Американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде сменет за шест седмици, предупреди Стив Бенон, поранешниот главен стратег на првиот човек на САД и шеф на познатиот портал "Breibart News".

Бенон, идеолог на модерната американска десница предупреди дека админитрацијата на Доналд Трамп не го сфаќа доволно сериозно импичментот, истрагата која може да доведе до негова смена, а на чие чело е Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом на Конгресот.

Поранешниот близок соработник на Трамп истакна дека на шефот на Белата куќа, дури и ако успее да остане на функција, му се заканува голема опасност на изборите закажани за идната година.

 

„Импичментот е извесен. Во прашање е сериозна истрага, како што се врти Земјата. Тој ќе биде отповикан“, изјави Бенон и додаде:

„Администрацијата нема координирани потези. Не сум спокоен кога го гледам шефот на кабинетот Мик Мулвени што прави. На претседателот му е потребно околу него да има свој тим. Во секој момент некој од тој тим мора да биде подготвен за игра. Не може тој самиот да прави се. Координацијата во тимот не постои, сите сега мора да се фокусираат на импичментот“, изјави Бенон.

Според многумина, токму Бенон е еден од најзаслужните за изненадувачката победа на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016-та година. Бенон ја смисли целата кампања на Трамп која се фокусираше на конзервативните белци.

„Ненси Пелоси е многу фокусирана на импичментот и тоа истрагата да се спроведе до крај. Таа е најзаслужна и за тоа што е отворена истрагата“, порача некогашната десна рака на Трамп.

По лидерската средба што се одржа вчера кај претседателот Стево Пендаровски, учесниците најавија дека се договориле да се одржат предвремени парламентарни избори на 12 април идната година. Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев по средбата изјави дека тие ќе бидат спроведени по т.н. „пржински модел“ со преодна Влада која треба да почне да функционира 100 дена пред одржување на изборите, поради што тој ќе се повлече од премиерската функција на 3 јануари.

Законските измени кои отвораат ваква можност беа изгласани на 25 јули лани, два дена откако за нив беше постигната согласност на лидерска средба.

Со измените и дополнувањата на Законот за Влада се предвидува сто дена пред одржувањето на избори за пратеници, а по претходна оставка на премиерот, Собранието да избере нова, преодна Влада за спроведување на парламентарни избори, предводена од нов премиер, кој го номинира партијата со најголем број пратеници во Парламентот. Ќе бидат избрани и нови министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и тројца заменици министри.

Заради организирање на избори за пратеници Собранието на предлог на претседателот на Владата, сто дена пред денот на одржувањето на избори за пратеници избира министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, на предлог на опозицијата со мандат кој трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените избори по што мандатот им престанува по сила на закон.

Министерот за внатрешни работи го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници во Собранието, по претходна консултација со двете политички партии со најголем број на пратеници во Собранието, а министерот за труд и социјална политика го предлага партијата во опозиција со најголем број пратеници.

Измените и дополнувањата ја регулираат и работата на министерот за внатрешни работи. Тој може да изврши најмногу 15 разрешувања или распоредувања, на пониско или повисоко место на носители на раководна позиција во министерството, во согласност закон. Министерот за внатрешни работи може да изврши и хоризонтални распоредувања на вработените кои се на негов предлог во бројката до 10 отсто од бројот на хоризонтални распоредувања.

Заради организација на избори за пратеници, Собранието на предлог на претседателот на Владата именува дополнителен заменик на министерот во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика, предложени од политичката партија на власт со најголем број на пратеници, а во Министерството за финансии, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество и администрација, предложени од политичката партија во опозиција со најголем број пратеници во Собранието.

Мандатот на дополнителните заменици министри трае од денот на нивниот избор до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените избори за пратеници во Собранието, по што мандатот им престанува по сила на закон. Тие заедно со министрите заедно и рамноправно со министерот учествуваат во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа. Првпат ваков модел на преодна Влада беше спроведен на предвремените парламентарни избори во 2016 година, за што тогаш беа донесени и законски измени и тој модел на влада беше наречен „пржински“ бидејќи беше договорен во текот на пржинските преговори по политичката криза која настана по објавување на т.н. бомби со прислушувани разговори.

Опсадата на Кулиакан во петокот, кога припадниците на нарко-картелот „Синалоа“ го тероризираа градот додека Националната гарда не го ослободи еден од лидерите на криминалната организација, ја покажа немоќта на оваа држава.

Како што пренесува „АП“, мексиканската влада веќе долго време власта во одредени делови од државата им ја препуштила на нарко-картелите.

Незапаметениот напад на припадниците на нарко-картелот „Синалоа“, а потоа и одлуката на властите после борбите кои траеле 12 часа да го ослободат Овидио Гузман Лопез, инаку еден од синовите на познатиот Хоакин Ел Чапо Гузман, ги шокираше Мексиканците, но и светот.

Според многумина, одлуката да се пушти Овидио затоа што „неговите“ направиле хаос, покажува колку големо влијание имаат нарко-картелите и ја потврдиле капитулацијата на Мексико пред криминалните организации.

Градот Агваја во провинцијата Мичоакан исто така бил под целосна контрола на криминалците, но во овој случај станува збор за „Халиско“ бандата. Полицијата веќе одамна ја имала изгубено контролата во градот, а кога минатиот понеделник се обиделе полициски сили да интервенираат, упаднале во заседа и сите 14 полицајци биле убиени и запалени.

Во Мексико владее толку голем хаос, што владата во одредени случаеви испраќа полиција да ги брани границите на картелите. Тоа наводно било дел од стратегијата за избегување на крвопролевања по секоја цена.

Така, во градот Тепалкатепек, полицијата ги контролира патиштата за да спречи меѓусебни судири помеѓу ривалските нарко-картели. Истото го прават и во сојузната држава Гвереро, каде што криминалците ги пуштаат да шетаат вооружени, но не и да преминат на територијата на ривалскиот нарко-картел.

„Ситуацијата во која мексиканските власти уапсија еден од босовите, а потоа го пуштија на слобода е без преседан. Тоа се случува премногу често. Сепак, без преседан е тоа што овде се е направено отворено и без размислување за последиците. Ова на луѓето им испраќа порака дека им нема помош и дека се препуштени на криминалците“, изјави Дејвид Ширк, аналитичар од Универзитетот во Сан Диего.

Имаме нова реалност. На 3 јануари имаме нов технички премиер, а по изборите и нова влада, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по лидерската средба што попладнево се одржа на Вилата Водно.

Тој оцени дека предвремените избори се неминовни и нагласи дека по нив ќе следи обнова на Македонија.

За пописот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека опозицијата има 20 забелешки и смета дека пописот треба да биде статистичка, а не политичка операција.

„За нас пологично е попис да има на почетокот на годината, а не на крајот. Треба да биде во согласност со препораките на Еуростат“, рече Мицкоски.

За случајот „Рекет“, Мицкоски повтори дека секој треба да носи одговорност и ги охрабрува органите да ги завршат истрагите до крај.

Вчерашниот договор на лидерите на политичките партии на средбата кај претседателот на државата за предвремени парламентарни избори најверојатно повторно ќе го одложат спроведувањето на пописот на населението во Македонија (договорен за април наредната година), а по сѐ се чини дека нема да има ништо и од реализацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР за промени во изборниотмодел.

Вчера, по лидерската средба речиси сите претседатели на партиите оценија дека многу е тешко пописот да се одржи пролетва и дека најреално ќе биде тој да се одржи по изборите или во 2021 година.

На вчерашната лидерска средба беше договорено дека предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април.

„Мојот став е дека во 2020 година пописот треба да биде направен. Може да го направиме после изборите, а ако е подготвен Државниот завод за статистика и пред изборите“, рече премиерот Зоран Заев.

Христјан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа изјави дека за нив пописот е статистичка операција, а не политички договор и малку е неправилно тој да се направи на крајот на декадата. „Не гледам логично објаснување наредната година да имаме попис. Мислам дека тоа треба да се направи на почетокот на наредната декада, односно во 2021, како што тоа го прават сите европски земји“, рече Мицкоски.

За лидерите на политичите партии од албанскиот блок во Македонија, пописот треба да биде спроведен по завршување на изборите.

Во однос на реформите во изборниот модел, промена во бројот на изборните единици, според Заев СДСМ останува на тоа дека тие се една изборна единица и дека тоа може да биде договорено и пред изборите.

Мицкоски не смета дека е тоа можно пред изборите и вели дека таа задача ќе треба да остане за наредниот изборен циклус.

Од 3 јануари 2020 ќе имаме нова, техничка влада, нов премиер од редовите на СДСМ и двајца министри од опозицијата - министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика.

Предвремените парламентарни избори се договорени откако премиерот Заев побара брзи избори по неуспехот во Брисел на 17 октомври кога Македонија не доби датум за почеток на преговорите со ЕУ поради ветото од Франција.

По негативниот исход од состанокот на Европскиот совет во Брисел, политичките лидери во државава се согласија дека нема друга алтернатива освен евроинтеграцијата, но и закажаа предвремени парламентарни избори на 12 април.

Тие на лидерската средба што се одржа на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски се согласија дека мора да продолжат евроинтегративните процеси на државата, а датумот на избори го определија консензуално имајќи го предвид процесот на ратификацијата на Протоколот за членство на земјава во НАТО.

– Имаме јасен државен консензус од релевантните политички лидери во нашата земја дека стојат зад идејата Република Северна Македонија што е можно поскоро да ги почне тие преговори и што е можно поскоро да ги заврши преговорите и да стане полноправна членка. Сите присутни на средбата се согласни дека немаме проблем со евентуална нова и подобрена методологија за водење на пристапните преговори. Сите присутни на средбата рекоа дека немаат проблем ако новата методологија подразбира реверзибилност на процесот, значи едно поглавје кога ќе го затворите, ако трендовите во таа област се негативни, слободно може да не вратат назад, па дури и на самиот почеток од процесот. Немаме од што да се плашиме, тоа е во наш интерес и во интерес на нашите граѓани, изјави претседателот Пендаровски по завршувањето на првиот дел од средбата.

Ставот дека нема друга алтернатива за државата освен евроинтеграцијата го потврдија во своите изјави и сите лидери на политички партии кои присуствуваа на лидерската средба.

Според нив, изборите се неминовни и се надеваат дека граѓаните ќе кажат во кој правец ќе се движи државата во иднина. Изразија надеж дека изборите ќе бидат фер и демократски.

– Верувам дека граѓаните мудро ќе донесат одлука со која ќе го трасираат патот по којшто ние политичарите, кои ќе добиеме поддршка, ќе ја водиме нашата држава, изјави премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, кој во саботата го даде предлогот за одржување на брзи предвремени парламентарни избори.

За лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, изборите се неминовност по се она што се случувало во државата. По изборите, како што рече, ќе следи обновата на државата и бескомпромисна работа со цел „Македонија да ја ставиме на брза лента“.

– Битно е дека имаме нова реалност. Реалноста е дека на 3 јануари 2020 година ќе имаме нов технички премиер, ќе имаме нова техничка влада, а на 12 април 2020 ќе имаме победник на предвремените парламентарни избори, а тоа ќе биде, сигурен сум, Обновата за Македонија, изјави Мицковски.

unnamed (1)

Според лидерот на ДУИ, Али Ахмети, важно е предвремените парламентарни избори да се демократски и да победи најдобриот.

– Во детали разговаравме за најдобриот можен момент за предвремени парламентарни избори. Исто така, оценивме дека од наш заеднички интерес е да почекаме да се ратификува Протоколот за НАТО од земјите членки, коишто се уште го немаат ратификувано и исто така се договориме и нашето Собрание да го ратификува Протоколот и да го усвои Законот за одбрана. Откако ги исцрпивме сите аргументи, заеднички одлучивме да ги одржиме предвремените парламентарни избори на 12 април следната година, изјави Ахмети.

unnamed (2)

За помалите албански партии, изборите се можност да се донесат промени во државата кои ќе бидат за доброто на сите граѓани.

На средбата не се разговарало за персоналните решенија за техничка влада, но она што засега е познато е дека техничкиот премиер ќе ја презеде функцијата од 3 јануари.

Демонстрантите веќе четврта вечер по ред се судираат со полицијата на Барселона за време на протестите поради пресудата и затворските казни за каталонските сепаратисти кои учествуваа во организацијата на референдумот за независност.

Сценариото од претходните три вечери се повтори откако и синоќа мирните протести излегоа од контрола кога радикалните сепаратисти ги запалија барикадите и столчињата од кафетериите долж познатата улица Ла Рамбла во срцето на туристичкиот кварт.

Полицијата се обиде да ги одвои демонстрантите од околу стотината припадници на десничарското движење „Шпанско единство“, но на видео кое го објави жител на Барселона може да се види како групата на прошпански радикали претепува млад сепаратист.

Претходно во текот на вчерашниот ден, илјадници студенти излегоа на улиците, а некои со јајца ги гаѓаа штитовите на полицајците кои се распоредени на речиси сите клучни точки во градот.

Инаку, демонстрантите од повеќе градови на Каталонија маршираат кон Барселона, а синдикатите денес повикуваат на генерален штрајк, па се очекува денес и во текот на викендот да има уште повеќе нереди во најголемиот каталонски град.

Протестите започнаа во понеделникот откако врховниот суд во Мадрид осуди девет поранешни политичари и активисти на затворски казни од 9 до 13 години поради нивната улога во неуспешното прогласување на независност на Каталонија во 2017-та година.

 

Иако со намуртено лице, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го примил американскиот државен секретар Мајкл Пенс во Анкара.

Потсетуваме, Пенс заедно со потпретседателот на САД, Мајк Помпео допатувал во Турција за да ја убедат Анкара да ја сопре офанзивата против курдските борци на североистокот на Сирија. 

Колку е Ердоган воодушевен, може да се види на снимката. Двајцата политичари се состанеле без никакви емоции, двајцата биле студени и лути.

Американскиот двоец сакал на Ердоган да му ја пренесе пораката дека Вашингтон ќе ги засили економските санкции ако се продолжи со офанзивата против Курдите.

Ердоган во прв момент изјавил дека воопшто нема да ги прими и дека за Сирија ќе разговара единствено со претседателот на САД, Доналд Трамп.

 

Очигледно е дека малку попуштил, но неговиот став кажува многу.

Претходно Доналд Трамп на својот турски колега му пратил едно писмо заканувајќи му се со економски санкции, но изворите велат дека завршило во корпа за отпадоци.

"Претседателот Ердоган добил писмо, сосема го отфрли и го фрли во корпата", навеле изворите.

 
 

Ние рековме ќе му дадеме шанса на процесот 17 октомври е денот кога завршува концесијата, 17 октомври е денот кога завршува трпението на ВМРО-ДПМНЕ, 17 октомври е денот денешен кога јас овде пред вас стојам и ви велам придружете ни се од денес да изгрее она вистинското сонце на слободата во Македонија да си ги победиме на следните предвремени парламентарни избори.

Но, до тогаш не очекувајте дека овие арамии овие камиказа политичари сами по себе ќе заминат ни треба обединување ни треба улицата ни требаат плоштадите треба да се помине секој дом на нашите сограѓани да им кажеме дека ние сме поинакви дека ги научивме лекциите од минатото дека можеме поинаку затоа што Македонија затоа што ние затоа што тие заслужуваат поинаку.

Само така можеме да успееме и никако поинаку од денеска 24 часа на ден ве молам нашиот дом ќе биде плоштадот улицата вратата на нашите соседи на нашите сограѓани ширум цела Македонија. 17 Октомври е денот кога заврши трпението на ВМРО-ДПМНЕ од денеска ќе се сетат и а 1892 и на причините зошто таа 1892 е важна.

Затоа што денеска ќе ги потсетиме ќе ги потсетиме за битката за Македонија. Ова е нашата битка ова е битката на нашата генерација без разлика дали имаме 5 50 55 или 80 години. Сите сме ние денес иста генерација и делиме иста судбина. Од денеска почнува последната пресметка од денеска ја најавувам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија. Од денеска ве повикувам секој оној кој мисли дека политиките на Зоран Заев и на СДСМ се погрешни го повикувам да ни се придружи без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин ,Ром Влав, Бошњак, Србин без разлика нека ми простат останатите кои што не ги поменав без разлика дали е некој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Македонија или е некој од редовите на СДСМ и нивната коалиција ако сте незадоволни ако мислите дека вашата иднина е загрозена повелете придружете ни се нашите врати за вас се отворени.

Ајде заеднички да ја победиме оваа битка ова е битката за третиот Илинден и за нова поинаква модерна Македонија. Македонија каде што секој ќе има подеднаква шанса, Македонија силна држава каде што ќе има силни индивидуи.

Сите вие кои што мислите дека овие камиказа арамиски политики на Зоран Заев и СДСМ се погрешни дојдете,сите пак вие кои што мислите дека она што денес го прави СДСМ и Зоран Заев, ве почитуваме и ќе ве почитуваме и во иднина но мислиме дека грешите почитувајте го и вие нашето мислење. А дека грешите ќе се уверите на следните предвремени парламентарни избори кога доаѓа обновата на Македонија и една огромна голема победа предводена од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Сосема на крај сакам уште еднаш да ви се заблагодарам што одвоивте дел од вашето време овие 20 тина минути се надевам не беа попусто потрошени се надевам дека го задржав вашето внимание.

Ве молам правилно да ме разберете ова е можеби најголемиот предизвик во независна и суверена Македонија сега не е време за очајување не е време за тажење туку време за обединување под бајракот на државата со лавот на срцето и кон една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Се надзира ли каков-таков компромис на самитот во Брисел, откако француски дипломат вечерва ветил дека Париз ќе размисли за почеток на преговори доколку Скопје во следните шест месеци спроведе дополнителни реформи, пишува Дојче веле.

Франција бара од Македонија во следните шест месеци да спроведе дополнителни реформи, за да одобри почеток на преговори со ЕУ. Иако не се наведува за кои реформи точно станува збор, агенцијата Асосиејтед прес пренесува таков став на висока француска дипломатка искажан вечерва.

Доколку се прифати барањето на официјален Париз, тоа би било ново, трето по ред, одложување на преговорите со Македонија. Наспроти она што го бараше Франција изминативе денови, овојпат не се споменуваат измени во методологијата на преговарачкиот процес, кои постојано беа наведувани како главна пречка од Париз.

Од Албанија, пак, Французите бараат да ги спречи барателите на азил. Доколку се усвои ваков заклучок од самитот, за почетокот на преговорите повторно би се решавало во април следната година.

Германската новинска агенција ДПА јавува дека вечерва лидерите на ЕУ „многу долго“ разговарале околу блокадата на проширувањето од страна на Франција, но не наведува никаков пробив.

АП анализира дека одбивањето да им дозволи почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија ќе го загрози кредибилитетот на ЕУ и ќе ризикува разгорување на проблематичниот регион. Агенцијата цитира француска дипломатка која вели дека Париз ќе дозволи почеток на преговори за шест месеци доколку види напредок во реформите.

С. Македонија и Албанија очекуваа дека ќе добијат зелено светло за почеток на преговорите. Европската комисија тврди дека обете земји ги исполнуваат критериумите, а ЕУ лидерите ветија дека ќе донесат одлука до крајот на месецов. Но, францускиот претседател Емануел Макрон одбива да прифати нови членки во унијата додека не се подобри процедурата за проширување, додека Холандија е против кандидатурата на Албанија и се противи на проценката на Комисијата.

Македонскиот премиер Зоран Заев вчера дојде во Брисел да лобира за одлуката со предупредување дека во спротивно земјата ќе назадува.

„Тоа речиси сигурно ќе ги поттикне регресивните сили во земјата и ќе го засили интересот на трети страни во регионот“, рече Заев.

Но, шансите за позитивна одлука се чинат мали. Висок француски дипломат за АП вели дека не е направен доволен напредок за да се подобрат недостатоците во процесот на проширување. Дипломатката тврди дека Париз би можел да се предомисли во следните шест месеци доколку Северна Македонија спроведе повеќе реформи, а Албанија стори повеќе за да ги спречи своите граѓани да бараат азил во Франција.

Top