(0 гласови)

Милијардерот Џорџ Сорос ја нарече пандемијата на коронавирусот и последиците „настан без преседан“ кој донесе неизвесни последици по иднината на капитализмот.

„Ова е криза на мојот живот. Уште пред пандемијата сфатив дека сме во револуционерен момент во кој тоа што беше невозможно и незамисливо во нормални времиња, стана не само можно, туку и апсолутно неопходно“, изјави Сорос и додаде:

„Пристигна Ковид-19 кој тотално ги поремети животите на луѓето и побара значително поинакво однесување. Тоа е единственото случување кое веројатно никогаш се нема случено во ваква комбинација и навистина го загрозува опстанокот на нашата цивилизација“, изјави унгарскиот милијардер.

Тој смета дека е неверојатно тоа колку светот не беше подготвен за пандемијата ако се земат во предвид претходните искуства со разни болести во минатото.

„Пандемиите беа чести во 19-ти век, имавме три бранови на Шпанска грозница, при што вториот беше најсмртоносен. Милиони луѓе починаа, а имавме низа на други сериозни епидемии како свинскиот грип пред десет години. Поради тоа е неверојатно колку земјите не беа подготвени за вакво нешто“, изјави Сорос.

Милијардерот истакна дека не верува дека некој знае како ќе еволуира капитализмот, но сигурен е во еден исход.

 

„Нема да се вратиме таму каде што бевме кога започна пандемијата. Тоа е сигурно“, изјави Сорос кој смета дека ќе биде потребно многу време за успешен развој на вакцината.

Фондацијата „Отворено општество“ на Сорос донираше 130 милиони долари за сузбивање на ширењето на коронавирусот и ублажување на последиците за ризичното население и имигрантските семејства.

(0 гласови)

Луксузни брендови од Шанел до Луј Витон ги подигнаа цените на повеќето од нивните најпосакувани производи за да го надоместат изгубениот профит за време на затворањето поради пандемијата од коронавирус, пренесува Ројтерс.

Шанел најави дека ќе ги зголеми цените на нејзините престижни чанти и помалите кожни производи од пет на 17 проценти, бидејќи цените на одредени суровини скокнаа поради пандемијата.

Луј Витон изјави дека растот на продажбата од 50 проценти е забележан во Кина минатиот месец, но ги зголеми цените на своите чанти во САД и Европа.

Како пример, се наведува дека торбата „Neverfull MM“, која чини 1.500 долари преку Интернет, би можела да се купи на почетокот на мај за 1.430, а минатиот октомври за 1.320 долари, што претставува пораст на цената од скоро 14 проценти.

Луј Витон одби да коментира за Ројтерс за зголемувањето на цената.

Во Кина и Јужна Кореја, луѓето стојат во линија пред продавниците на Шанел, бидејќи започнаа гласините за зголемување на цените.

Режисерот на документарни филмови Кси Лан изјави дека успеала да ја купи торбата за 30.000 јуани, или 4.225 долари пред зголемувањето на цената.

„Работата е стресна и сакав да си дадам оддишка“, изјави таа за Ројтерс.

(0 гласови)

На крајот на март, славниот белградски виролог др. Ана Глигиќ, која во 1972 година водеше тим што изолирал вирус на сипаници и направил голем потфат на глобално ниво, во интервју за Слободна Далмација објави дека епидемијата на Ковид-19 ќе попушти на почетокот на мај.

Иако многумина сомнително вртеа со главата, нејзините предвидувања се остварија и по два месеци, човештвото започна полека да се враќа во своите некогаш нормални дневни активности.

– Вирусот дефинитивно е ослабен – вели 86-годишната др. Глигиќ за Слободна Далмација.

Коронавирусот ја губи моќта

– Ова негово слабеење се случи преку човечки премин, како и мерките преземени за да се спречи да се пренесува од личност до личност. Човекот не е подлога на која може да преживее вирусот. Сакам да кажам дека ние човечките суштества сме слепа улица за него.

Тој дефинитивно се губи овде, само прашање е колку пасажа ќе направи. Професионално кажано, коронавирусот аденуира, ја губи моќта, затоа што ги нема сите услови што ги имал на својот природен домаќин. Човекот во никој случај не е за него, туку несоодветна подлога. Вирусот веќе ослабе толку многу што дури 50 проценти од оние кои се заразуваат нема да имаат симптоми на болеста. Исклучок се луѓето со послаб имунитет.

Она што е интересно сега е нејзината последна прогноза, а се однесува на вториот бран на епидемијата, кој многумина го најавуваат наесен.

– Тука нема да има втор бран, мислам на нашите простори овде. Ќе ги има овие т.н. џебови, индивидуални случаи затоа што, на крајот на краиштата, епидемијата сè уште не е завршена. Можете да видите дека дури и сега има помалку и помалку смртни случаи, наменските болници се затвораат и ситуацијата се подобрува. Колку што прочитав, вие во Хрватска сега имате едно вакво жариште на Брач, а во Србија се плашам дека истото да не се случи по големите политички протести што ги имавме пред Собранието пред неколку дена. Ова се џебови, фокуси, затоа ги нарекуваме природни жаришни инфекции и никогаш не знаете каде на друго место може да се појават. Но, тоа веќе не е епидемија, особено не до онаа мерка што ја имавме во март.

Овие жаришта треба да се препознаат на почетокот и да се санираат, така што да не се разгорат. Уште следниот месец ќе можеме да патуваме слободно, и се надевам дека ќе има уште повеќе патувања и туризам во јули и август. – посочува др. Глигиќ.

Според неа, во корист на сите нас, а против вирусот ќе оди летото и температурите што ги носи.

Да се гасат жариштата

– Дефинитивно тоа работи за нас, без оглед на фактот дека вирусот останува во околината долго време, но сончевите ултравиолетови зраци ќе го неутрализираат доста брзо. Потребни се само неколку часа за да го сторат тоа. Ќе има изолирани случаи во септември и октомври, веројатно многу индивидуални епидемии на различни места, но тоа дефинитивно нема да биде втор бран на епидемијата. Затоа само треба брзо да се изгаснат.

Според моето искуство, имате и такви видови на болести кога лекувате такви жаришта, така што немате друг бран со години. Секако имате индивидуални случаи, кои повторно доаѓаат. Слично е со глувчеста треска или западнонилска треска. Тие не се епидемија секоја година, но се присутни – посочува таа.

Исто така, ја прашаа дали треба да се плашиме од зима, особено кога се преклопуваат Ковид-19 и сезонскиот грип.

– Ќе биде тешко ако овие индивидуални случаи се совпаднат со сезоната на грип, затоа што клиничката слика, кога ќе ослабне овој нов вирус, е многу или целосно слична. Тогаш е периодот кога дијагностиката и дијагностичарите ќе треба да го направат својот дел од работата. Нема да има многу вакви луѓе во болниците. Населението е образовано во таа насока, но имунитет, дури и ако е само пет проценти, е стекнат. Има голем број тестирани и ќе биде потребно време да се обработат податоците и да се добијат точни податоци за отпорност – рече Др. Глигиќ.

А, што се однесува до вакцината и датумот на нејзиниот изум, таа е прилично претпазлива.

– Вакцина, реална, класична, не може да биде пред 16 месеци. Другата работа е генетски модифицирана, кои се подготвени за миг. Ги прочитав препораките на СЗО каде се вели дека им се потребни 10 милијарди американски долари само за да го подготват производството. Треба да се направи плацебо, што се прави на ист начин како и вакцината, само во него нема агенс, но ќе мора да има систем на заштита, суспензија, чисто за да се види дали има реакции на кој било состав. Така, ќе има плацебо, сè во тајност, затоа што нема да се знае кој ја прима и кој ја прима вакцината. Ќе биде потребно време да се следи и да се заклучи дали се создава имунитет, но и последиците. Потребни се минимум шест месеци за да се набудуваат овие два истовремени процеси – рече Др. Глигиќ и додаде дека работите околу вакцината можат дополнително да се искомплицираат со фактот дека има дури 18 видови на овој вирус.

– Затоа е неопходно да се види кои два вида најчесто се во оптек и потоа да се направи вакцина врз основа на нив. Не е исклучено дека откако конечно ќе ја имаме вакцината за 16 месеци, повторно ќе се случи мутација, така што за некои две повторно ќе ни треба нова – рече белградската стручњачка.

(0 гласови)

На 13.05.20202 во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.45 часот на паркинг на бул.„Крсте Петков Мисирков“ во Скопје, Е.И.(24) од Скопје испукал во воздух неколку куршуми од огнено оружје. Според пријавеното, настанот се случил по претходна расправија на Е.И. со Р.„Н“., во врска со наплата за паркинг услуга. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(0 гласови)

Грчките плажи се отвораат наредниот викенд, со оглед на високите температури кои се очекува да го достигнат 35-от Целзиусов степен во наредните неколку дена.

Одлуката на Комисијата за заразни болести се сметала за повеќе од потребна по гужвите кои се случиле минатиот викенд на дивите плажи кои им биле достапни на граѓаните. 

Затоа, сите организирани плажи во Грција кои добиле дозвола, од сабота од 8 часот наутро ќе работат според следните услови:

- задолжително бележење на бројот на посетители и контролирање на влезот

- максималниот број на капачи е 40 лица на 1.000 квадратни метри

- минималното растојание помеѓу чадорите е 4 метри

- под еден чадор може да има максимум две лежалки, единствен исклучок ќе бидат семејствата

- мензите и баровите на плажа ќе можат да служат само спакувана храна и е забранета подготовка на самото место

- забранета е продажба на алкохолни пијалаци

- забранета е испорака на храна на плажа

- забрането е седење во баровите на плажа

- им се препорачува на сите вработени да носат маски

- персоналот е должен да ги дезинфицира лежалките и чадорите по секој посетител

- забрането е пуштање на музика

- пешкирите се одговорност на посетителите, како и нивната дезинфекција

- поради заштита на јавното здравје, потребно е да се почитува неопходното растојание, да се избегнува гужва и да се почитуваат сите правила на хигиена

На плажите кои имаат простор без лежалки е важно да се поставуваат пешкирите и чадорите според пропишаното растојание.

(0 гласови)

Грчките плажи се отвораат наредниот викенд, со оглед на високите температури кои се очекува да го достигнат 35-от Целзиусов степен во наредните неколку дена.

Одлуката на Комисијата за заразни болести се сметала за повеќе од потребна по гужвите кои се случиле минатиот викенд на дивите плажи кои им биле достапни на граѓаните. 

Затоа, сите организирани плажи во Грција кои добиле дозвола, од сабота од 8 часот наутро ќе работат според следните услови:

- задолжително бележење на бројот на посетители и контролирање на влезот

- максималниот број на капачи е 40 лица на 1.000 квадратни метри

- минималното растојание помеѓу чадорите е 4 метри

- под еден чадор може да има максимум две лежалки, единствен исклучок ќе бидат семејствата

- мензите и баровите на плажа ќе можат да служат само спакувана храна и е забранета подготовка на самото место

- забранета е продажба на алкохолни пијалаци

- забранета е испорака на храна на плажа

- забрането е седење во баровите на плажа

- им се препорачува на сите вработени да носат маски

- персоналот е должен да ги дезинфицира лежалките и чадорите по секој посетител

- забрането е пуштање на музика

- пешкирите се одговорност на посетителите, како и нивната дезинфекција

- поради заштита на јавното здравје, потребно е да се почитува неопходното растојание, да се избегнува гужва и да се почитуваат сите правила на хигиена

На плажите кои имаат простор без лежалки е важно да се поставуваат пешкирите и чадорите според пропишаното растојание.

(0 гласови)

Американските власти ги запреа тестирањата за коронавирус кои што во Сиетл беа покренати на иницијатива на Бил Гејтс.

Програмата на Гејтс спроведена во Сиетл требало да биде тест за формирање на поширок надзорен систем за коронавирусот во САД.

Американската администрација за храна и лекови (FDA), наредила да се прекинат околу 100 тестирања дневно во Сиетл, кои што беа покренати од страна на милијардерот Бил Гејтс, пренесуваат од „RT“.

Гејтс најави дека низ програмата SCAN ќе бидат тестирани по 300 луѓе дневно, но сега било објавено дека програмата ‘моментално е на пауза поради конфликтот со FDA’.

Програмата на Гејтс претходно добила одобрување од Департмент за здравство на државата Вашингтон, но дополнително било утврдено дека за експерименталните тестирања на вируст потребна е дозвола од федералните власти.

FDA побарала дополнителни податоци за програмата SCAN, преку која што се спроведуваат тестирањата на луѓето кои што немаат симтоми на коронавирусот, врз основа на земање брис од носот.

Гејтс навел дека оваа програма би требало да биде тест за формирање на ‘надзорен систем за ширење на коронавирусот’, а истиот го спроведуваат пет здравствени оргазнизации од Сиетл.

Програмата треба да послужи како пример во кој што би се набљудувале резултатите од тестирањата спроведени на луѓето кои што го имаат вирусот, но и оние кои што немаат никакви симптоми на истиот, односно како вирусот се шири, кој е најзагрозен и дали мерката за социјално дистанцирање помага.

 

(0 гласови)

Најновите истражувања покажуваат дека вирусот Ковид-19 најверојатно еволуирал по природен пат, односно тргнал од лилјакот, па преминал на некој друг вид животно сè додека не ја развил својата потребна мутација за преминување на човекот и покренување на глобалната пандемија.

Научнците во најновото истражување ја поддржале оваа хипотеза, па пронашле уште еден вид коронавирус кај лилјаците и воочиле специфична мутација која што му пречи на генетскиот материјал во вирусниот геном, пренесуваат од австралиски „Science Alert“.

Таквата мутација, како што се наведува, покажува дека таквите промени во геномот, каде што доаѓа до еволуција на вирусот, многу лесно можат да настанат по природен пат.

„Откако се појави Ковид-19, постоеја разни шпекулации за тоа дека вирусот е создаден во лабораторија“ – изјавил микробиологот Вајфенг Ши од Универзитетот во Шандонг.

„Конкретно, некои изјавија дека инсертите S1/S2 делуваат многу необично и дека станува збор за лабораториска мутација. Нашето истражување многу јасно покажува како овие промени се случуваат во дивината, по природен пат“ – изјавил тој.

Новооткриениот вид на коронавирусот, кој што тимот научници го нарекол RmYN02, идентификуван бил во втората половина на 2019-та година во текот на анализа на 302 примероци земени од 227 лилјаци кои што живеат во провинцијата Вухан во Кина, а научниците по проучувањето откриле речиси комплетно нов геном на коронавирус.

Коронавирусот RmYN02 содржи вметнати аминокиселини на местото на кое што се сретнуваат S1 и S2. Не станува збор за исти аминокиселини, затоа што токму тие покажуваат дека до процесот на вметнување може да се дојде по природен пат.

 

И покрај многу сличности на овие два коронавируси, не значи дека RmYN02 е директен предок на коронавирусот кој што моментално ја предизвика пандемијата, особено доколку се земе предвид дека во важниот ген за поврзување со рецепторите се поклопуваат во само 61.3 отсто.

Меѓутоа, пронаоѓањето на новите геноми на коронавирусот и понатаму е многу важно затоа што може да се открие како актуелниот SARS-CoV-2 се развил во тоа што е денес, пренесува „Index“.

„Нашето истражување повторно потврди дека лилјаците, особено оние од родот Rhinolophidae се важен природен резервоар на коронавирусот и дека истиот се наоѓа во нив, колку што досега ни е познато нам“ – изјавил тимот научници.

(0 гласови)

Истражувачкиот одбор на Руската Федерација („Следком“) одбива да биде отфрлено обвинението против сестрите Ангелина, Марија и Кристина Качатуријан кои се обвинети дека својот татко, кој инаку физички и сексуално ги злоставувал, го убиле додека спиел.

Од канцеларијата на Државното обвинителство заклучија на почетокот на оваа година дека Микаил Качатуријан своите ќерки долго време ги злоставувал и дека на чинот на неговото убиство треба да се гледа како на нужна самоодбрана. Но, адвокатот на една од сестрите за „БиБиСи“ откри дека од „Следком“ го отфрлиле ставот на Државното обвинителство.

Сестрите Ангелина, Марија и Кристина Качатуријан беа уапсени во јули 2018-та година затоа што својот татко Михаил го нападнале и убиле со нож и чекан. Кристина тогаш имала 19, Ангелина 18, а Марија 17 години. Сестрите сведочеа дека нивниот татко ги злоставувал и практично ги претворил во заложнички во нивниот дом.

 
 

Двете постари сестри, Кристина и Ангелина би можеле да бидат казнети со затворска казна од најмногу 20 години доколку случајот заврши на суд. Мајката Аурелиа, која била присилена да побегне од својот дом и семејство за да се заштити, изјави дека повеќе пати ѝ се пожалила на полицијата, но била игнорирана.

 

„Формално „Следком“ спроведе дополнителна истрага, но дојде до заклучок како и претходно. Се чини дека наредбата од врвот останува иста“, изјави адвокатот Алексеј Липсер, објаснувајќи дека случајот останува на првичното обвинение во кое сестрите се товарат за убиство со предумисла.

Случајот со сестрите Качатуријан го привлече вниманието на целата руска јавност, предизвика протести, а беше потпишана и петиција со која државата се повикува да биде донесен нов закон против семејно насилство.

 
 

Државното обвинителство во септември заклучи дека Михаил своите ќерки ги тепал, им се заканувал и сексуално ги злоставувал. Тие негови постапки предизвикале ќерките да развијат „дефанзивна реакција“. Понатаму, Обвинителството заклучи дека таквото искуство ги натерало ќерките да се заштитат „со било какво средство“, но од „Следком“ и натаму ја отфрлаат таа теза.

Ангелина, Маја и Кристина моментално живеат одвоено во Москва и не им е дозволена меѓусебна комуникација. Сестрите не можат да се појават пред судот додека Обвинителството и „Следком“ не се договорат околу обвинението.

(0 гласови)

Шведските власти најавија дека ќе вработат уште 10.000 медицински сестри и негователи за стари и немоќни лица кои што се наоѓаат во најголем ризик од зараза на коронавирусот, известува лондонски „Guardian“.

Во меѓувреме, денес било соопштено дека уште 147 луѓе починале како последица на Ковид-19 во Шведска, каде што досега вкупниот број на починати изнесува 3.460, од кои половина се луѓе од домовите за стари лица, а една четвртина се граѓани кои што се во поодмината старост.

Шведска првиот случај на заразен пациент од Ковид-19 го регистрирала во месец ноември. Државниот епидемиолог Андрес Тајнел изјавил дека некои од случаите откриени биле меѓу луѓето кои што допатувале од Вухан.

 

„Немаше ширење на инфекцијата надвор од Вухан, додека подоцна не стигна во Европа. Но мислам дека би можеле да пронајдеме некои од случаите меѓу оние кои што престојувале во Вухан во текот на ноември и декември минатата година. Тоа воопшто не е чудно, туку природно“ – објаснил тој.

Шведска е една од земјите кои што му одолеа на карантинот, сепак нема планови да спроведе масовно тестирање на коронавирусот, меѓу пациентите кои што кон крајот на минатата година биле хоспитализирани.

Top