Новинарот на „Ла Верита“ од Италија за порталот „Домовина.је“ открива од каде ги добил материјалите и видеата за случајот „Рекет“. Во интервјуто Гајзер зборува дека со години ја следел ситуацијата во Македонија и заклучил дека меѓународни мрежи се обидуваат да манипулираат со суверена држава за свои интереси.

Доверлив извор во Македонија ми предаде некои документи и видеа што укажуваат на тоа дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го рекетирала обвинетиот за корупција, убедувајќи го дека во замена за 8,5 милиони евра може да му обезбеди ослободување, објаснува Гајзер во интервјуто за словенечкиот портал.

Преку моите написи секогаш се обидував да и помогнам на Македонија да избегне вакво понижување, да укажам на погрешните чекори на Европска унија во таа држава и да спречам меѓународните мрежи да создадат од Македонија преседан за манипулирање со една земја и нејзините жители.

Градската управа на главниот град на Катар, Доха, започнала да ги фарба градските улици во сина боја, во рамки на пилот проектот за борба против екстремните жештини.

“Температурата на темниот асфалт е за 20 Целзиусови степени повисока од реалната температура, бидејќи црната боја привлекува и зрачи топлина”, изјавил градскиот инженер на Доха, Сад ел Досери, пренесува катарскиот весник “Раја”. 

Според неговите зборови, фарбањето на асфалтот ќе помогне да се намали температурата за 15-20 Целзиусови степени, но и да се зголеми животниот век на премазот.

Моментално патиштата се офарбани само на една од централните улици на градот, каде температурата поради недостаток на зелена површина може да порасне и до 50-тиот Целзиусов степен.

View image on Twitter View image on Twitter

 

 

Првпат во последните 14 години, организирана е нуркачка мисија кон остатоците од бродот Титаник кој повеќе од 100 години лежи на дното на Алтантикот.

Нуркачите откриле дека поради силните океански струи, корозијата од солта и бактериите која го разградува железото, остатоците од бродот Титаник исчезнуваат.

Најголемо пропаѓање забележано е на бочните страни каде што се наоѓале офицерските кабини.

„Капетановата када за капење која јасно се гледала, една од најдрагите слики на ентузијастите сега повеќе не е таму“ – изјавил историчарот Паркс Стефенсон специјализиран за Титаник.

Во текот на нуркањето истражувачите утврдиле дека на остатоците од Титаник се создадени суштества што само по себе е многу интересно затоа што станува збор за црни длабочини на кои температурите се на точка на смрзнување и ненормален притисок во кои животот сепак напредува.

„На остатоците од Титаник се наоѓаат микроби кои продираат во железото и ја ослабнуваат неговата структура... Веруваме дека тоа е најголемиот фактор за пропаѓањето на Титаник

Титаник е повеќе од 100 години на дното од морето по ударот во санта мразот на своето прво патување од Саутемптон до Њујорк во 1912-та година. На најголемиот патнички брод во тоа време животот го загубиле околи 1.500 патници.

Местото на кое што потона Титаник откриено е во 1985-та година, а една гдина подоцна организирана била првата нуркачка мисија.

Последниов период разни лица се предмет на линч во јавниот свет, поради новиот и засега најактуелен случај „Рекет“. Па така, овој пат ве запознаваме со детали за тоа која е Јасна Мандиќ - соработничка на Бојан Јовановски, меѓу останатото директорка на „1ТВ“, која ретко се споменува во јавноста.

Јасна Ерцеговиќ - Мандиќ е еден од сопствениците на Меѓународиот сојуз и нејзиното име е во тесна релација со бизнисите на Боки 13.

Името на Јасна Ерцеговиќ - Мандиќ првпат се појавува во јавноста пред 7-8 години, кога таа заедно со уште седум лица го основала здружението на граѓани „Ресурсен центар“, на родители на деца со посебни потреби, пренесува „А1 он“.

Пет години по формирањето на „Ресурсниот центар“, во 2017-та година се основа Меѓународниот сојуз кога Мандиќ првпат влегува во релација со Бојан Јовановски. 

Во хотелот „Александар Палас“, во јули истата година, се одржала првата конститутивна седница - заедно еден до друг седеле Боки 13, како претседател на здружението, ексминистерката за труд и актуелната потпретседателка на Собранието, Фросина Ременски, како почесен претседател и Јасна Мандиќ како потпретседател. Таа тогаш изјавила дека мисијата на Сојузот е револуционерни измени, кои му се потребни на општеството во поглед на хуманоста, што треба да се истакне кон граѓаните на кои навистина им е потребна помош, пренесува „А1 он“.

Од овие најави во јавноста не се видоа некои поголеми резултати. Две години подоцна, на веб-страницата на Меѓународниот сојуз, делот “проекти“ стои дека е во изработка, а последните активности се од декември, 2017-та година.

Според информациите на “А1 он“, токму Мандиќ е одговорна за целата идеологија на Боки 13, особено во хуманитарниот дел поврзан со работата на Меѓународниот сојуз. А, токму меѓународиот дел е почеток од работата, а телевизијата „1ТВ“ само понатамошен продукт.

Останатите информации поврзани со тоа која е Јасна Мандиќ, може да ги прочитате на „А1 он“.

Невладината организација „Билка“ се противи на законските измени со кои се воведуваат нови построги услови за одгледувачи на марихуана со цел никој друг да не може лесно да влезе во доходовните трговии. Адвокатот Јанаки Митровски смета дека сега медицинскиот канабис се користи за богатење на пријателите на власта.

Откако братучедите и пријателите на премиерот си го купија пола бизнис дојде време потполно да го монополизираат.

Си подговија нацрт закон со кој наместо првичните 4 се бараат 15 вработени, се дозволува извоз на цвет за да се дополнат со пари, се предвидува да правните лица плаќаат, мимо даноци и 10% од профитот а кои пари не е наведено како ке се трошат, се бара банкарска гаранција од милион евра небаре е казино, се бара од постоечките правни лица во рок од шест месеци да ги исполнат новите услови што за најголем дел од нив ќе значи катанец на врата.

Ова се официјалните забелешки на НВО БИЛКА со законските измени со кои НЕ СЕ СОГЛАСУВАМЕ. До кога медицинскиот канабис ќе се користи само како средство за богатење на пријателите на власта, додека за 6 грама канабис жестоко се гони? Зашто БИЛКА не евклучена во овој процес? Одговорот е јасен!!!!!”, пишува Митровски.

Предходно невладината организација Билка детално ги објасни сите нерегуларности во овој бизнис тежок десетици милиони евра:

Од страна на извршната власт, без консултација со невладин сектор и активисти, без инкорпорирање на Здружението за канабис и зелени политики БИЛКА, е изготвен исклучително лош нацрт Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци кој доколку се усвои, во пракса ќе значи дополнително монополизирање на медицинскиот канабис како и можност за занимавање со овој бизнис само за шака привилегирани. Ова се официјалните забелешки на НВО БИЛКА на нацрт законот:

– Со овие измени се основа посебна Агенција која ќе се нарекува Агенција за контрола на одгледувањето и екстракцијата на канабис и производи од канабис за медицински и научни цели. Но и покрај тоа останува да постои меѓуресорската комисија што сметаме дека е непотребно. Основање на Агенција беше и предлог на БИЛКА при состаноци со политички фактори и функционери во смисла тоа да биде едно место каде може да се добијат релевантни информации. Со постоење на два органи непотребно се прават и трошоци и сметаме дека може да дојде до конфилкт на овластувањата.

– Законот е порестриктивен од претходниот. Недопустиво е условите за одгледување афион да се полабави од оние за канабис. Конкретно за одгледување афион доволно е правното лице да вработува ЕДЕН вработен, а за канабис ПЕТНАЕСЕТ

– Овој закон воопшто не прави дистинкиција меѓу канабис богат со THC и канабис богат со CBD. Кога е ноторен фактот дека CBD-то е безопасно по здравјето на човекот(што е и официјален став на Светска Здравствена Организација), зашто не се дозволува слободна продажба на CBD канабис и производи од истиот?

– Сметаме дека овие законски измени ги фаворизираат исклучиво големите играчи, наспроти заложбите на БИЛКА да вклучи поголем број граѓани кои би имале бенефит од бизнисот. Од претходно предвидени четири сега законот предвидува минимум петнаесет вработени, што ги квадриплира трошоците. Зашто во старт државата ги сузбива микро и малите бизниси и кому тоа служи?

– Во делот на надлежностите на Агенцијата се и да “посредува во обезбедување со канабис за медицински и за научни цели, на установите од областа на образованието и науката (универзитети, факултети, институти и други), лабораториите, правните лица кои вршат промет со лекови на големо и мало (аптеки и веледрогерии), здравствените установи и ветеринарните установи, за нивни соодветни потреби,” Нејасно е која е потребата во еден слободен пазар државна агенција да има вакви ингеренции, сем ако интенцијата не е монополизација на пазарот преку ваков тип на надлежности.

– Како услови за добивање на лиценца се да правното лице изјави дека ќе уплаќа 10% од добивката во буџет кои ќе се користат по дополнително донесена програма. Ова е оригинална идеа на БИЛКА која екстремно лошо се спроведува. Нашите совети беа да правните лица бидат задолжени со 10% во форма на екстракт или цвет за болни кои се финансиски немоќни, а за возврат тие правни лица да добиваат одредени повластувања во висина на донираното. Вака поставениот норматив има повеќе цел да ги набрка потенцијалните инвеститори одколку да ги привлече. Врз основа на што да плаќаат уште десет проценти откако ќе платат данок? Дополнително не е јасна законската одредба за што ќе се користат тие средства?! За патни трошоци на пратеници?

– За лиценца се бара банкарска гаранција од ЕДЕН МИЛИОН евра. Ваквиот услов ќе предизвика да никој не дојде повеќе да отвори фирма за канабис во Македонија. Која е логиката да се бара екстремно висока гаранција и за што? Таков тип на гаранција обично се бара за банки, осигурителни компании, кладилници и оние правни лица кои евентуално ќе треба да исплаќаат одредени големи исплати како настанат осигурен случај, камати или добивки. Која е целта на барање на ваква исклучително висока гаранција сем да се сузбие конкуренцијата?

– И понатаму се инсистира на затворен простор со што не се согласуваме, во услови кога сме погодно поднебје за одгледување канабис.

– Законот третира само семе од канабис, а голем дел од производителите не користат семе туку т.н. процес на клонирање и предлагаме во овој дел законот да се доработи.

– Во делот на индустриски коноп се инсистира да се поседуваат договори за откуп за да се добие лиценца што е нон сенс и нема бизнис логика, кој ќе го купи конопот уште непроизведен, без да може да се увери во квалитет и слично?

– И понатаму се форсира исклучиво јавното здравство односно и понатаму само доктори од јавното здравство може да препишуваат лекови од канабис во услови кога кај нас јавното и приватното здравство се изедначени. Парадоксално во Македонија лекар од ПЗУ може да ви прави операција на отворено срце но не и да препише масло од канабис?

– И понатаму не постои регулација на CBD производи и нивен увоз

– Се дозволува извоз на цвет од канабис. Навидум добра идеја, која е повторно во функција исклучиво на големиот бизнис

– Се бара да постоечките правни лица во рок од шест месеци од влегувањето на сила на овој закон да ги исполнат изменетите услови предвидени со новиот нацрт закон. Оваа одредба ќе ги затвори речиси сите од постоечките правни лица, а веројатно тоа е и интенцијата. Воедно претставува своевидна измама бидејки ги квадриплира трошоците за вработени, зема дополнителни десет проценти од добивката и бара милион евра банкарска гаранција, услови кои не постоеле кога овие прравни лица решиле да инвестираат тука.

– Крајно, овие измени се подготвувани тајно без учество на јавноста. Зашто НВО БИЛКА не е консултирана?!

Британскиот премиер Борис Џонсон за време на посетата на Елисејската палата во Париз додека разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон ја качи ногата на масичка.

Тој насмеан, со едната нога на масичката што стоеше пред него, се шегувше пред снимателите со Макрон додека овој му ги покажуваше предметите во просторијата која ја преуредил по преземањето на функцијата.

Како што пренесува Бета, Борис Џонсон дури и им отпоздравил на снимателите пред да ја напуштат просторијата.

На крајот од разговорите е издадено соопштение дека двајцата политичари имале конструктивен разговор за Брегзит.

Излезе селското од англискиот премиер

Почна од изјавата на државниот јавен обвинител Љупчо Јовевски, кој надвор од своите овластувања, ја наметна идејата дека наместо Катица Јанева сега Советот треба сам, без одлука на Собранието и препорака до Советот, да избере вршител на должност шеф на СЈО. Изјавата на Јовески претставува директен повик на суспензија на овластувања на Собранието кое, според Законот за СЈО единствено избира шеф на СЈО со двотретинско Бадинтерово мнозинство, а предлогот потоа го дава на гласање до Советот на обвинители.

И премиерот Зоран Заев вечерва го повика Советот на обвинители да избере в.д. специјален обвинител на СЈО со што, уште еднаш, се покажа спрега на политичко заедништво помеѓу СДСМ, извршната власт и државниот обвинител Јовевски, дури и во вакво зовриено време таа соработка не се крие, а токму заради таквата соработка помеѓу Заев и Катица Јанева СЈО доби моќ без контрола која заврши со корупција.

Според универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во СЈО не може да се избира в.д. специјален јавен обвинител, затоа што се работи за строго монократски орган. Тој вели дека доколку се разреши Јанева, во истиот момент им завршува мандатот и на другите обвинители во СЈО.

Обвинителите што му помагаат дури немаат вистински целосен мандат за разлика од сите други обивинители, аналогија не е можна бидејќи духот на овој закон дава овластување специјално на обвинителот кој се бира во специјална процедура, а сите други се негови помошници, така што нема други можности според идејата и духот на законот да има в.д. обвинител од редот на обвинителите. Според Законот за СЈО, нивното разрешување е директно врзано со мандатот на специјалниот јавен обвинител. Смислата на законот е меѓудругото е да се тие нејзини луѓе од доверба, тие се еден тим, еден за сите сите за еден, вели Калајџиев за Канал 5.

Калајџиев вели дека постапките на СЈО кои не се директно загрозени од злоупотреба во моментов ќе мируваат, а потоа ќе продолжат со новиот обвинител, останатите за кои постои сомневање за злоупотреби вели мора да сопрат. Професорот Гордан Калајџиев е инаку најспомнуваниот кандидат за шеф на СЈО во времето кога за таа функција се бираше Катица Јанева.

На вечерашната седница на ЦО на СДСМ за нов заменик-министер за економија, премиерот Заев ќе го предложи  Кирил Колемишевски, дознава Алсат ТВ. Тој на ова место доаѓа од челната позиција во Македонската банка за поддршка на развојот каде последните пет месеци беше в.д. директор. Актуелниот заменик во ресорот на Крешник Бектеши, Кире Наумов, ја напушта функција и заминува на друга позиција.

Кирил Колемишевски  на јавноста ` е познат како член на бендот „Нокаут“ иако е адвокат кој се занимава со стопанско право.

Освен Колемишевски, се очекува вечерва ЦО на СДСМ да го поддржи предлогот, Нина Ангеловска да биде кандидат на СДСМ за министер за финансии на упразнетото место на Драган Тевдовски.

На 20.08.2019 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 17.40 часот во Аква паркот при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.И.(22), Н.Б.(23), и Б.Н.(23), сите од Скопје, од една страна и Г.Р.(21), Р.Ш.(25), А.С.(19), Р.З.(19), Е.М.(19), С.К.(20) и Л.Ш.(21) сите од Скопје, од друга страна. Лицата биле приведени во Полициската станица Карпош и сочинети се записници за констатиран прекршок член 11 став од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Европската Комисија засега се воздржува од коментари за случајот „Рекет“ и вчерашната одлука за притвор на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, порачаа портпаролските служби на ЕК за МИА.

Сепак, од Европската Комисија нагласуваат дека од македонските власти се очекува темелна истрага.

– Не коментираме тековни истраги, ЕУ потсетува дека е важно да продолжи борбата со корупцијата од високо ниво и да се воспостави правна одговорност за секаков криминал, стои во кусиот одговор на Европската Комисија до МИА.

Извори во Европската Комисија, која одигра значајна улога во создавањето на СЈО за време на преговорите од Пржино, велат дека од блиску се набљудуваат настаните во Северна Македонија околу случајот „Рекет“ и дека засега во ЕК немаат јасна слика за тоа што точно се случува.

– Ситуацијата е многу комплексна, и чекаме да добиеме појасна слика и повеќе информации за да можеме евентуално да коментираме, велат дипломатите во Брисел.

Поврзана слика

Работата на СЈО, борбата против корупцијата и организираниот криминал се меѓу клучните услови за добивање датум за преговори во октомври, датум кој досега два пати беше одложуван.Во Брисел никој не сака да шпекулира дали и како ќе се одразат последните случувања врз одлуката за доделување датум за преговори, но проценката е дека доколку власта и опозицијата во Северна Македонија покажат одлучност да се справат со корупцијата и да изнајдат трајно и убедливо взаемно решение, датумот сѐ уште е на дофат за земјата во октомври, коментираат за МИА дипломатите во Брисел.

Top