Видео снимката на која се гледа како руските полицајци удираат млада жена во стомак предизвика бес во руската и светската јавност.

Највлијателните Руси на социјалните мрежи започнаа да ја споделуваат видео снимката на која може да се види како двајца припадници на руската интервентна полиција ја влечат Дарија Сосновскаја кон полициското возило.

26-годишната Сосновскаја се обиде да се ослободи, по што еден од полицајците ѝ удри тупаница во стомакот, по што репортерот кој го снимаше инцидентот саркастично го нарече рускиот полицаец „херој“.

Девојката е меѓу 200-те демонстранти кои во саботата беа приведени поради учествување на протестите кои според властите од Москва се илегални.

На протестот кој поради притисокот на јавноста на крајот беше одобрен, се проценува дека присуствувале 60 илјади граѓани и станува збор за најмасовниот протест во изминатите 8 години, одржан во моментите кога рускиот режим на сите начини се обидува да ја намали моќта на опозицијата во земјата.

 

Познатиот пејач Егор Крид ја сподели снимката од инцидентот на својот профил на Инстаграм со 10,7 милиони следбеници, а истото го стори и Сергеј Лазарев, исто така популарен пејач кој има околу 4 милиони следбеници.

Сосновскаја која што присуствувала на дозволениот протест, изјави дека била уапсена откако се пожалила дека полицијата апси демонстранат кој имал некаков вид на инвалидитет. Откако контроверзната снимка се појави на социјалните мрежи, познатиот адвокат за човекови права, Павел Чиков понуди награда од 100 илјади рубљи за идентификување на полицаецот кој ја тепа девојката.

Во тој град се изработуваат нуклеарни боеви глави, а се нарекува затворен затоа што има ограничен пристап за странски државјани.

Руската државна нуклеарна агенција „Росат“ по експлозијата соопштила дека експертите кои го тестирале моторот во нуклеарниот погон се починати, но не дала никакви дополнителни технички детали, освен тоа што испитувањето се одржувало на платформата на Арктикот, пишуваат од Би-би-си.  

Воочено е зрачење

По експлозијата во градот Северодвинск, кој се наоѓа на 40 километри источно од доменот на Њонокс, забележано е 40-минутен период на радијација. Градските служби соопштиле дека зрачењето во градот достигнало 2 микросиверти на час за потоа да се спушти на нормални 0.11 микросиверти. Големината на радијацијата е премала за да предизвика некаква радијациска болест.

Во експлозијата настрадале уште тројца инженери кои моментално се наоѓаат во болница.

За кое оружје станува збор?

Воени експерти од Русија и Западот сметаат дека тестирањето најверојатно било поврзано со крстаречка ракета на нуклеарниот погон - 9M730 Буревестник. Владимир Путин го опишал овој проект во говорот во рускиот парламент, а НАТО му дал и име SSC-X-9 Skyfall.

Но, можно е да станува збор и за експлозија од некој друг вид оружје, еднакво способно за носење на боеви глави. Можеби станувало збор за нова крстаречка ракета од рамките на „Zircon“ која според информациите на руската војска, може да лета со осумпати поголема брзина од брзината на звукот, а можеби станувало збор и за нов подводен беспилотен проектил „Посејдон“.

Резултат со слика за Five confirmed dead in explosion at military testing site in n

Радијација над Европа

Многумина кога ја прочитаа оваа вест си помислија на епизодата на руските власти за ширење на радијација по експлозијата во Чернобил. Но, засега можеме да бидеме мирни затоа што површината на радијацијата не е воочена никаде над Европа, пишуваат од „ New Scientist“.

Норвешката управа за зрачење и нуклеарна сигурност тврди дека не е забележано ништо необично, а британската мрежа за следење на зрачењето „ RIMNET“, известила дека нема дојави за други европски земји во кои има пораст на радиоактивно зрачење.

Вакво признание дава самиот автор Ларис Гајсер во последна видеоколумна објавена во денешното издание на весникот. Додава дека располагаат со уште аудио и видео снимки, како и документи за случајот, но во моментов се прават консултации со правници за нивно објавување.

"Службеници од македонската администрација кои биле загрижени ги предале видео и аудио снимките од случајот „Рекет“ на италијанскиот весник “Ла Верита“ кои изминативе четири дена објавува стории и материјали за скандалот кој ја тресе државата."

На снимките кои досега ги објави “Ла Верита“ се гледаат осомничените Боки 13 и Зоки Кичеец, како и бизнисменот Јордан Камчев, потоа се слушаат и разговори со специјалната јавна обвинителка во оставка, Катица Јанева.

Страшно невреме со торнада ги погоди Луксембург, делови од Холандија и Германија, каде што во покраината Баден-Виртенберг од удар на гром се повредени 15 фудбалери.

Громот удрил додека фудбалерите тренирале во петокот навечер во близина на спортскиот центар, изјавил портпаролот на полицијата, пренесуваат германските медиуми.

Играчите со старост помеѓу 19 и 48 години се здобиле со полесни повреди, а една личност на кратко се онесвестила. Сите биле пренесени во болница.

Од последиците на невремето се срушил циркускиот шатор во Некарслум, а во таа прилика некој коњ бил потешко повреден па морал да биде успиен. Околу 15 камили и коњи побегнале од циркусот, но набрзо се фатени.

Во заедниците Петинген и Каерјенг во Луксембург во торнадото биле повредени најмалку 19 луѓе, од кои двајца со потешки повреди. Силното невреме уништило и околу 100 куќи, пренесуваат од локалните медиуми.

Рушевини и оштетени автомобили можат да се забележат околу тоа подрачје.

Во источна Франција торнадото било нешто со послаб интензитет, но локалните медиуми пренесуваат дека крововите се уништени на околу десетина куќи и уништени автомобили.

Со ветрот кој достигнал јачина од речиси 130 километри на час, торнадото поминало низ градовите во близина на границата со Белгија и Франција во петокот навечер.

На снимките објавени на социјалните мрежи се забележуваат “бесните“ ветрови кои се издигнуваат над куќите и патиштата и како ги носат крововите и гранките од дрвјата високо во воздух.

Исто така се гледа и дека автомобилите се оштетени, а патиштата блокирани, додека пак медиумите пренесуваат дека во некои делови нема ниту струја.

За сега нема податоци дали има повредени во Франција.

Во Амстердам торнадото поминало низ централните градски улици. Ветрот носел сè пред себе, а граѓаните во паника бегале во засолништа.

За среќа таму никој не бил повреден, а пријавени се помали материјални штети.

Новинарот на „Ла Верита“, Ларис Гајсер, кој ги обелодени снимките од аферата „Рекет“ утрово објави видео колумна.

Во неа, главна цел на италијанскиот новинар со словенечко потекло се Европската унија и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Федерика Могерини.

Новинарот во колумната прашува зошто Брисел молчи за случајот со објавените снимки од разговорите меѓу Бојан Јовановски (Боки 13) и бизнисменот Орце Камчев. 

„Без разлика на летниот период, илјадници вработени во внатрешните служби на ЕУ, од кои 220 во делегацијата во Скопје, не успеаја да изнесат ниту еден институционален извештај со надеж брзо да се разјаснат фактите. Наредбата од Брисел да се молчи и да се избегнуваат дополнителни штети на имиџот сигурно била пренесена на кристално јасен начин“ вели авторот. 

Изразувајќи убеденост дека и натаму е можно да постои вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите, Гајсер прашува како Федерика Могерини може да молчи пред, како што вели, криминалната реалност. 

„Во 2015, токму ЕУ инсистираше за СЈО, што му нанесе многу штета на македонскиот народ. Денес, тие од ЕУ задолжително би требало да одговорат, особено на оние внатре во македонска администрација, коишто во изминатите месеци го ризикуваа животот помагајќи ни во објавувањето на материјалот, убедени дека сѐ уште е возможно да се има вистинска демократија базирана на информирано јавно мислење и контрола на политичарите“, пишува Гајсер. 

Инаку, Могерини е членка на италијанската левоцентристичка Демократската партија (ПД), која е главен ривал на десничарската националистичка партија Лига на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, на кој Гајсер е голем поддржувач. 

Ларис Гајсер е познат по своите екстремно десничарски ставови и по блискоста со лица од европската крајна десница.

Рускиот претседател Борис Јелцин пред 2 децении го именуваше својот четврти премиер за помалку од година и пол. Тоа беше релативно непознатиот Владимир Путин, тогашниот шеф на државната служба за безбедност „ФСБ“ со скромно политичко искуство.

Јелцин беше во заминување и бараше свој наследник, но малкумина можеа да поверуваат дека две децении подоцна Владимир Путин и натаму ќе владее со Русија и ќе биде еден од најдоминантните лидери во светот.

20-годишнината од власта на Путин во Русија се случува во период на неизвесност во неговото владеење. Поддршката на Путин и натаму е висока, но факт е дека опаѓа поради стагнацијата на руската економија и нарушувањето на ионака скромниот животен стандард кој го имаат мнозинството од Русите.

Во изминатиот период во Москва беа уапсени илјадници демонстранти во најголемите немири од враќањето на Путин во Кремљ во 2012-та година откако четири години беше премиер на земјата. Моментално 66-годишниот Путин се соочува со „сопствена драма“ во врска со неговиот наследник.

 

Според рускиот устав, ова е неговиот последен мандат, но после елиминацијата на политичката конкуренција (еден опозиционер беше убиен, друг е константно по затвори) и превземањето на контролата над медиумите, засега нема кандидат избран од народот кој би можел да го замени. Поради тоа, аналитичарите сметаат дека мала е веројатноста Путин да се повлече од власт и по завршувањето на неговиот мандат во 2024-та година. Рускиот устав веројатно ќе претрпи измени, а Путин ќе стане најдолговечниот руски лидер уште од озлогласениот диктатор Сталин.

Либералот Путин стана султан

Многу работи изгледале поинаку кога Путин за прв пат победи на претседателските избори после ерата на Јелцин.

„Русија и покрај сиромаштијата и проблемите со криминалот и натаму беше демократска, либерална земја. После 20 години на власт, денес Путин не е ограничен во ниту еден поглед, тој практично е султан“, изјави угледниот новинар Николај Сваниџе кој често го интервјуираше Путин за време на неговите почетоци во Кремљ.

 

Политичкиот аналитичар Константин Калачев изјави дека Путин почнал како либерал кој бил подготвен да соработува со Западот, но со текот на времето станувал се поконзервативен и заземал поагресивни ставови.

„До пред петнаесетина години се уште имаше политички живот во Русија, а изборите беа компетитивни“, изјави Калачев кој смета дека презирниот однос на Западот кон Русија со текот на времето го сменил и однесувањето на Путин и воведувањето на неговите „тврди линии“.

Либералните Руси сепак од самите почетоци се двоумеле околу Путин, не само поради неговото минато во „КГБ“, туку и поради острото сузбивање на чеченските сепаратисти додека беше премиер. Цврстиот одговор на Путин на чеченската криза ја зголеми неговата популарност и му донесе победа на претседателските избори со освоени 53% од гласовите.

 

Го врати достоинството

Тој и натаму ужива голема популарност и многумина уште сметаат дека го вратил достоинството на Русите после понижувачкото распаѓање на Советскиот сојуз. Путин сега бара начин како да го напушти Кремљ, но истовремено да го задржи влијанието, смета аналитичарот Грегориј Бовт.

Бовт смета дека можно е во Русија да биде наскоро формирана нова институција, еден вид на колективно тело кое ќе управува со земјата, а Путин ќе биде на чело. Според него, не би требало Путин да го менува уставот за да го задржи влијанието.

Доколку биде на чело на тоа колективно тело, Путин ќе се оддалечи од владеењето со Русија: „Но и натаму ќе ја надгледува земјата“.

Откако рано утрово во италијанскиот весник „Ла Верита“ беше објавено второто продолжение од аферата „Рекет“ која што ја тресе Македонија, на социјалната мрежа на Фејсбук повторно се огласи италијанскиот новинар Ларис Гајсер, односно и автор на самиот скандал и кој што го објави.

Во продолжение можете да го прочитате во целост неговиот денешен статус:

„Од 2015 година следам и известувам како група од неспособни политичари (десничари и левичари) и непријателски странски сили, како си играат со животот и судбината на Македонските граѓани. Слепилото на политичките елити заедно со злобниот меѓународен притисок ја доведоа Македонија до степен на корупција и опасно ограничен суверенитет.

Сите мои поранешни написи и говори беше во насока за да спречам Македонија да биде понижена, да ја предупредам ЕУ за нејзиниот погрешен пристап и за да ја спречам меѓународната заедница да направи неприфатлив преседан. Преседаните на Балканот ретко носат придобивки на меѓународната заедница.

Јас не сум богат. Немам големи финансиски фондови за да спроведам експериментални револуции. Како и моите пријатели од „Ла Верита“, мразам глупост и манипулации. Ние верувме во човечката интелигенција и во слободата. И двете секогаш наоѓаат начин да испливаат на површина и да преовладата. Дури и по подолги периоди на понижување. Мојата надеж, денес, преку моите написи е да ги поттикнам добрите, се уште независни, слободни судии, кои навистина веруваат во владеење на правото, да ги истражат наодите и да направат од Македонија светол пример на стабилна земја.

Одбегнувајќи да бидам инволвиран во меѓународни политички препирки, сакам само да дадам свој придонес во потрагата по вистината за да им помогнам на македонските граѓаните да најдат сила на патот кон успешна држава.

Имајќи ги предвид комплексните геополитички промени, ние Европјаните и должиме стабилност на Македонија, сигурност и историска мудрост. Наместо да биде вештачки изолирана, Македонија треба што поскоро да стане член на нашата несовршена Европска Унија, со што ќе не направи посилни и побогари“, пишува Гајсер на својот Фејсбук профил.

 

Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави нова снимка на која покрај Боки 13, Зоран Милески Кичеец и бизнисменот Орце Камчев, се слуша и гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Јанева му вели на Камчев „не се секирај за ништо, се ќе биде ок“, а се спомнува и обвинителката Лиле Стефанова, која го водеше случајот „Империја“, за која Катица Јанева тврди дека била под нејзина контрола.

Од Камчев било побарано покрај парите да обезбеди и дуќан за стоматолошка ординација, а Боки 13 му ветува на Камчев дека ќе биде ослободен понеделник, најдоцна вторник, а специјалната обвинителка Катица Јанева нема да употребува вонредни правни лекови како би го одолговлекувала куќниот притвор на Камчев.

На крајот на 12 минутната снимка која беше утрово објавена се слуша како Боки 13 му кажува на Камчев дека има поздрав од „жената“, а потоа и го дава телефонот на Катица Јанева која го уверува Орце Камчев дека „Не се секирај, се ќе биде океј“, на што Камчев одговара „Океј, океј, нема проблем“.

Прашањето за Брегзит предизвика толкава поделба во Велика Британија што би можела да се реши само на еден начин - конечната одлука да ја донесе кралицата Елизабета.

Нејзината задача не би била да ги затвора политичарите во лондонската кула како нејзините предци туку да се ослободи потенцијалниот застој со премиерот Борис Џонсон.

Доминик Камингс, најголемиот функционер во кабинетот на новиот премиер, изјавил дека неговиот шеф е подготвен да ги одбие гласините за недовербата од Долниот дом.

Џонсон би одбил да поднесе оставка и би закажал нови избори после 31-ви октомври денот кој е зацртан како краен рок за излез на Велика Бријанија од ЕУ.

Тоа довело до нагоувања дека британската кралица ќе мора да ја одигра клучната улога за процесот Брегзит.

Доколку Џонсон одбие да си оди тогаш кралицата би имала моќ да го отпушти, а последен пат некој монарх презел таков чекор во 1834-та година.

Доколку се изгласа недоверба во новиот премиер, а тој одбие да си оди тогаш кралицата би морала да ги повика лидерите на фракциите да формираат влада.

Такво сценарио кралицата би ја ставило во центар на една од најголемите политички драми кои се одвиле во текот на нејзиното 67-годишно владеење.

Владата на Џонсон има повеќе луѓе, но со секој ден расте групата на конзервативците кои се бунат и кои сакаат да спречат да ја изнесат земјата од ЕУ без договор. Преговорите за новиот компромис “паднале во вода“ па дошло до драма во Даунинг стрир.

Меѓутоа, како што вели Камингс, законот налага премиерот да ја советува кралицата за тоа како треба да се одржат изборите. Доколку алтернативната влада не се формира за 14 дена Џонсон би можел да предложи датум по 31-ви октомври и кралицата ќе мора да го послуша.

Тоа кралицата би ја ставило во позиција која по секоја цена ќе сака да ја избегне.

„Нејзиниот најголем страв е да биде вовлечена во драма. Во нејзината природа пишува дека е природна, а верува и дека уставната монархија треба да направи се за таа да остане надвор од таквите ситуации. Таа има голем број советници, па не треба да мислите дека било која одлука ја носи “на своја глава““ - изјавил кралскиот историчар Роберт Лејсли. 

Снимките од надзорните камери прикажуваат што правел Конор Бетс неколку часа пред да почне да пука по луѓето во Дејтон.

Бетс пред пукањето минал повеќе од еден час во бар во кој влегол со сестрата Меган и еден пријател. 

Конор не се истакнувал премногу, седел на шанкот. На себе имал маица, бермуди и патики. На снимката не се гледаат панцирот и маската кои ги носел подоцна во текот на пукањето.

Како што се дознава, тројцата влегле во споменатиот бар во Дејтон во саботата навечер, во околу 23:09 часот. Бетс влегол прв и добил идентификациска нараквица, а по него и неговото друштво.

Полицијата соопштила дека мажот кој бил со убиецот е Чарлс Бирд. Утврдиле дека нема никакви показатели дека тој или сестра му на Бетс таа вечер биле свесни дека тој со себе носи оружје.

Околу еден час по влегувањето во барот, во 00:13 часот, Бетс покрај излезот разговарал со персоналот, а потоа излегол од кафулето. Бирд и Меган останале во клубот до 00:59 наутро, кога и тие го напуштиле објектот.

 

Полицијата додава дека на местото на снимката не може да се види било каква расправа меѓу Бетс и неговата сестра.

Потсетуваме, во околу 1 часот наутро во неделата, полицијата примила повик за пукање во центарот на Дејтон. Бетс со огнено оружје убил 9 луѓе, вклучувајќи ја и Меган.

Испукал 44 куршуми пред да го убијат полицајците.

 

Тејлор Мејбери, која била во барот кога се случило пукањето, изјавила дека се сокрила во тоалетот кога слушнала пукање.

"Слушнав неколку истрели и видов како сите клекнуваат на земја...Никогаш не сум искусила таков нешто па и јас истрчав кон тоалетот. Видов како луѓето се обидуваа да дојдат до излезот", рекла таа.

Меѓу последните влегла во тоалетот, каде се криеле и други луѓе. Рекла дека во тоалетот била околу седум минути.

Top