Хоуп Хикс од неодамна станала директорка за комуникации во кабинетот на Доналд Трамп. Таа е образована, харизматична и убава, а нејзиниот шарм никој не го остава рамнодушен.

Иако нема богата политичка кариера, 29 годишната Хоуп Хикс успеала да се истакне со напорната работа за време на претседателската кампања на Доналд Трамп. 

 

Денес таа е негова советничка, па често пати се појавува во јавноста со колегите од Белата куќа.

 

На неодамнешната вечера во Јапонија, која јапонскиот премиер Шинзо Абе ја подготвил за да го пречека американскиот претседател, Хоуп Хикс се појавила во елегантен смокинг.

 

Таа ги воодушевила присутните со нејзиниот изглед, но и нејзината професионалност, а блиските пријатели ја опишуваат како фина, пријателски настроена и пред се, верен борец. Трамп ја опишал како "природна" и "исклучително вредна" личност.

Инаку, убавата бринета доаѓа од семејство кое со години се занимава со јавноста, па не е ни чудно што Хоуп се одлучила на овој потег.

 

На Интернет се појавуваа приказни за тоа дека Хоуп е новата љубовница на Трамп, што секако на Меланија не ѝ се допаднале. Поради тие причини, тие две се сретнуваат само кога мораат, на пример како посетата во Јапонија.

Камион со полски регистарски таблички за малку ќе излеташе од патот во Риека поради силниот ветер.

На видеото објавено на „Фејсбук“ може да се види дека камионот попушта пред силниот ветер и на моменти се движи само на две тркала. На видеото се гледа дека возачот одвај успева да ја задржи насоката на движење.

Кога возачот забележа голема опасност од ветерот, реши да го забави движењето, со што спречи да се случи несреќа.

Како што јавуваат хрватските медиумни, на овој дел од автопатот имало забрана за движење на возила.

 

По земјотресот кој ги погодил западните делови на Иран во неделата, бројот на жртви пораснал на 530 луѓе.

Службениците ја сопреле операцијата за спасување, наведувајќи дека се мали шансите за пронаоѓање на уште преживеани, известуваат државните медиуми на Иран. 

По ударот на тој разорен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала, во областа кај иранско-ирачката граница, преживеаните, од кои многумина останале без своите домови, се бореле во текот на ноќта со ниските температури, а следниот ден повторно се соочиле со недостиг на храна и вода. 

Како што известила новинската агенција "Ирна", бројот на загинати го направил овој земјотрес најсмртоносен во Иран во последните десет години. 

Илјадници луѓе се повредени, а 30.000 домови и цели села се уништени. 

Како што известиле претходно агенциите, претседателот на Иран, Хасан Рохани, рекол дека неговата администрација ќе отвори истрага поради огромната штета на зградите кои се изградени во рамките на државен проект. Тој рекол и дека треба да се видат грешките при изградбата на зградите и ветил дека повторно ќе се изгради погодениот регион во најкраток можен рок. 

Многу од оштетените згради се изградени за време на владеењето на поранешниот претседател, Махмуд Ахмединеџад. 

Потресот се почувствувал во неколку ирански провинции, но најмногу настрадала Керманшах. Повеќе до 300 луѓе загинале само во областа Сарпол-е Захаб, во таа провинција која се наоѓа на 15 километри од границата со Ирак. 

Иранската телевизија навела дека земјотресот значителна штета во некои села. Потресот предизвикал и одрони кои ги загрозиле напорите на спасувачите. 

Како што претходно известила агенцијата "Ирна", курдските здравствени службеници навеле дека во Ирак загинале најмалку шест лица, а 68 биле повредени. 

Операцијата за ослободување на источниот град Абу Камал покажала дека американската коалиција директно ја поддржува терористичката група ИСИС.

САД, имитирајќи борба против тероризмот, всушност обезбедуваат покритие за единиците на ИСИС, за промовирање на своите интереси на Блискиот исток, соопштило Министерството за одбрана на Русија. 

Руското министерство изјавило дека американските сили одбиле да изведат воздушни напади на терористите на ИСИС, кои се повлекувале од сирискиот град Абу Камал. 

Операцијата за ослободување на источниот град Абу Камал покажала дека американската коалиција директно ја поддржува терористичката група ИСИС.

"Овие факти се неоспорен доказ дека САД, кои пред светската јавност имитираат борба против меѓународниот тероризам, всушност ги покриваат борбените единици на ДАЕШ, за да се обнови нивната борбена способност, за тие да се прегрупираат и да ги промовираат американските интереси на Блискиот исток", стои во соопштението. 

Министерството за одбрана во вторникот објавило фотографии на кои се гледа неколку километарска колона на терористи кои заминуваат од Абу Камал кон Види ел Саба, на сириско-ирачката граница, пренесува Sputnik.

Според податоците на министерството, операцијата која ја извеле сириските владини сили кон крајот на минатата седмица за ослободување на Абу Камал, ги открила фактите за директното влијание и поддршка на САД за терористите на ИСИС. 

"На фотографиите кои на 9. ноември 2017. година ги снимиле руските беспилотни летала, било забележано како вооружени формации на ИСИС, спасувајќи се од нападите на руската авијација и владините трупи, го напуштаат Абу Камал", се наведува во соопштението. 

Најстариот син на американскиот преседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, објави приватни пораки што ги разменувал со „Викиликс“ за време и по завршувањето на претседателските избори што се одржаа минатата година во САД.

Трамп Јуниор ги објави пораките кога вчера весникот „Атлантик“ напиша дека тој разменувал пораки со „Викиликс“, и тоа во периодот кога веб-страницата објави дел од украдените електронски писма на демократската кандидатка за претседател на САД, Хилари Клинтон.

Во објавените дописи „Викиликс“ му се заблагодарува на синот на Трамп за позитивните коментари на татко му за веб-страницата. Од „Викиликс“ побарале од Трамп Јуниор да им ги достави даночните пријави на татко му.

Допишувањата почнале лани во септември и траеле до јули годинава.

Косовецот бил затекнат во касарната „Илинден“ во Скопје по што бил приведен во полициската станица Карпош.

Од МВР велат дека вчера во 10 часот во полициска станица Карпош, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени дејствија од КЗ на РМ, бил приведен Х.Р. (58) од Косово.

Тој бил затекнат во кругот на касарната „Илинден“. По целосно расветлување и документирање на случајот, ќе му биде поднесен соодветен поднесок и ќе се преземат понатамошни дејствија.

 

Најмалку пет лица се убиени во вооружен напад кој што се случил пред едно основно училиште во округот Техама во американската сојузна држава Калифорнија - американските медиуми пренесуваат дека имало пукотници на повеќе локации.

Напаѓачот кој што на крајот бил убиен од страна на полицијата отворил оган во околу 8 часот наутро по локално време од својот дом, а потоа баш во моментот кога родителите ги носеле своите деца на училиште, пристигнал пред училишната зграда и започнал да пука.

Веднаш настанала паника меѓу родителите и децата, а според првичните информации кои што ги пренесуваат американските медиуми, во вооружениот напад најмалку едно дете го загубило животот.

 

Инаку, вкупно пет лица го загубиле животот, но засега не е познато дали тамошната полиција во оваа бројка меѓу мртвите го вклучила и напаѓачот. "USA Today" пренесува дека меѓу повредените најмалата возраст била 6-годишно дете кое што добило куршум во ногата.

Ситуацијата на местото на инцидентот набрзо станала прилично хаотична, а некои од локалните медиуми пренесуваат дека во нападот учествувале и две лица, иако засега од полицијата таквите информации не можат да ги потврдат затоа што истрагата и натаму е во тек.

„Слушнавме рафали. Можеби беа над 90 куршуми испукани. Луѓето започнаа да бегаат, а децата да врескаат. Оддалечена сум три улици од училиштето и сосема е јасно дека ги слушнав вресоците“, сведочи жена која што живеела во близина на училиштето за "ABC".

 

Напаѓачот наводно отворил оган на седум различни локации. Најпрвин пукал од сопствената куќа, а потоа седнал во својот автомобил и започнал да пука во близина на училиштето.

Сосед на убиениот напаѓач, чие што име не е објавено, тврди дека станува збор на човек со криминална позадина кој што неодамна со кауција бил пуштен од затвор. Тој завршил зад решетки откако наводно избодел една девојка.

Курдското прашање изгледа останалo настрана за време на средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин.

 За време на заедничката прес-конференција во Сочи, Ердоган не го кажа ниту еднаш зборот "Курди" и не направи никаква забелешка за искуството да биде создадена независна курдска држава - од ирачки Курдистан, како и во врска со ситуацијата со Курдите во Сирија, наведува "Московский комсомолец". 

Според руското издание, цитирано од новинските агенции, пред патувањето до Сочи Ердоган зборувал и се надевал дека ќе добие поддршка од Путин за воена операција од страна на Турција во курдската област Африн. Непосредно пред да се качи во авионот, Ердоган дури го открил пред турските новинари најскриениот сон - повлекувањето на руските и американските војници од територијата на Сирија. Потоа, според него, нема да има проблеми со организацијата на политичкиот процес. Се чини, сепак, дека такво нешто е исклучено засега.

Рускиот весник експлицитно пишува дека само оваа година Ердоган разговарал со Путин 16 пати, од кои четири се лични состаноци. Ова укажува на интензивни обиди на Анкара да добие одобрение од Русија за одредени прашања. Во оваа фаза, Ердоган буквално исфрла омраза кон Курдите и е подготвен да го направи она што е потребно за да му дозволат да одлучи за "курдското прашање" во Сирија, според сопствените сфаќања. 

Дури се појави и верзија дека турскиот претседател го купил С-400 за да го доведе Путин до друг договор многу поважен за него. Според мислењето на Анкара, Москва треба да се откаже од идејата да повика претставници на курдската "Демократската унија" во Астана и да ја санкционира операцијата против сириските Курди во контролиран од нив регион на Африн, смета "Московский комсомолец". 

Наместо планираните три часа, во Сочи, Путин и Ердоган зборуваа речиси пет часа. А откако излегоа пред новинарите, претседателите темелно отстапуваа од главната тема и се обидуваа да се фокусираат врз различни аспекти од билатералната соработка - пример за трговскиот промет меѓу двете држави, како и иден безвизен режим меѓу Турција и Русија плус, се разбира, енергетиката - "Турски тек" и нуклеарна централа "Аккуи". Меѓутоа, за Турскиот тек, Ердоган не беше многу гласен. "Ние разбираме дека рускиот дел веќе е завршен." Што се однесува до турскиот дел, можам да кажам дека внимателно го следиме овој проект ", рече Ердоган.

Љубе Бошкоски беше дел од тимот на СДСМ на локалните избори, но само како поддршка преку неговата партија Обединети за Македонија без да се кандидира за било каква функција. Сепак, тој најверојатно нема долго време да остане во сенка и од повеќе извори се шири информација дека ќе биде нов министер во владата на Зоран Заев, односно ќе му биде доделено министерство без ресор со одреден сет на задачи.

Бошкоски би бил дел од владата која ќе претрпи мини реконструкција со оглед на тоа што повеќе министри и заменици, пред се кадри на ДУИ преминаа во локалната власт.

Екс министерот за внатрешни Бошкоски би дошол на местото на Рамиз Мерко кој победи на локалните избори и ќе ја води општина Струга, но не е прецизирано дали ќе ги има истите надлежности како и него во поглед на контакт со потенцијални странски инвеститори.

Да потсетиме дека Бошкоски на предвремените парламентарни избори беше дел од коалицијата ВМРО за Македонија заедно со Љубчо Георгиевски и Стојанче Ангелов, но тие не успеаја да освојат пратенички мандат.

Доналд Трамп Јуниор, најстариот син на американскиот претседател Трамп, во најновиот дел од истрагата за руско влијание на последните избори е утврдено дека имал директна врска со претставници на Викиликс со цел преку оваа веб платофрма да се објавата материјали за Хилари Клинтон од Демократската партија и на тој начин да и се наштети пред гласачите. 

Трамп Јуниор со хакерите од Викиликс предводени од Џулијан Асанж комуницирал со пораки на Твитер што и баш не е паметно негова страна. Копии од пораките кои доаѓаат најверојатно од блиски соработници на Доналд Трамп се доставени до конгресната комисија која ја води истрагата за руската поврзаност на претседателот Трамп и неговата кампања. 

Комуникацијата се одвивала десетина дена пред самите избори и претставници на Викиликс на малиот Трамп му испратиле веб линк со содржини кои водат директно да хакираните мејлови на Џон Подеста, шефот на изборен штаб на Хилари Клинтон, а потоа и на самата Клинтон од приватниот сервер каде испраќала службени пораки. Тоа доведе ФБИ да најави дека започнува истрага против Клинтон на неколку дена до изборите кои таа од сигурен победник ги заврши како изненаден губитник.

Џулијан Асанж ги обвини американските мејнстрим медиуми дека ја извртуваат приказната да звучи како позади се ова да има игра на руските тајни служби, односно дека Трамп и неговиот тим извршиле предаство на американските интереси и дека Викиликс е алатка на руското разузнавање, што според него е голема фантазија. Самиот Асанж вршеше притисок врз Трамп да ги објави даночните пријави што секако се уште не е сторено. 

Џуниор исто така е осомничен дека одржал состанок со руска државјанка поврзана со Кремљ на која присуствувал Пол Манафорт екс менаџерот на кампањата на Трамп кој сега е во домашен притвор, потоа Џереџ Кушнер зетот на Трамп и уште најмалку тројца членови на кампањата со цел да добијат информации и документи против Хилари Клинтон.

loading...