(0 гласови)

Британската министерка за здравство, Надин Дорис, заболе од коронавирус, објави лондонски „Тајмс“. Како што се наведува, Дорис, која се разболела во петокот, а вчера ѝ било констатирано дека боледува од коронавирус, сега е во изолација и заздравува.

„Тајмс“ додава дека таа во последните денови се сретнала со стотина луѓе и дека била на прием со премиерот Борис Џонсон.

Министерката преку соопштение навела дека веднаш штом ги дознала резултатите ги презела сите пропишани мерки и се самоизолирала дома.

Во Велика Британија досега починаа шест луѓе од коронавирус, а заразени се 382. Последното лице кое почина е маж на околу 80 години.

Британската министерка не е единствена меѓу високи државни претставници кои се заразени со коронавирус. И францускиот министер за култура, Франк Ристер (46), е заразен и добро се чувствува.

Министерот за внатрешни работи на Германија, Херст Зехофер, е во доброволен домашен карантин, исто така и португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса.

(0 гласови)

Британските медиуми пренесуваат дека Велика Британија наскоро би можела да се најде во иста ситуација во која моментално се наоѓа Италија - земја која од вчера навечер де факто е во карантин.

Научник за „Дејли Мејл“ изјави дека Велика Британија би можела да се најде во иста ситуација. Во Велика Британија моментално има 321 потврдени случаи на коронавирус, а досега починаа пет лица.

Високо позициониран функционер од британската влада задолжен за ресорот здравство, призна дека „повеќе илјади“ Британци ќе бидат заразени со коронавирусот, а докторот Адам Кеј исто така порача дека за најмногу две седмици Велика Британија ќе наликува на Италија.

 

Доктор Франсис Балукс, професор по биологија на лондонскиот универзитет "UCL", изјави дека динамиката на ширење на вирусот во Велика Британија е иста како таа на северот од Италија. „Со тоа што северна Италија е две до три седмици пред Велика Британија. И Велика Британија би можела да се соочи со масовниот карантин кој ја турна Италија на колена“.

Професорот Марк Хендли, научник при "UCL" објави на Твитер и графички приказ на динамиката на ширење на коронавирусот во Велика Британија, Германија, Франција, Шпанија, САД и Швајцарија кој покажува дека динамиката на ширење е практично иста како и таа во Италија.

View image on Twitter

Хендли вели дека бројот на заразени во споменатите земји се зголемува за околу 33% и додава дека „за 9 до 14 дена сите ќе бидат како Италија“.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатата седмица изјави дека Франција се движи кон епидемијата на коронавирусот: „Постои момент кога сите знаеме дека епидемијата е неизбежна“, порача Макрон истиот ден кога член на францускиот парламент беше хоспитализиран поради коронавирусот.

 

(0 гласови)

Во светот вкупниот број на заразени од коронавирус надмина 119 илјади. Повеќе од 4.200 луѓе умреле како последица на респираторниот вирус, а повеќе од 66.000 закрепнале.

Во Европа состојбата е најлоша во Италија, каде што само вчера починале 168 лица. Со тоа вкупниот број на жртви се зголеми на 891, додека вкупниот број на заразени надмина 10.000.

Инфекцијата со коронавирус од Италија се пришири во речиси сите европски земји, а кај нас засега има регистрирано седум случаи.

Сепак, во две европски земји и натаму нема пријавено инфекција со коронавирус.

Откако вчера Турција го пријави првиот случај, заразени со коронавирус нема само во две други земји кои се многу блиску до нашите граници.

Станува збор за Црна Гора и Косово, кои се единствени во Европа каде сè уште нема ниту еден инфициран.

Иако досега не се пријавени случаи на инфекција во Црна Гора, црногорските здравствени власти воведоа строги превентивни мерки, кои вклучуваат забрана за патување во најпогодените земји, како и пристигнување на патници од тие земји.

Во Косово луѓето се советуваат дека треба да избегнуваат ракување, прегратки, како и непотребно движење надвор и јавни собири.

(0 гласови)

Во Србија се потврдени нови седум случаи на коронавирус, така што бројот на заразени порасна на 12, соопшти утрово Министерството за здравство на Србија.

Од последниот извештај, синоќа во 18 часот, до утрово во 8 часот, тестирани се примероци на 13 лица, од кои седум биле позитивни и шест негативни на коронавирус. До денеска во 8 часот во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак тестирани се вкупно 130 лица, кои ги исполнувале критериумите за дефиниција на случаите.

Од новите седум случаи, пет се поврзани со две женски лица, за кои вчера беше утврдено дека се позитивни по директен контакт со државјанка на странска земја, која неодамна престојувала во Србија, а за која е утврдено дека е позитивна на Ковид-19, по враќањето во нејзината држава. Српските медиуми пренесуваат дека вирусот дошол во Србија од Германија, Швајцарија и Италија.

Српското министерство за здравство апелира до граѓаните и ги потсетува, на значењето од личната одговорност во вакви ситуации, бидејќи со овие примери се потврдува дека поединци глатко ги сфатиле предупредувањата и препораките на експертите, дека кога ќе им се јават симптоми да не одат во затворени простории и меѓу луѓе.

Во 11 часот е најавен состанок на државниот врв на Србија со претставници на сите служби, кои се ангажирани во борбата против коронавирусот во земјата.

(0 гласови)

Градинките, училиштата и универзитетите ќе бидат затворениво наредните 14 дена, ја прифати Владата препораката на Комисијата за заразни болести. Ова се дел од дополнителните мерки за справување со коронавирусот, дознаваме од владини извори.

Комисијата за заразни болести препорача заострување на мерките, забрана за масовни собири на отворено и затворено, на сите културни настани, а спортските настани да се одвиваат без публика.

Се воведува задолжителна самоизолација на сите лица, кои доаѓаат од високо и средно-ризичните држави во период од 14 дена.

Се препорачува избегнување на патување во земји со висок и среден ризик. Се препорачува на возрасните и повисоко ризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз.

Вработените во јавните здравствени установи, кои се ангажирани за потребите на изборниот процес да бидат изземени од натамошно учество и да бидат заменети со други лица.

Тие што не ги почитуваат и ги прекршуваат препораките ќе бидат казнети согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик.

(0 гласови)

Премиерот на Холандија, Марк Руте ги повика граѓаните да престанат да се ракуваат за да помогнат во борбата против ширењето на коронавирусот, но потоа веднаш го прекрши новото правило.

По обраќањето пред новинарите, Руте се сврти и со ентузијазам ја стисна раката на Јап Ван Дизел, директорот на холандскиот Центар за контрола на болести кој исто така присуствуваше на конференцијата.

Ван Дизел веднаш укажа на неговата грешка, а Руте само се насмеа. Претходно, холандскиот премиер предложи други начини на поздравување.

„Можете да се допрете со стапалата или со лактите, што и да ви падне на памет. Од денес престануваме да се ракуваме“, изјави холандскиот премиер изјави Марк Руте.

Во Холандија до текот на вчерашниот ден беше потврден 321 случај на заразени од коронавирус.

 

(0 гласови)

Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку Facebook профилот на Министерството упати апел за заштита на јавното здравје.

Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува. Затоа повторно апелирам:

-Доколку сте биле во некој од ризичните региони во северна Италија, останете во самоизолација 14 дена. На тој начин го штитите своето семејство и своите сограѓани. Доколку за време на изолацијата почуствувате симптоми, контактирајте го локалниот центар за јавно здравје.

-На властите, на граница или на медицинските лица кажувајте им исклучиво точни информации. Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас, ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество.

-Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките кои во изминатите 14 дена активно ги комуницираме.

(0 гласови)

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе го посети Вухан, епицентар на епидемијата со новиот коронавирус, за првпат по избувнувањето на епидемијата кон крајот на минатата година.

За време на посетата во Вухан, Си ќе има средби со медицинскиот персонал, војниците, работниците во заедницата, полициски службеници, локалните власти и волонтери кои се борат против епидемијата, како и со пациенти и жители на градот.

(0 гласови)

Загриженоста поради коронавирусот се одрази и на пазарот на капиталот ширум светот, на кој само во последниов месец милијардерите изгубија над 100 милијарди долари во акциите на компаниите.

Шефот на „Амазон“ - Џеф Безос, изгуби 7 милијарди долари само во текот на една од синоќешните трговски сесии на берзата, а во последниот месец како последица на падот на акциите “посиромашен“ е за над 18 милијарди долари, известуваат од Си-ен-ен.

Главниот директор на „Тесла“ - Илон Маск, кој на својот Твитер профил напишал дека “паниката поради коронавирусот е глупост“, на берзата преку ноќ “изгорел“ околу 4 милијарди долари богатство во акции.

 

Со тоа неговиот губиток на пазарот за еден месец пораснал на повеќе од 12 милијарди долари.

Сепак најголемиот удар од вирусот Ковид-19 го добил шефот на „LVMH“ - Бернар Арно, кој во јануари со богатство од 110 милијарда долари станал вториот најбогат човек на светот.

Арно на берзата за една ноќ изгубил 6 милијарди долари, но со оглед на тоа што луксузната роба е многу “ранлива“ економски, акциите на неговата компанија од јануари опаднале за дури 24 отсто со што неговиот вкупен губиток за само два месеци изнеува 30 милијарда долари.

Поради тоа Арно на рангот на листата на најбогати луѓе на светот се враќа на третото место, заостанувајќи во однос на богатството од Бил Гејтс за над 20 милијарда долари.

 
(0 гласови)

САД и Русија останаа главни извозници во 2014-2019 година, иако обемот на продажба на оружје од Русија се намали во однос на 2010-2014 година, покажува извештајот на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ), пренесува ТАСС.

Во новиот извештај за состојбата со трговијата со оружје се забележува дека во 2015-2019 година обемот на трговијата се зголемил за 5,5 отсто споредено со претходниот петгодишен период (2010-2014). 

„Помеѓу 2010-14 и 2015-19 година, извозот на оружје од САД порасна за 23 отсто, зголемувајќи го неговиот удел во вкупниот глобален извоз на оружје на 36 отсто. Во 2015-19 година вкупниот извоз на оружје од САД беше за 76 отсто поголем од извозот на вториот најголем извозник на оружје во светот, Русија. Оружјето од САД отиде во вкупно 96 земји “, се вели во извештајот.

„Половина од американскиот извоз на оружје во изминатите пет години отиде на Блискиот Исток, а половина од него заврши во Саудиска Арабија. Во исто време се зголеми побарувачката за напредните воени авиони на САД, особено во Европа, Австралија, Јапонија и Тајван“, вели Питер Д. Везман, виш истражувач во СИПРИ.

Уделот на воениот извоз на Русија во изминатите 5 години изнесуваше 21 отсто од глобалниот обем, што е за 6 отсто помалку од периодот 2010-2014 година. Снабдувањето со руско оружје на Индија, главниот партнер на Русија во областа на трговијата со оружје, значително се намали – за 47 отсто во однос на претходниот период 2010-2014 година.

Top