Според најновите официјални статистички податоци, највисоки просечни плати во регионот се забележани во Словенија и во Хрватска, а најниски во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

Според најновите расположливи податоци на словенечкиот Завод за статистика, просечната месечна нето-плата во земјата е 1.114 евра. Во исто време, тоа е единствената плата во земјите во регионот што надминува 1.000 евра. Просечната плата во Словенија е двојно поголема од просечната плата во скоро сите балкански земји, освен во Хрватска, каде просечната месечна плата е близу 900 евра.

По Словенија, следува Хрватска, уште една членка на Европската Унија од балканскиот регион, во која, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика за август, просечната плата изнесува 6.438 куни или 864 евра.

Потоа доаѓа Црна Гора, каде што според официјалната статистика на Заводот за статистика на Црна Гора – Монстат, просечната заработка без даноци и придонеси во август 2019 година изнесува 517 евра.

Најниски просечни плати во регионот се забележани во Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Според Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина, просечната месечна исплатена нето-плата во август годинава била 925 конвертибилни марки, или 472 евра, што е нешто повисоко од платата во соседна Србија. Според податоците на српскиот Завод за статистика, просечната нето плата во август годинава била 54.111 динари или 460 евра.

Статистичките податоци од Заводот за статистика на Северна Македонија покажуваат дека просечната плата во јуни годинава е 25.127 денари или 409 евра, што е најниска месечна плата во регионот.

Возачот Мо Робинсон кој бил зад воланот на камионот на смртта во чија што приколка беа пронајдени 39 безживотни тела на мигранти од Кина, наводно се онесвестил кога ја отворил вратата и ги видел мртвите тела.

Од полицијата го убедиле судијата да им даде уште 24 часа за испитување на возачот кој е осомничен за убиство на 39-те лица пронајдени во камионот кој што го управувал.

25-годишниот Мо Робинсон бил веднаш уапсен откако полицијата ги пронајде мртвите тела во ладилникот - приколката на камионот. Тој и натаму е во притвор додека полицијата се обидува да дознае дали тој знаел дека мртвите тела на 31 маж и 8 жени, сите државјани на Кина, се наоѓаат во неговиот камион.

 

Негов пријател за „Дејли Мејл“ изјавил дека Робинсон го сопрел камионот за да ги земе документите од ладилникот и тогаш ги пронашол замрзнатите тела во приколката.

„Мо е од најдоброто семејство кое можете да го познавате. Сигурен сум дека не знаел дека тие луѓе се во неговиот камион. Тој тргнал да ги провери документите кога го отворил ладилникот и ги видел мртвите тела. Бил ужаснат, веднаш повикал итна помош која ја известила полицијата. Слушнав дека во ладилникот било -25 Целзиусови степени и дека луѓето се смрзнале. Биле мртви веќе подолго време пред Мо да го отвори ладилникот“, изјави пријател на Мо Робинсон.

Сведок за британските медиуми раскажал дека возачот Робинсон се онесвестил кога ги видел мртвите тела во приколката на неговиот камион.

 

Полицијата во Северна Ирска извршила претрес на три куќи поврзани со Робинсон. Националната агенција за злосторства на Велика Британија извести дека се обидуваат да пронајдат организирана злосторничка група која би можела да биде поврзана со овој случај.

Британското обвинителство отвори истрага за смртта на 39-те лица - ќе се фокусираат на сите страни вклучени во транспортот на овој камион низ Европската унија, а инаку регистриран во соседна Бугарија.

Аналитичката компанија ГФК составила рејтинг од европските земји според куповната моќ на населението. На листата од 47 земји, Украина се нашла на последно место.

Според податоците на аналитичката компанија, првото место го зазел Лихтенштајн со куповна моќ по глава на жител од 67.550 евра, што е за 4,5 пати повеќе од просекот во Европа (14.739 евра).

На второ и трето место се нашле Швајцарија (40.000 евра) и Луксембург (35.000 евра).

 

Авторите на истражувањето не ја пресметале куповната моќ на жителите во Русија.

„16-те земји кои се опфатени во истражувањето, имаат куповна моќ по глава на жител над просекот, додека 26 земји се под просекот за европски земји“, се наведува во соопштението.

На последните три места се Молдавија, Косово и Украина. Според податоците на компанијата, куповната моќ на Украина изнесува 1.830 евра годишно по глава на жител.

Од компанијата објасниле дека под куповна моќ се подразбира приход пресметан со данок и добротворни придонеси.

Во таа сума се сметаат сите парични средства кои се добиваат од државата, а кои жителите ги трошат на храна, домување, забава, услуги, куповина и одмор. 

Франција започнала неофицијални дипломатски консултации за на некои земји од западен Балкан наместо полноправно членство да им понуди привилегирано специјално партнерство.

Според овој предлог, на земјите од западен Балкан би им била понудена финансиска помош, посебни аранжмани за пристап на европските пазари и други погодности во замена за тивко откажување од полноправно членство. 

Како што пишуваат странски медиуми, Франција се наоѓа под притисок од европските партнери на европскиот самит во март идната година да отстапи од својот тврдокорен став и да им одобри на Македонија и Албанија да започнат преговори, а сите преостанати проблеми потоа да се решаваат во текот на отворањето на пристапните преговори. Се пишува, исто така, дека изборите во Северна Македонија токму од таа причина се закажани за април, за да се види дали ЕУ сепак во март ќе одобри продолжување на пристапниот процес.

 

На мартовскиот самит би требало да се зборува и за БиХ, под услов до тогаш да се формира власт и да се започнат конкретни чекори за имплементација на препораката од Европската комисија, кои се изречени во Мислењето за кандидатурата на БиХ и Аналитичкиот извештај од мај оваа година.

Потсетуваме, слична понуда Германија пред десетина година и дала на Турција, ветувајќи и привилегирано партнерство наместо членство, но тоа сега е сфатено како елегантен начин за откажување од примање на Турција во ЕУ.

Инаку, европските медиуми се полни со критики кон Франција, обвинувајќи ја дека со откажувањето за проширување, западен Балкан се турка во рацете на Русија, Турција и Кина.

"Euroobserver", угледен европски магазин, пишува дека Емануел Макрон, претседателот на Франција, "го прекршил ветувањето во желбата да оствари доминација во ЕУ".

"Во чинот на политички вандализам без преседан, Макрон ја уништи политиката која до неодамна беше основна функција на ЕУ, која воедно е и единствена стратегија според нејзините балкански соседи", било нагласено во текстот.

"Balkan Insight" истакнува дека "можеби следната година" на Макрон треба да се гледа како на "цврсто не", нагласувајќи дека Макрон е отворен противник на проширувањето. Агенцијата "Reuters" наведува дека Франција е "изложена на баражен оган од сите страни", истакнувајќи дека нејзиното "не" многумина го гледаат како историска грешка. Германски "Deutsche Welle" нагласува дека ЕУ го оставила Балканот на цедило, предупредувајќи дека Балканот се препушта на Русија, Кина и Турција.

Петер Алтмајер, германски министер за енергетика, во вторникот во Белград се обидел да ја поправи штетата која Франција ја нанела на процесот за проширување, истакнувајќи дека е разочаран и дека Германија ќе се заложува за продолжување на процесот за проширување.

"Во интерес на сите нас е целокупниот западен Балкан да биде во ЕУ", рекол тој.

Во својот последен говор пред Европскиот парламент, Жан-Клод Јункер рекол дека е разочаран од одлуката за незапочнување на преговори со Северна Македонија и Албанија.

"Северна Македонија и Албанија заслужија да започнат пристапни преговори, бидејќи вложија големи напори. Тоа е сериозна грешка, не само поради тие две земји. Во самата срж, тоа е голема грешка затоа што ЕУ прати порака дека не ги исполнува ветувањата. Тоа им праќа порака на сите во светот, и сите помалку ќе ја почитуваат Унијата", рекол тој.

Заев: Идејата на Макрон е неприфатлива

"Нема да прифатиме друга дебата, како на пример за стратешко партнерство, а не за членство. За нашата земја не постои друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ", рекол Заев во интервју за Alsat M и објаснил зошто не е прифатлива идејата на Макрон.

"Ние ќе минеме сигурно седум до осум години во преговори по поглавјата. Тоа значи дека ќе станеме полноправна членка на ЕУ откако ќе се реформираме одвнатре, а во тоа ќе помогне и пристапниот процес и затворањето на поглавјето", рекол тој.

 

Предупредувањето на Јункер

Жан Клод Јункер предупредил дека Европа слабее демографски, економски и политички, како и дека сама мора да се бори против национализмот.

Оценил дека најголем европски успех и најголем тековен факт е во Европа да се зачува мирот.

"Што е иднината на Европа? Ние сме најмалиот континент. Повеќето Европејци тоа воопшто не го знаат. Ние сме многу мали", рекол Јункер. Тој нагласил дека политиката мора да се поврзе со демографијата и географијата.

"Ние изумираме. Нема да исчезнеме, но ќе бидеме се помалку. На почетокот на 20-тиот век Европејците сочинувале 20 проценти од светската популација. На крајот од овој век од 10 милијарди луѓе на земјата, Европејци ќе има само 4 проценти", предупредил тој.

Европа, според неговите мислења, ќе ја изгуби и економската моќ и за неколку години ниедна европска земја нема да биде членка на Групата седум најразвиени држави, се наведува на сајтот на претседателот на Европската комисија.

 

Одлуката на европските лидери да не отворат преговори за пристапување со Македонија и со Албанија, како и најавата за предвремени парламентарни избори во земјава, отвори дилеми за можното влијание што тоа ќе го има врз спроведувањето на договорите со Грција и со Бугарија. Властите во Скопје тврдат дека имплементацијата на договорите ќе продолжи, опозицијата дека кога ќе дојде нејзиното време ќе се обиде да ги поправи, Брисел очекува да се почитуваат, а Атина и Софија засега се воздржани.

Политичките аналитичари за МИА оценуваат дека спроведувањето на договорите ќе биде во сенка на одлуката за недоделување датум за преговори и на изборите, но со различни гледања по исходот и отстапките што Северна Македонија е подготвена да ги направи.

Нема поништување, но…

Амбасадорот и шеф на македонската делегација во Меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитните знаци, Ѓорѓи Филипов, во изјава за МИА оценува дека предвремените избори во земјава, предизвикани од недобивањето датум за почнување на преговорите со ЕУ, ќе имаат влијание на спроведувањето на договорите со Грција и Бугарија. Влијанието ќе биде двојно, односно ќе има временска и квалитативна компонента, но, сепак, вели, не очекува тие да бидат поништени.

Ѓорги Филипов

„Сметам дека ниту еден од договорите нема да биде поништен од ниту една од страните зашто тоа ќе доведе до нарушување на кредибилитетот на која и да било од нив и наполно нарушување на добрососедските односи, што значи враќање на почетната точка на прашањето за нашите евроатлантски интеграции“, оценува амбасадорот Филипов.

Во однос на билатералниот договор со Бугарија, каде постојат спротивставени ставови по одредени прашања од историски, политички и социолошки карактер, значи од категории во кои научните и искуствените аргументи на двете страни се претежно од квалитативен карактер, што го диригира природата на науките (општествени науки, подлежни на моментално политичко расположение во државите од каде што доаѓаат експертите од соодветните области), посочува Филипов, можно е да дојде до забавување доколку некој од политичките чинители побара одложување или запирање на работата на експертската група сè до реализацијата на новите избори. Тоа, оценува, не е препорачливо бидејќи и онака самите експерти имаат тешкотии во наоѓањето заеднички формулации што треба да ги задоволат двете преговарачки страни. За поздравување е, додава, чинот што бугарската влада (премиерот Бојко Борисов) и голем дел бугарски интелектуалци благонаклоно гледаат и ги помагаат напорите за зачленување на Северна Македонија во НАТО и во ЕУ.

Кога станува збор за Договорот на Република Северна Македонија – Хеленска Република, што  не е билатерален договор, туку во него има и трет потписник, специјален пратеник на Советот за безбедност на ОН и олеснувач на разговорите, таму е можен извесен временски застој поради промената на власта во Грција (промена на експертите што разговараат за историските и образовните теми) и евентуална промена на експертите во македонскиот тим, доколку не ја заврши работата тој комитет. Нешто слично, вели, можно е да се случи и во експертските тимови што ја сочинуваат Меѓународната група експерти (МГЕ) за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитните знаци, што досега, посочува, не се случило.

„Во МГЕ не постојат одредени пречки што се евидентни кога се разговара за историја, зашто се работи за правни категории (трговски марки и географски називи), спорови за кои постои добра меѓународна практика и одлична правна регулатива во ЕУ и во светот. И грчкото и македонското законодавство од областа се наполно усогласени со европските директиви. Дополнително, се работи за разговор за приватна сопственост каде што главен збор водат деловните заедници, а Меѓународната група е тука во улога на олеснувач и советодавец и толкувач, а никако судија или арбитер: овде постои и подолг временски рок на располагање (три години од создавањето на групата (18 јуни 2019), со прв состанок одржан на 22 јуни 2019). Тоа значи дека на Конечната спогодба меѓу Скопје и Атина, предвремените избори ќе имаат помало влијание“, оценува амбасадорот Филипов.

Обврските од договорите „на пауза”

За извршниот директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Александар Кржаловски, „(не)очекуваната одлука на ЕУ за повторно одложување на почетокот на преговорите за членство на Македонија во Унијата, како и последователното закажување на изборите во април, во најмала рака, ќе го забават, ако не и целосно запрат спроведувањето на договорите со Бугарија и со Грција“.

„Иако Владата веќе изрази посветеност кон двата договора и најави продолжување на одреден број постапки што се во тек, а произлегуваат од договорите, сепак, поверојатно е дека поголем дел од тие обврски ќе се „на пауза“ за одреден период, меѓу другото и поради фокусот на изборните кампањи што ќе започнат наскоро, иако неофицијално, зашто законски не смеат да се водат до 20 дена пред изборниот ден. Уште повеќе, самата одлука на ЕУ налага преиспитување на нашиот однос кон евроинтеграциите и допрва градење национален консензус за принципите по кои сакаме да станеме дел од Унијата“, истакнува Кржаловски.

Александар Кржаловски

Имено, иако членството во ЕУ од осамостојувањето беше и сè уште е стратегиска цел на сите досегашни влади, како и на големото мнозинство наши граѓани, сега, вели тој, се поставува прашањето што сè ќе се бара за наше членство и по сите овие направени отстапки со двата договори. Дополнително, додава, Бугарија веќе излезе со нова декларација за условите за членство, кои всушност налагаат нови „попуштања“ од наша страна и излегуваат поприлично вон рамките на Договорот за добрососедство или барем нашите разбирања на договорот. Грција (со новата Влада) очекува допрва да се појави со такви дополнителни барања (ако воопшто стигнеме до точка на отворање на преговорите). Тоа, посочува, ќе не стави во прилично непријатна позиција на дополнително „проголтување на достоинството“ или, пак, нова перципирана „непопустливост“ како одговор на ваквите барања.

„Министерот Димитров веќе даде одлична изјава по повод бугарската декларација, во која внимателно ја смири топката и укажа на потребата да не се руши тоа што веќе е изградено со Договорот, но истакна и дека ни е многу важно тоа што сме македонски народ и го говориме македонскиот јазик, поставувајќи на некој начин наши црвени линии во оваа ситуација. Тоа (барем за јазикот е експлицитно) е во директна спротивност со Декларацијата на Бугарија, па е прашање како ќе се реши. Знаеме како ги решивме претходните спорови – со наше попуштање, но до кога би можеле така… и на крајот, сите си се запрашуваме – па дали вреди толку таа Европска Унија за евентуални наши понижувања“, вели Кржаловски.

Премиерот Зоран Заев деновиве изрази увереност дека договорите со Грција и со Бугарија ќе бидат целосно имплементирани.

„Договорите се билатерални и се важни за нашата земја и за Грција и за Бугарија. Мониторингот со забелешките на имплементацијата треба да стигне до крајот на месецот. Верувам дека 100-процентно ќе ги имплементираме догорите“, бидејќи тоа е на ниво на закон, рече Заев.

Кристијан Тимоние

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, во врска со договорите со Грција и со Бугарија,  очекува тие да бидат почитувани и од опозицијата, бидејќи, вели, станува збор за меѓународни договори, кои мора да се почитуваат, а изјавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен шеф на дипломатијата Антонио Милошоски дадена за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ дека неговата партија размислува да го врати уставното име ако дојде на власт, оценувајќи дека проширувањето е клинички мртво, ја коментира во изборен контекст, бидејќи нема потврда дека тоа е и официјален став на таа партија.

„Мислам дека треба работите да се остават на својата вистинска насока и да не драматизираме за таков напис. Во однос на гаранциите што беа дадени од страна на опозицијата, како впрочем и на поранешната грчка опозиција е според лат. збор Pacta sunt servanda („договорите треба да се почитуваат“). Јас сум сигурен дека еден поранешен министер за надворешни работи не може да излезе надвор од оваа линија, освен само кога станува збор за изборен контекст во рамки на кампања“, вели Тимоние, коментирајќи ја изјавата на Милошоски.

МИА

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу изјави дека Турција за пет дена постигнала историски договори со двете најголеми светски сили, Русија и САД.

Тој за агенцијата „Анадолија“ изјави дека турската операција „Извор на мирот“ претставува пресвртница за иднината на Сирија.

„Турција за пет дена постигна историски договори со двете најголеми светски сили кои го прифатија легитимитетот на операцијата“, рече министерот.

Чавушоглу додаде дека Турција со своите напори успеала да спречи формирање на терористичка држава во северниот дел на Сирија.

Во контејнер во камион во Есекс, пронајдени се телата на 39 мажи, а поради сомнеж за убиство уапсен е 25-годишниот возач на камионот од Северна Ирска.

Камионот со телата, за кој се верува дека стигнал од Бугарија во неделата, бил откриен рано утрово во индустрискиот парк Вотерглејд на Источната авенија, пренесе „Би-би-си“.

„Ова е трагичен инцидент во кој голем број луѓе го загубиле животот. Нашата истрага ево тек за да утврдиме што се случило“, изјави шефот на полицијата, Ендрју Маринер.

Меѓу починатите има и еден тинејџер.

Се работи на идентификација на телата, велат од полицијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во емисијата Клан Дебата се осврна на прашањето на договорите со соседите и декларацијата од Софија со која бугарската страна, меѓуи 20 точки, бара во некое идно членство на Македонија во ЕУ, да не смее да се користат „Македонец“, „македонски јазик“.

„Ниту еден договор мене не може да ми забрани да сум Македонец којшто говори македонски јазик и сум од Македонија. Јас многу пати сум го кажувал тоа дека со ниеден договор никој од нас не е обврзан да ја користи новата придавка“, рече Христијан Мицкоски.

Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека ова ќе се случи, а имено и потсети дека Заев се колнеше во жицата, го злоупотребуваше најмилото дека нема да го промени името на Република Македонија.

Не сите рецесии се криза, а следната не значи дека ќе биде толку лоша како таа во 2008-та година. Стравот од криза расте во САД. Сеќавањата на последната рецесија сè уште се свежи и ја загреваат оваа загриженост.

Последен пат кога Америка се соочи со рецесија беше во 2008-та година. Милиони луѓе останаа без работа, растот на БДП нагло падна и се соочија со банкрот.

Но, не се сите кризи такви. Понекогаш економијата може да расте и низ криза. Всушност, некои економисти веруваат дека светот веќе сега е во рецесија, но поголемиот број од луѓето тоа не го сфаќаат.

„Според нашите показалети, ние веќе сега сме во рецесија“ - изјавил Алесио де Лонгис, повозрасен менаџер во Invesc.

„Како што влегуваме во 2020-та година, растот се успорува на синхронизиран начин“.

 

Рецесија на растот е кога економијата расте и успорува. Трендот на растење на просечната стапка на растот која ја одржува невработеноста и инфлацијата на стабилно ниво. Светската еконимија растела во тренд од околу 3 отсто, изјавил Лонгис. Во 2018-та година глобалното БДП растело со темпо од 3.04 отсто според податоците од Светската банка.

Де Лонгис не е сам во својата проценка. Чарлс Шваб, стратег за инвестиции изјавил дека исто така светот е веќе во рецесија.

Неодамнешниот пад на американскиот производен сектор во трговската војна го уништил изгледот за глобалната економија. Се претпоставува дека економската зараза се шири од САД кон светот.

Силната потрошувачка пмогнала американската економија да остане во тек, но растот е успорен и во САД.

 

За САД, глобалната рецесија на растот веројатно ќе значи и побавен раст и милиони изгубени работни места како што тоа беше во последната рецесија пред 10 години.

Според очекувањето на тамошните економисти, се очекува растот на БДП во третиот квартал да достигне 1.8 отсто или пак 2 отсто.

Во Европа сето тоа изгледа многу помрачно, а шансите за рецесија се многу поголеми. Четвртата по ред економска сила, Италија била во техничка рецесија во втората половина на 2018-та година, а економски најголемата држава Германија оваа година бележи континуиран пад на економскиот раст, потсетуваат тамошните економисти.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, во Сирија доби војна без војна, така што американските сили одлучиле да ја напуштат таа земја, пишува германскиот весник "Die Welt".

Весникот нагласува дека повеќе никој не може да ги осуети плановите на Москва дека во регионот води "голема игра", иако изгледало дека на почетокот на 90-тите години од минатиот век Русија засекогаш изгубила. 

"Путин успеа во тоа што многу паметни воени експерти можат само да сонуваат. Победа без војна", пишува весникот.

 

Навел и дека раководството на НАТО мора сега да ја сфати сериозноста на ситуацијата и да реагира адекватно.

Потсетуваме, американскиот претседател Доналд Трамп минатата седмица започнал повлекување на американските сили од североистокот на Сирија, неколку дена откако Турција ја започнала воената операција - "Извор на мир".

 

Во меѓувреме претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган со заменик претседателот на САД, Мајк Пенс, договорил да ја сопре воената операција во период од 120 часа, за курдските единици да се повлечат од територијата која се граничи со Турција.

Top