(0 гласови)

Италија вовела построги мерки поради ширењето на епидемијата на коронавирусот "Covid-19". "Црвените" градови се под будно око на полицијата, карабиниерите, дури и војската, што во Италија се глетки кои можеле да се видат во далечните 70-ти години, за време на црвениот и црниот терор на таканаречените "оловни години".

Економските активности на земјата со 140 проценти долг на БДП вртоглаво паѓаат и ситуацијата не се смирува. 

Џовани Мага, директор на Институтот за молекуларна генетика при Националното истражувачко собрание во Павија, за агенцијата "AGI" зборувал за најголемото истражување спроведено ви Кина на новиот коронавирус.

"Првото клиничко големо клиничко истражување кое се однесува на морбидитетот ја потврдува сликата која е веќе дефинирана во последните седмици и сме соочени со инфекција која во 80 проценти од случаите предизвикува благи симптоми, а околу 95 проценти од луѓето закрепнуваат без сериозни компликации", рекол доктор Џовани Мага.

"Податоците ни велат дека само ограничен број на луѓе може да имаат смртоносни последици, посебно ако зборуваме за постари лица или за оние со здравствени проблеми, како што се хронични кардиоваскуларни болести", објаснува Мага.

 

"Наизглед високата смртност во провинцијата Хубеи, посебно во градот Вухан, веројатно зависи од потешкотиите, посебно во раните фази на епидемијата, во пружањето на правовремена и адекватна помош на сите случаи кои се пријавени", додава лекарот со кој разговарала агенцијата "AGI".

Вирологот го заклучува својот коментар така што ја намалува опасноста од вирусот.

"Од друга страна, како што е случајот со другите покраини, управувањето со сериозни случаи овозможило намалување на стапката на смртност на ниво од 0,1 до 0,3 проценти, потврдувајќи повторно дека тоа е заразна болест која може да даде сериозни последици, но само кај одредена група на луѓе, додека повеќето луѓе не доживуваат сериозна патологија и самото тоа доаѓа до закрпнување", заклучил Мага.

 

Јавноста се обидува да ја смири и Мариа Рита Хисмондо, директорка на одделението за микробиологија, вирологија и дијагностика на биолошката состојба во референтниот центар за заразни болести во Ломбардија.

На својот профил на Фејсбук напишала: "Мојата утринска белешка. Нашата лабораторија веќе цела вечер вади тестови. Примероци доаѓаат постојано. Мене сето ова ми личи на лудило. Заменија инфекција нешто посериозна од грип со смртоносна пандемија. Не е баш така. Погледнете ги броевите. Ова лудило многу ќе боли, посебно од економско гледиште. Моите ангели се исцрпени. Трчам да им однесам појадок. Мојата недела ќе мине во болница. Ве молам, намалете го тонот. Нека ви е радосна неделава".

По еден час, главната докторка на споменатото одделение објавила друг пост, со подеднакво силен апел, за да се избегне непотребен алармизам.

"Читајте! Не е пандемија! Во минатата недела смртноста од грипот во Италија беше 217 умрени дневно. Од коронавирус е 1, напишала Мариа Рита Хисмондо.

(0 гласови)

Многу Американци ги напуштаат скапите крајбрежни градови, меѓу кои се Сан Франциско, Лос Анџелес и Њујорк, пишува CNBC.

Во извештајот на "Редфин", компанија која се занимава со недвижнини, за миграциите за четвртиот кварта на 2019-та година, биле анализирани повеќе од милиони корисници во 87 градски области ширум САД од октомври до декември минатата година. 

Податоците покажуваат дека клиентите на Редфин од скапите градови, како Сан Франциско или Сан Диего, бараат куќи во поевтини области во кои и натаму постојат погодности во градовите, на пример Остин или Феникс.

Тоа не е изненадување, бидејќи Калифорнија е една од најскапите држави во САД, а нејзините граѓани секогаш од негодуваат поради астрономскиот раст на цените за сместување.

Едно од местата кои неодамна станале популарни е Портланд во Орегон.

 

"Портланд има најповолна средна цена на куќи меѓу градовите на западниот брег, што го прави атрактивна дестинација за оние кои заминуваат од прескапите градови", стои во извештајот на Редфин. Тој град исто така нуди и можности за кариера.

Еве кои градови, според извештајот, се најбарани за преселување од наведените причини: Нешвил во Тенеси, Бостон во Масачусетс, Тампа нa Флорида, Портланд во Орегон, Далас и Остин во Тексас, Атланта во Џорџија, Лас Вегас во Невада, Сакраменто во Калифорнија и Феникс во Аризона.

 

Во извештајот се земени во предвид податоците за средната цена на куќите во однос на просечните приходи во градовите.

(0 гласови)

Во Германија денеска на сила стапува новиот закон за вселување на професионален кадар, кој се однесува на квалификувани работници од земји кои не се членки на ЕУ, пренесе агенцијата „Танјуг“.

Според новиот закон, како стручњаци веќе не се сметаат само лицата со факултетска диплома, туку и квалификувани лица чие стручно образование траело најмалку две години и е еквивалентно на германското образование, така што нивните дипломи може да бидат признати во Германија.

Целта е признавањето на дипломите да се завршува во рок од три месеци по доставувањето на сите потребни документи, а процесот на издавање на виза за квалификуваните работници во иднина би требало да трае највеќе четири до шест недели, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на информации од „Дојче веле“.

Законот важи за секој квалификуван работник надвор од ЕУ кој може да докаже дека има договор за вработување во Германија и соодветни стручни квалификации.

Со него не се опфатени помошните работни места за кои не е потребна стручна квалификација, но работниците кои имаат основни професионални квалификации и договор за вработување или понуда за работа во Германија, можат да се доквалификуваат.

Секој што има договор за работа или конкретна понуда за работа ќе добие четиригодишна дозвола за престој или онолку колку што трае договорот за работа.

После четиригодишен престој, квалификуваните работници можат трајно да се населат во Германија, односно стекнуваат право на неограничен престој.

Секој што сака да бара работа во Германија, ќе добие виза за шест месеци, а предуслов е да има пари да ги покрие трошоците за живот во тој период и да зборува германски на ниво Б2.

Новиот закон важи и за странци кои сакаат да студираат или стручно да се надградуваат во Германија, но тие мора да бидат помлади од 25 години.

(0 гласови)

На снимката која стигна до редакцијата на Сигнал.мк од загрижен граѓанин, се гледа како поминува државната пазарна инспекција во Општина Тетово кај пазарот, објави Сигнал.

Возилото во кое биле инспекторите било застанато, од група граѓани и тие биле извадени надвор. На видеото може да се види како револтираната група граѓани ги отвора вратите и багажникот на возилото на ДПИ.

(0 гласови)

Инстант лотаријата Мини и Макси ја изненади прекрасната Тања Ѓоргиевска од Скопје со роденденски подарок BMW X1.

Државна лотарија додели уште еден убавец BMW X1 од инстант лоз Мини и Макси пред салонот на М - Кар каде што Марјана Станојковска ги додели клучевите на  добитничката, а ние имавме можност да ја слушнеме нејзината среќна приказна.

Тања ни призна дека секогаш била скептична за игрите на среќа, но со оглед на тоа дека нејзиниот сопруг редовно купува инстант лозови, се одлучил за специјално дизајниран коверт Среќа Плус и  5 лоза Мини и Макси купени од различни продажни места како роденденски подарок за неговата сопруга.

Не верувајќи дека токму таа може да стане сопственик на еден од атрактивните автомобили, Тања го замолила сопругот да ги провери инстант лозовите дали се добитни. Трите симболи на BMW X1 на лозот донеле неизмерна среќа во домот на семејството Ѓоргиевски.

bmw4

Со клучевите во рака, Тања се пофали дека на среќата и возбудата им нема крај и во иднина ќе верува повеќе во својата среќа затоа што никогаш не се знае кога ќе се насмее.

Среќа Плус е потврда дека на Вашите сакани можете убавите мигови да  им ги направите уште поубави и посреќни со дарување инстант лозови.

(0 гласови)

Најмалку 33 турски војници се убиени во вчерашните воздушни напади на просторот на северозападната сириска провинција Идлиб.

Засега не е познато колку војници се ранети, но според неофицијалните информации, станува збор за стотина повредени турски војници и турските болници веднаш преку границата се преоптоварени.

Станува збор за голема ескалација која може да предизвика нова бура на Блискиот исток и турска инвазија на Сирија, нешто што турските власти веќе подолго време се закануваат дека ќе го направат, а сега оваа ситуација веројатно ќе ја искористат и како цврст аргумент.

 

Во овој момент не јасно кој точно стои зад воздушниот напад, сириските или руските воздушни сили. Турција тврди дека станува збор за воздушни напади изведени од сириското воено воздухопловство, но некои извори, неофицијално тврдат дека во нападот учествувале и руски авиони.

Силниот удар на турската армија ѝ е зададен во моментите кога тие им помагаат на екстремистите ги ја вратат контролата над териториите кои неодамна ги зазеде сириската армија, посебно кај градот Саракеб кој се наоѓа на стратешкиот автопат М5.

 

После воздушните напади, турската армија веднаш возвратила: „Удривме на сите познати позиции на сириската војска во Идлиб“.

Истовремено додека траат кризните состаноци во Турција, слободно може да се каже дека ова е најопасната ситуација досега, затоа што од Анкара веќе ги контактирале сојузниците од НАТО Алијансата барајќи директна помош и вклучување на најмоќниот воен сојуз во војната која се разгорува.

(0 гласови)

Албанија ризикува повторно да стане „европска Северна Кореја“, изјави албанскиот претседател Илир Мета.

Тој во интервју за „Еуроњуз“ ја обвини владата предводена од премиерот, Еди Рама, дека ја узурпира секоја независна институција и станала еднопартиски режим.

Албанскиот претседател тврди дека води битка за демократија и негира дека станува збор за лична борба за моќ со премиерот Рама.

„Како можам да се издигнам над партиската политика, кога имаме целосно заробување на државата од страна на владејачкото мнозинство во Албанија, кога тие контролираат сè“, рече Мета.

„Денес, за жал, живееме во еднопартиски режим, под закана да се вратиме 30 години назад кога бевме Северна Кореја во Европа“, рече Мета.

„Еуроњуз“ потсетува дека Мета повика на антивладини протести во Тирана на 2 март, додека Рама почна постапка за отповикување на претседателот во врска со обидот на Мета да ги откаже минатогодишните локални избори.

извор: Makfax

(0 гласови)

Турција веќе нема да ги спречува сириските бегалци да стигнат до Европа, изјави висок турски функционер, како одговор на Анкара на убиството на 33 турски војници во воздушниот напад на сириските владини сили во северозападниот регион Идлиб, јавуваат медиуми повикувајки се на Ројтерс.

Претседателот Таип Ердоган одржа итен состанок за нападот во Анкара во текот на ноќта, додека министерот за одбрана Хулуси Акар и командантите на турските сили водеа операции во Сирија на турската граница, соопшти државната новинска агенција „Анадолу“.

Турција одлучи веднаш да ја отвори својата јужна граница со Сирија и да им додели на сириските бегалци бесплатен премин во Европа за следните 72 часа. Висок турски официјален претставник изјави дека сириските бегалци кон Европа нема да бидат запрени ниту на копно ниту на море

Околу еден милион цивили се раселени во близина на турската граница од декември, кога сириските владини сили поддржани од Русија зазедоа територија од сириските бунтовници поддржани од Турција, што претставуванајтешка хуманитарна криза во деветгодишната војна.

Во очекување на нов бран бегалци од Идлиб, на турската полиција, крајбрежната стража и граничните безбедносни службеници им е наредено да не го попречуваат преминот преку копно и море на на бегалците, изјави турскиот официјален претставник за Ројтерс.

„Решивме…да не ги спречиме сириските бегалци да стигнат до Европа по копно или море“, рече официјалниот претставник, кој побара анонимност.

„Сите бегалци, вклучително и Сиријците, сега се добредојдени да преминат во Европската унија“.

Турција е „домаќин“ на околу 3,7 милиони сириски бегалци и постојано повторува дека не успева да се носи со тој товар.

Според договорот од 2016 година, Европската унија обезбеди милијарди евра помош за Анкара да се согласи да го спречи приливот на мигранти во Европа.

(0 гласови)

Властите во Кина објавија за 327 нови случаи на заразени со новиот коронавирус во изминатите 24 часа, како и за 44 лица починати. Така, вкупниот број заразени лица достигна 78.824 и починати – 2.788 лица, соопшти денеска Државниот комитет за здравство на Кина.

Новите случаи во Кина се 100 помалку од претходниот ден.

Според властите, 36.117 лица биле целосно опоравени и пуштени од болница додека 39.919 лица остануваат во болниците. Состојбата на 7952 од нив е исклучително тешка.

Прв случај на заразен со Ковид-19 е регистриран во Белорусија и на Нов Зеланд.

За прв случај соопштија и властите во Литванија.

Германија го затвора времено Амбасадата во Јужна Кореја каде се регистрирани над 2.200 заразени со новиот коронавирус.

Нигериските власти денеска соопштија за потврден случај на заболен од новиот коронавирус, прв во субсахарска Африка.

(0 гласови)

Воената предност на САД во светот е поткопана, додека Кина и Русија ги зајакнуваат своите капацитети во оваа област, изјави американскиот генерал Марк Мили.

Генералот тоа го изјави на сослушувањето во Претставничкиот дом при американскиот Конгрес и објасни дека војската на САД и натаму е подготвена да ја заштити земјата, да ги поддржи сојузниците и да води војна со било кој потенцијален противник.

„Меѓутоа, нашата конкурентска предност е поткопана и никој не треба да се сомнева во тоа. Кина и Русија ги зајакнуваат своите воени потенцијали за да ги надминат САД и нивните сојузници и да обезбедат свое влијание во целиот свет“, призна Мили.

Претходно, американскиот министер за одбрана Марк Еспер во пишана изјава до Претставничкиот дом изјави дека Вашингтон е загрижен од тежнеењата на Русија за доминација.

 

Според неговите зборови, неодамнешната демонстрација на хиперсонично оружје „ги потврдува причините за стравувањето од растечкиот воен потенцијал на Москва“.

Амбасадорот на Русија во Вашингтон, Анатолиј Антонов на свечениот прием по повод Ден на бранителите на татковината, изјави дека Русија не сака трка во вооружување, ниту воена доминација, но нејзините вооружени сили претставуваат важен фактор за меѓународната безбедност.

Top