добивки, но иако Александра и Александар често од таму купувале инстант лозови, добивале само помали добивки, се до сега. На 14ти февруари, Александар два пати одел од киоскот на плоштадот во Пробиштип, купувал различни лозови и таму ги гребел, но како и секогаш имал само помали добивки. Третиот пат, пред да замине дома, купул 11 лозови Златна рипка со намера да ги подари на сопругата  за денот на вљубените.  

Токму во тие 11 лозови се криела и златната рипка на која изгребале добивка од 500.000 денари. Денес, во просториите на Државна лотарија, ги запознавме Александра и Александар кои со радост ја споделија со нас среќната приказна и планот дека средствата ќе ги искористат за егзотично патување. 

Ве потсетуваме дека кога дарувате, подарете инстант лозови, подарете можност за СРЕЌА ПЛУС.

ripka 500 000

(0 гласови)

Директорот на компанијата Тесла, Илон Маск, конечно би можел да заработи огромна сума на пари до средината на пролет ако акциите на произведувачот на автомобили останат стабилни и ако компанијата успее да го задржи својот просечен пазарен лимит над 100 милијарди долари.

Акциите на Тесла пораснаа за речиси 250 проценти за половина година и достигнаа референтна пазарна капитализација од 100 милијарди долари, за првпат во својата историја. Акциите ѝ овозможија на компанијата да го прејде прагот од 150 милијарди долари, а во петокот се продавале за околу 800 американски долари по акција. 

Ако Тесла успее да го задржи ова место во наредните неколку месеци, извршниот директор Маск кој не прима плата или бонуси, конечно ќе може да прима плата во април под услови од својот пакет за 2018 година. Покрај неколкуте финансиски цели кои компанијата веќе ги исполнила, Тесла треба да остане над пазарната вредност од 100 милијарди долари.

Пазарната вредност треба да го задржи тоа ниво од 100 милијарди долари во период од 6 месеци за да се активира првата транша опција која ќе му овозможи на Маск да купи дополнителни акции.

Тоа ќе му овозможи да купи 1,7 милиони акции на Тесла. Маск моментално има удел во Тесла вреден околу 12 милијарди долари. Ако успее да ја оствари целта да ја претвори Тесла во компанија вредна 650 милијарди долари, Илон Маск ќе стане најбогата личност на светот и ќе го симне од тронот извршниот директор на Амазон, Џеф Безос.

(0 гласови)

Со изведување на докази обезбедени со ПИ мерки, со тајно следење на Бојан Јовановски и Зоран Милевски надвор од домот со посебни технички средства, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за случајот Рекет.

Од прикажаните видеа се гледа дека биле следени од возило порше со бугарски ознаки и џип со македонски ознаки. Се прикажуваат и снимки од барот Интермецо, ресторан Воденица, во кругот на фабриката Охис и други локации во Скопје во јуни 2019, кога биле наредбите за ПИ мерки.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Васка Николовска-Масевска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

(0 гласови)

Обвинителството денеска пред судот презентираше видеоматеријали од тајното следење на Зоран Милевски – Кичеец, кој на првото рочиште за „Рекет“ призна вина и беше осуден на три години затвор.

Од прикажаните видеа се гледа дека биле следени возило „порше“ со бугараки ознаки и џип со македонски ознаки. Се прикажуваат и снимки од барот Интермецо, ресторан Воденица, во кругот на фабриката Охис, познат хотел во центарот на градот и други локации во Скопје во јуни 2019, кога биле наредбите за ПИ мерки.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашко Дукоски на ова реагираше дека нема никаков опис на активностите и на каков начин се поврзано со делото.

Обвинението за „Рекет”, го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Извор republika.mk

(1 Гласај)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера во обраќањето на нацијата порача дека Будимпешта научила дека не мора да ѝ се допадне на „уморната бриселска елита“, нагласувајќи дека Унгарија е иднината на Европа.

„Во последните 10 години научивме дека Европа не е во Брисел. Европа сме ние и ние не мораме да ѝ се допаднеме на уморната бриселска елита. Во минатото мислевме дека Европа е нашата иднина, но денес знаеме дека ние сме иднината на Европа“, изјави Орбан.

Унгарскиот премиер веќе подолго време е во конфликт со Брисел и јавно ја напаѓа Европската унија.

„Имаме проблем со ЕУ и тие проблеми произлегуваат од различните пристапи околу тоа како треба да се изгради Европа“, изјави неодамна Орбан на конференцијата на европската десница во Рим.

 

Орбан изрази задоволство што Унгарија успеала да пронајде „заеднички темели“ со соседните земји, Хрватска, Словачка, Словенија и Србија и е во позиција со овие земји да учи, да ја шири соработката и да создава сојузи.

„Историјата повторно им даде на народите од централна Европа шанса да изградат нов сојуз втемелен на нивните сопствени национални интереси кои ќе ни овозможат да се браниме од заканите од истокот и западот“, изјави Виктор Орбан.

Top