Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба повторно да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет" Бојан Јовановски – Боки 13, кој се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје.

Ова е втор исказ на Јовановски за случајот „Рекет". Бојан Јовановски – Боки 13 на 15 јули годинава беше приведен на распит во Обвинителството заедно со второосмоничениот Зоран Милевски.

По неколкучасовниот распит Јовановски беше изведен пред Суд, каде на барање на Јавното обвинителството му беше одредена мерка притвор.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, која исто така, се наоѓа во притвор како третоосомничена исказ ќе дава во вторник.

Во случајот „Рекет" што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се  Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор. 

Невремето со интензивни врнежи од дожд што попладнево го зафатија Охрид, предизвикаа поплавување во стариот дел на градот, а најмногу на улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ кои се сметаат за критични при поголеми врнежи.

Дождот повторно ги исфрли на површина проблемите со одводот и канализациската мрежа.

 

На улицата „Марко Несторовски“ во месноста Горна Влашка Маала во Охрид денес започна уривањето на првата дивоградба за која претходно било издадено решение за уривање.

Пред објектот била поставена и жолта лента од страна на надлежниот инспекторат, меѓутоа лентата била скината, а потоа било продолжено да се гради нелегалниот објект. Според извори на „А1он“, изведувач на градбата на нелегалниот објект е компанијата „НЕФИ ИК“ во сопственост на функционерот во ДУИ и советник во Општина Охрид, Нефи Усеини.

Спорната куќа моментално се урива во присуство на полиција, а пред неколку дена на истата локација беа уапсени градежни работници кои што работеле иако јасно била истакната жолтата лента за забрана за градба.

Инаку, во Охрид има над 1076 дивоградби, од кои само во заштитеното подрачје има 409. Меѓу нив е и пицеријата „Луна“ на Усеини која што како дивоградба е изградена веднаш спроти познатиот „Чинар“.

Инстант лотаријата на Државна лотарија во период од неполни 10 години понуди 41 серија лозови со вкупен фонд за добивки од близу една милијарда денари

Г-ѓа Гурга Георгиева - е пример за редовен играч кој со радост се согласува за објава по остварена добивка, во прилог на транспарентноста

Скопје, 19.09.2019. Денес на покана на Државна лотарија, г-ѓа Гурга Георгиева ги посети нашите простории и пред камера ја раскажа својата приказна од која пренесуваме дел во ова соопштение.

Поттикнати од интересот на дел од медиумите за објавуваните добивки освојувани на инстант лотарија од страна на г-ѓа Гурга Георгиева, во тек на последните пет години, а во прилог на точно и комплетно инфомирање, во согласнот со г-ѓа Гурга Георгиева која е еден од нашите најверни играчи на инстант лотарија, но една од ретките кои ја разбираат потребата од транспарентност, подолу даваме поцелосен осврт.

Г-ѓа Гурга Георгиева, во семејството на среќни добитници на нашата инстант лотарија, се придружи од 2014та. Со неа и нејзиниот сопруг имавме задоволство да се запознаеме во декември 2014та кога освои една од 10те премии Голф 7 на инстант лозот Седма Брзина.

Г-ѓа Гурга долги години живеела во Швајцарија, каде инстант лотаријата ја играла од забава. Гребењето инстант лозови и станало дел од секојдневието, па по пензионирањето и враќањето во својата земја, го зголемила обемот на купување инстант лозови, како што вели, заради многу поприфатливите цени на лозовите кај нас.

Во овие пет години имавме бројни средби со неа, лично ги посетува речиси сите наши промоции во Струмица и цела источна Македонија и не пропушта да дојде и на поголемите промоции во Скопје. Инстант лозови, покрај во Ново Село и Струмица, купува и во Штип, Велес, Скопје и во Прилеп каде оди во посета на кумовите. Во нејзината ташна секогаш има лозови и кога во болница го чекала породувањето на својата снаа и кога чека по ародроми и кога оди на гости. Нејзината пасија кон инстант лотаријата оди до таму што порачува по сопругот, пријатели и такси возачи од Ново село да и купуваат лозови од различни градови низ нашата земја. Никогаш не купува помалку од по 200 лозови дневно и никогаш добивките од по 5.000 денари и помалите не ги зема во пари туку во лозови. Воедно не пропушта свадба, или друг позначаен настан без да подари инстант лозови, кои ги пакува во убави букети. При нашите средби ни е посебно интересен соговорник, самата вели дека не знае колку точно средства инвестира во купување инстант лозови, но според нејзините кажувања, со инвестициите и добивките е горе долу на исто. Гурга вели дека инстант лотаријата и е главна забава и нема ден без купување лозови а во гребењето и помагаат и домашните и пријателите и соседите.

Ако редовно игра од 2014 година до денес или 5 години по 365 дена и купува минимум по 200 лозови дневно, а како што вели таа, купува некогаш и повеќе не пропуштајќи да купува во недела, може да претпоставиме дека вложува сериозно голема сума парични средства во инстант лотаријата. Во соласност со политиката за одговорно играње, ова не е наша препорака, но станува збор за нејзин избор.

  

 

Во тек на овие неполни 10 години приредување игри на среќа веќе имаме портфолио на верни играчи и чести добитници, но за сега, Гурга е единствениот наш редовен играч и чест добитник на инстант лотарија кој се согласил на фотографирање и јавни објави.

На рекциите во веб порталите и на социјалните медиуми, за бројот на добивки кој го освојува, таа порачува, да инвестираат сите како неа, добивки има за сите.

Од кога г-ѓа Гурга се вклучила во нашата инстант лотарија од 2014та до сега имаме близу 30 видови пласирани лозови со вкупен број од 177 премии, од кои 67 возила и 110 парични премии (+ 365 електрични тротинети и 40 смартфони), покрај другите бројни парични добивки.

Од вкупниот број на премии во тек на пет години, г-ѓа Гурга освоила вкупно две возила, четири парични премии и еден смартфон. Воедно има освоено и други парични добивки од втора, трета и пониски категории.

Поголеми освоени добивки по хронолошки редослед од 2014та до септември 2019та:

На лозот Подарок - прва добивка, во 2014та, освои една од 30те премии од 60.000 денари;

На лозот 7ма брзина, освои еден од 10те возила Голф 7;

На лозот Среќни коцки освои една од 5те премии од по 1.000.000 денари;

На лозот Детелинка, освои една од 20те добивки од по 100.000 денари,

На лозот Дијамант (серија 1 и 2), освои една од 38те добивки од 150.000 денари,една од 45те добивки од 50.000 денари, една од 55те добивки од 10.000 денари

На лозот Златна рипка (серија 1,2, 3, 4 и 5), свои една од 75те добивки од по 50.000.

На инстант лозот Паркирај Хибрид, освои еден од 10те возилата Тојота Аурис Хибрид;

На лозот Среќен роденден освои еден од 40те смартфони;

На лозот Златна треска освои една од 5те премии од 585.000 денари;

На лозот СЕФ (серија 1, 2 и3) освои една од 9те премии од 600.000 денари;

Како што рече самата, најдрага добивка до сега и е возилото Тојота Аурис Хибрид, а приматот на омилен лоз од сега ќе го има инстант лозот Аладинова ламба.

На г-ѓа Гурга сме и благодарни што се согласуваше за фотографирање и објава при подигање на добивките, за разлика од бројни добитници кои не се согласуваат ниту иницијалите да им ги објавиме. Се надеваме дека реакциите на дел од јавноста, нема да ја обесхрабрат да се повлече и да бара анонимност.

Државна лотарија работи согласно Законот за заштита на личните податоци и објавувањето на добитниците е исклучиво по добиена писмена согласност од добитникот. Благодарни сме на сите членови на семејството на среќни добитници на нашите игри на среќа, кои се согласуваат на објава, но за жал, се уште голем дел од добитниците, посебно на парични добивки, го задржуваат правото на анонимност, што не е во прилог на трансарентноста. Необјавувањето покрева коментари и се создава неоправдана недоверба. За жал овој пат дел од јавноста неоправдано упатуваше критики на сметка на транспарентноста.

Како Државна лотарија која е одговорен приредувач на игри на среќа, од исклучителна важност ни е транспарентноста. Игрите на среќа ги приредуваме за да овозможиме забава и добивки за сите кои ќе се вклучат во игра. Интензитетот на играње го одредуваат самите играчи, согласно нивните желби и можности. Инстант лотаријата за г-ѓа Гурга е пред се начин на забава кој согласно нејзините зборови, секојдневно го практикува, сака и може да си го дозволи, а како што изјави, за неа гребењето има терапевтско дејство.

Г-ѓа Гурга Георгиева е доказ дека кој игра, тој добива.

Подолу даваме осврт за темата инстант лотарија на Државна лотарија.

Инстант лотаријата е вид на фондовска игра на среќа која нуди можности за освојување добивки, не награди, бидејќи не се работи за наградна игра, туку за игра на среќа во која се обезбедува учество во играта за забава и добивки. До сега пласираните лозови се во вредност од 30 до 80 денари, од кои во фондот за добивки се оддвојуваат околу 64% , додека 4% од вредноста на лозот се наменети за инвестирање во републичкиот буџет за општествено корисни цели.

Државна лотарија од почетокот на приредување на игри на среќа, од 23ти април 2010та година, пласираше вкупно 41 серија лозови од кои 37 серии инстант лозови, каде добивката се дознава со гребење и 4 серии експрес лозови, каде добивката се дознава со кинење.

Вкупниот фонд за добивки во до сега пласираните инстант лозови изнесува 997.151.080 или близу милијарда денари пласирани добивки во неполни десет години, вклучително и актуелните кои се во моментов на пазарот. Фондот на добивки за секоја посебна серија се распределува по категории добивки од најмалата, која најчесто е во иста вредност со лозот, до премијата, која може да биде парична или стокова добивка. Видовите премии се избираат врз основа на анализи и истражувања на очекувањата на играчите и моменталните трендови. Видовите на до сега пласирани парични премии по лозови се од 30.000 до 1.000.000 денари. Кај лозовите со премии стокови добивки имаме голема разновидност, која се заснова на актуелноста на стоковата добивка. До сега низ понуда на премии пласирани се вкупно 605 стокови добивки од кои 35 скутери, 40 смартфони, 365 електрични тротинети и 165 возила од различни брендови и типови: Ланчиа Делта, Сеат Леон, Голф 6, Поло, Голф 7, Пасат, Рено Твинго, Цитроен Ц1, Тојота Аурис Хибрид, Киа Спортаж, Џип и најновите пласирани се Мини Морис и Бе Ем Ве Х1.

Ги замолуваме сите наши играчи меѓу кои и играчите на инстант лоатрија, да се согласуваат на фотографирање и објава, по примерот на г-ѓа Гурга Георгиева, заради транспареноста и негувањето на довербата.

Кој игра тој добива

 

Шефот на македонската дипломатија синоќа во соочувањето со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски порача дека власта ќе се пресмета со подземјето после одлуката за добивање на датум за преговори со ЕУ.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров уште еднаш нагласи дека на никаков начин не е вмешан во случајот „Рекет“.

„Обидот со лаги да ме извалкате или да ме „пикате“ во „Рекет“ е безобразен. Јас немам милиметар со таа приказна“, рече Димитров и потоа најави дека после одлуката за датумот за преговор со Европската унија, Владата ќе започне пресметка со подземјето, но и со скандалите околу „бомбите“.

„Планината што доаѓа по датумот за преговори е токму да се справиме со оваа грозна спрега на подземјето. Тоа што излезе од бомбите го немаме сериозно чепнато и ќе го чепне оваа власт“, порача Никола Димитров.

Меѓу другото, министерот Димитров истакна дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и создава конфузија кај народот во Македонија, наместо суштински да се заложи за земјава да добие датум за преговори.

Од друга страна, Николовски порача дека се надева на позитивни вести во врска со одлуката за добивање на датум, но исто така нагласи дека моментално има доза на резерва поради однесувањето на владата.

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време.

Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот.

Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годиешн одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот регрес.

Во случај кога работникот е пријавен на цело работно време (40 часа неделно), му следуваат најмалку 20 работни дена гоидшен одмор, односно најмногу 26 работни дена (член 137, став 1 и став 2) и исплата на целиот износ за регрес.

Регресот за годишен одмор се исплаќа до крајот на работната година (31.12), а неговиот минимален износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето плата по вработен исплатена во последните три месеци.

За работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Повеќе од 300 лица се убиени во последната деценија во судири на банди поради користење на земјиште и ресурси во Амазонија.

Станува збор за банди кои се поврзани со организации кои што профитираат од огромното илегално сечење на шумите во бразилска Амазонија, објавија од организацијата "Human Rights Watch".

Од целата „војна“ која што се води во Амазонија, само 14 случаи завршиле на суд, објавија од непрофитната организација во нивниот голем извештај кој се темели на 170 интервјуа.

„Тоа навистина покажува колкаво е нивото на неказнување. Истрагата и одговорноста навистина потфрлиле“, изјави Цезар Муњоз од "Human Rights Watch" за британската новинска агенција „Ројтерс“.

 

Околу 60% од амазонската прашума која што се смета за клучна во борбата против климатските промени се наоѓа во Бразил. Оваа година во Бразил порасна уништувањето на прашумата, откако Амазонија беше зафатена од најголемиот број на пожари од 2010-та година.

Од "Human Rights Watch" посетиле неколку бразилски сојузни држави од 2017-та до првата половина на 2019-та година и во објавениот извештај е наведено дека речиси половина од убиствата се поврзани со илегалната сеча на шума во северната сојузна држава Пара.

 

Во градот Ново Прогресо во Пара, тамошните обвинители сметаат дека координирана група на 10-ти август намерно подметнала пожари во прашумата.

Поранешната министерка и претседателска кандидатка Марина Силва изјави дека извештајот е доказ за заостанувањето на Бразил во врска со сочувувањето на околината, додека пак од канцеларијата на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро одбија да дадат коментар за извештајот на "Human Rights Watch".

Капитенот Никола Ѓоргиев одигра уште еден брилијантен натпревар и беше вистински лидер во триумфот над Словенија со што се ставивме во позиција да можеме да се пласираме во осминафиналето на Европското првенство.

По дуелот во „Стожице“, Ѓоргиев неколкупати посочи дека срцето му е полно, односно дека сака да заплаче, ама нема солзи од замор. Поради ова популарниот Кинг Нико одлучи да ги искористи социјалните мрежи каде испрати една кратка, ама емотивна порака:

-За мојата земја, за мојот народ, за Македонија. Гази Македонија, -порача капитенот.

Прес-службата на Северната руска флота извести вчера дека е започната инсталацијата на системите за против-воздушна одбрана „С-400“ на рускиот архипелаг на Арктикот - Нова Земја.

Русија во последните години ги интензивираше воените, трговските и истражувачки активности на Арктикот со изградба на транспортни и енергетски постројки, како и развој на Северниот морски пат како дел од североисточниот премин кој ја поврзува Европа со Азија.

„Против-ракетниот полк на Северната флота е поставен на островот Јужни во архипелагот Нова Земја и целосно е опремен со новите системи „С-400“. Новите системи на против-воздушна одбрана ја прошируваат воздушната зона која ја контролира нашата војска“, стои во соопштението на руската армија.

Некои земји, вклучувајќи ги Соединетите Американски Држави ја критикуваат зголемената воена активност на Русија во овој регион. Одговарајќи на критиките, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не се заканува на никого, туку тоа е само гаранција за одбраната на земјата.

Во обидот да се избегнат конфликтите на Арктикот, главните сили во регионот - САД, Канада, Данска, Финска, Исланд, Норвешка, Шведска и Русија основаа Арктички совет, форум за меѓувладина соработка на кој на секои шест месеци се состануваат официри, а на секои две години се состануваат и министрите на земјите.

Русија ја зајакна својата моќ во Арктичкиот регион и воспостави контрола над клучните поморски патишта, додека пак Кина исто така вложува напори за влез во регионот, зголемувајќи го своето воено присуство.

Сфаќајќи ја важноста на регионот, американски Пентагон планира да спроведе вежби и да формира експедициски групи на маринци способни да делуваат во арктичко опкружување, како и да го зголеми партнерството со сојузниците во одбрана на важните поморски патишта во регионот.

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиони евра, нема ништо реализирано, а објавена e само една јавна набавка за која сè уште нема склучен договор, во висина од 439 илјади евра за замена на греење во јавни објекти, велат од О2 Иницијативата.

При тоа, додаваат од таму, пренаменети се средства од оваа програма за гасификација на болницата во Струмица, што требаше да се направи независно.

„Макрадули и самиот потврдува дека има пренамена на средствата, затоа што не направиле веб платформа за следење на имплементација на Планот за чист воздух и не направиле кампања во врска со различните облици на аерозагадување. Она што заборавил да додаде, е дека не е направен ниту план за замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинства и јавни објекти во најзагадените градови. Планираните средства за изготвување на потребните законски измени и правилници исто така се тргнати“, велат од О2 Иницијативата.

 

Тие истакнуваат дека на прес-конференцијата минатата недела, заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, објавил дека ќе бидат набавени инвертери, топлински пумпи и сл. за домаќинства и јавни објекти во вредност од 64 милиони денари во сите општини кои се пријавиле, не само во најзагадените, како што стои во Програмата. А во неа, додаваат таму, првично стои дека за таа цел треба да се наменат 69 милиони, за да со изменета пред две недели станат 74.5 милиони.

„Поради пренамената, пак, пред недела дена на 5 милиони за гасификација на струмичката болницата, треба да има 69.5 милиони за таа цел, а не 64. На крај, јавна набавка до денес е објавена само за 26.76 милиони за измена на начинот на греење во јавни објекти, а таму ги нема Битола, Тетово, Куманово, Кичево, Струмица, Велес, Гостивар, Аеродром, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Кисела Вода, најзагадените општини. Хаос. Нема никаква дилема и јасно се гледа дека на брзина менувале и одлучувале, без потпирање на вистински анализи и планови. Инаку, во годишниот план на Владата јавните набавки биле планирани да се спроведат во текот на март и април, сега ќе слушавме за нивната реализација“, велат од О2 Инцијативата и истакнуваат дека од програмата за намалување на аерозагадување за оваа година, сè останува на ќе, на прагот од грејната сезона и само три и пол месеци до крајот на 2019.

Покрај долгата низа на ќе активности од Програмата за 2019, додаваат од таму, поразително е што Макрадули изјавува дека ова е прва зима каде што борбата со аерозагадувањето започнала летово. Од таму велат дека борбата против аерозагадувањето требало да започне со првиот ден од формирањето на оваа Влада и да не престане. Ваква изјава, додаваат од О2 Иницијативата, при крај на мандатот, само ја дава вистинската слика за тоа како оваа Влада (не) се справува со аерозагадувањето.

„Важно упорно се лиферува бројката од 20-ина милиони евра кои другите институции ги намениле за намалување на аерозагадувањето, иако таа сума ја наведуваа првично за заштита на животната средина. Кога ќе ги прашаш на што се планирани, потрошени тие 20-ина милиони евра, одговор нема. Ни МЖСПП, ни министерството за финансии, ни Макрадули, ни Заев, никој. Ама важно бројката се врти, кружи. Ефектот од звучноста на бројката во јавност е важен, не вистинската борба против аерозагадувањето и вистинско одвојување на потребните средства таму каде се неопходни. Каква е таа отчетност, транспарентност кон граѓаните? Декларативна само, не суштинска. Зошто суштината е шуплива, не е за јавност“, велат од О2 Иницијативата.

Од таму потсетуваат дека Макрадули во ноември минатата година, кога го презентирал Планот за чист воздух, кажал дека ќе се набават комплетно нови инструменти за сите постоечки 18 мерни станици во 2019 година.

„Еве сме на крај од септември 2019 и нема податоци од 19 инструменти од 13 станици, за поставување на нови и не станува збор. Тој задоволен изјавува дека овој план за 2019 го исполниле. За него исполнување е „ќе“, измените на Програмата за 2019 три месеци пред крај, неисполнетите редица активности од Планот за чист воздух, нереализираните донации од донаторската конференција, немањето забрана за користење на јаглен, немањето закон за индустриски емисии, немањето потребни контроли на загадувачите, неисправните мерни инструменти, немањето јавен превоз кој нема да загадува, дивите населби и горењето кабли секојдневно, палењето отпад насекаде, на ниви, диви и градски депонии, итн. Да беше ова во приватна компанија, наместо државно министерство, до сега многу сликовито ќе му објаснеа дали е ова исполнување на планираното или дебакл од неисполнување“, велат од О2 Иницијативата.

Top