(0 гласови)

Во Трговскиот центар во Кочани денеска околу пладне се самозапали маж на 40-годишна возраст.

Според информации од очевидци, лицето се полеало со бензин по што извадило запалка и се запалило. Минувачи и граѓани веднаш се обиделе да му помогнат и да го изгаснат пламенот, употребувајќи противпожарни апарати од соседните дуќани.

Повикани биле и екипи од Територијалната противпожарна единица и од Итната медицинска помош, по што лицето е однесено во Општата болница во Кочани.

Од Болницата потврдија дека повредениот се здобил со тешки изгореници и поради сериозноста на здравствената состојба итно е префрлен на клиниките во Скопје.

 
(0 гласови)

Додека американскиот претседател Доналд Трамп е на Светскиот економски форум во Давос,американскиот Сенат отфрли неколку барања на демократите во врска со процесот за негов импичмент. Сенатот, кој е под контрола на републиканците, отфрли барања за документи што треба да бидат доставени во процесот од Белата куќа, Стејт департментот, Министерството за одбрана и Канцеларијата за буџет.

Беше одбиено и барањето на демократите да биде повикан да сведочи и Мик Мaлвани, директорот на канцеларијата за менаџмент и буџет, како и вршител на должност шеф на Кабинет во Белата куќа.

Судењето за импичмент на републиканскиот претседател Доналд Трамп во Сенатот се одвива во атмосфера на недоразбирања меѓу спротивставените страни околу процедурата на целиот процес. Првата обврска на Сенатот кој го предводат републиканците е изјаснување за временската рамка на судењето што го предложи Мич Меконел, лидер на мнозинството во Сенатот.

Според предлогот, демократите кои во случајот се обвинители и правниот тим на Трамп имаат по 24 часа во наредните два дена да ги претстават своите видувања. Меконал е за што побрзо завршување на процесот, односно тој најмногу да трае две недели. Адам Шиф, демократ кој е задолжен за обвинението изјави дека републиканците организираат наместен процес во сенатот.

Ова е трет случај во американската историја претседателот на државата да се соочува со можмо отповикување.Претседателот Трамп е обвинет дека извршил притисок врз Украина да ја присили да го испита неговиот политички ривал, поранешниот потпретседател Џо Бајден, и за мешање во Конгресот што го испитува случајот. Трамп негира какво било злосторство и ги обвини демократите дека сакаат да ја оспорат неговата победа на претседателските избори во 2016 година.

(0 гласови)

НАТО до 2022-ра година ќе ги развие новите стратешки беспилотни летала "Global Hawk", кои ќе можат без престан да летаат 30 часа, што може да обезбеди увид и во тоа што се случува во Русија, изјавил генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг за норвешкиот весник "Верденс ганг".

"Ако ја имавме оваа технологија во 2014-та година, кога Русија користеше воена сила во Украина и го анектираше Крим, таа би ни дала многу попрецизни информации за тоа што се случува. Во период на криза постои голема конфузија и неизвесност и многу е важно да се имаат доверливи информации", рекол Столтенберг. 

Тој објаснил дека дроновите ќе можат да летаат на висина од 18 километри, а дека радарот и сензорите ќе можат да дадат остри слики од тоа што се случува на земјата, во распон од 200 метри.

 

Според неговите зборови, новите беспилотни летала на Алијансата и пружаат единствена предност, каква немаат ни Русија ни Кина, кои немаат дронови кои можат да летаат на толкава висина, а САД се единствената држава која има нешто слично.

Столтенберг додал дека двете летала моментално се тестираат во база на Сицилија, а дека во текот на годината ќе бидат доставени уште три дрона.

НАТО купил 10 беспилотни летала "Global Hawk".

 

 

(0 гласови)

Искусните автократи ретко даваат оставка, а не ни исчезнуваат тукутака. Така, Владимир Путин минатата среда вешто ги уфрлил предлозите за неколку измени во рускиот Устав во својот годишен говор за државата, по што веднаш уследила оставка на целата Влада, под претпоставка дека претседателот, кој има 67 години, ги поставил темелите за продолжување на своето 20-годишно владеење по истекот на неговиот моментален мандат во 2024-та година.

Меѓутоа, тоа што тој го предложил не било ништо толку едноставно, како што би била промената на ограничувањата од два едноподруго мандати на чело на државата, што го пропишува рускиот Устав, пишува "New York Times". 

Путин не сака да "допира" во рамките на постоечкиот систем кој во целост е под негова контрола. Последен пат кога повлекол брз потег за да го продолжи престојот во власта, Русите излегле на улиците и негодувале.

Овој пат претседателот ја започнал својата махинација четири години однапред, држејќи ги сите во целосна збунетост.

 

Тоа што предложил е всушност следното. Прво, на Долниот Дом на Парламентот да му се додели поголема моќ за избор на министри, вклучувајќи го и самиот премиер, кој моментално го предложува претседателот, а законодавното тело само го потврдува. Второ, да му се забрани на претседателот да отслужи повеќе од два мандати. И трето - да се даде некаква власт на Државниот совет.

Путин, да потсетиме, за премиер именувал човек на кој не сметал никој - Михаил Мишустин, кој бил шеф на даночната управа. Мишустин се смета за компетентен, но не и за закана за Путин. Од друга стана, знае многу тајни кои би можеле да му помогнат на неговиот шеф доколку било кој во елитата помисли дека е многу важен или значаен.

Овие мерки кои ги предложил Путин наговестуваат неколку сценарија. Најизвесно е тоа дека Путин ќе ја задржи контролата преку новооснованиот Државен совет. Неговиот наследник на местото претседател би бил деградиран, така што Путин би ја задржал значајната моќ од "зад завесата".

Предноста на овој систем би била таа што Путин, вршејќи команда, би можел да го обвини премиерот за било какви недостатоци, а исто така и парламентот за именувањето на таквиот премиер. Престојот надвор од главната сцена би му овозможил на Путин да ги намали работните часови и да се посвети во уживањето во своите милијарди.

Без разлика на неговите крајни намери, Путин има авторитет и популарност преку референдум да ги истера уставните амандмани без сериозен отпор и на време да го испланира својот следен потег. Тоа за Западот значи дека нема да има промена на политиките до 2024-та, а веројатно тие нема да се менуваат ни после тоа.

(0 гласови)

Пред салонот М -КАР  во Скопје Државна Лотарија додели  уште еден автомобил MINI ONE од инстант лозот МИНИ И МАКСИ.
Среќниот добитник на кој  ги предадовме клучевите од прекрасниот автомобил е Меридон Муртезани од Тетово.
Меридон ни ја раскажа неговата среќна приказна.

Имено, тој често купува инстант лозови, а на роденденот на неговата внука барајќи подарок за неа во трговскиот центар Палма мол во Тетово,  од  продажното  место на Државна Лотарија 

купиле само два лоза МИНИ И МАКСИ. Еден од двата лоза му донел три исти симболи и посакуваниот автомобил MINI ONE. 
Меридон пресреќен за добивката вели дека кој игра тој и добива и дека не престанува тука со игрите на среќа на Државна лотарија.

Dobitnik MINI oNE 2


Тој го напушти салонот со новиот автомобил кој ќе го вози низ улиците на Тетово.

 Инстант лозот МИНИ и МАКСИ во продажба е од 06.09.2019 година, a како главни добивки од овој инстант лоз се 10 автомобили  BMW X1 и 5 автомобили MINI ONE. 

Покрај автомобилите лозот нуди можност и за многу парични добивки. Не пропуштајте ја шансата за МИНИ инвестиција од 80 денари да дојдете до МАКСИ добивка со инстант лозот МИНИ и МАКСИ. 

(0 гласови)

Милитантите во Сирија се обиделе со дронови да ја нападнат руската авиобаза Хмејмим, соопштиле од Министерството за одбрана од Русија, меѓутоа рускиот ПВО реагирал навреме и ги уништил воздушните мери.

„Russia today“ пренесува дека рускиот противвоздушен ракетен систем успеал да го одбие нападот. По нападот се огласило и руското министерство за одбрана кое ја објавило следната изјава:

„Три воздушни мети со мала величина се приближија на рускиот воен објект на североистокот, вчера навечер 19-ти јануари 2020-та година. Ги открија руските противвоздушни ракетни системи во воздухопловната база Хмејмим. Воздушните цели се уништени на сигурна оддалеченост од базата. Нема жртви или пак материјални штети. Руската база продолжува да работи како и вообичаено“.

Според истражувањата, руската војска во текот на 2019-та година уништила најмалку 58 беспилотни летала и 27 ракети додека се борела со одбивање на нападите на воздушната база.

Погледнете го видеото:

(0 гласови)

1ТВ по долго време откако излезе аферата со случајот Рекет, се огласија на социјалните мрежи.

– Нашата прва објава ја посветуваме на Бојан Јовановски, човекот кој ја создаде 1ТВ и се бореше секој вработен да има достоинствен третман, човекот кој беше другар со секој вработен во телевизијата, сведоци сме на фактите кој бил и како бил, стои во соопштението.

Велат дека целата јавност ќе биде изненадена од позадината и вистината за Рекет.

– Како беше изреката, вистината е како шило, а тоа шило ќе го дупне надуениот балон за Рекет, стои во соопштението до јавноста.

(0 гласови)

Три ракети од типот „Качуша“ паднаа во Зелената зона во близина на американската амбасада во ирачкиот главен град Багдад.

Британската новинска агенција „Ројтерс“ утринава пренесе дека нови експлозии одекнале во таканаречената Зелена зона во Багдад каде што се сместени бројни амбасади.

„Раша Тудеј“ пренесува дека најмалку две експлозии одекнале во околината на Зелената зона, односно во близина на американската амбасада, но засега нема информации за можни повредени или жртви.

„Од амбасадата се слушаат сирени“, открил извор за рускиот медиум, а на ЈуТјуб се појавија и видео снимки направени од местото непосредно по ракетирањето.

Ова не е прв пат да се гранатира Зелената зона во Багдад во последниве неколку месеци. Меѓу другите, воената база „Таџи“ беше мета на напади на 14-ти јануари, а претходно на 8-ми јануари одекнаа две силни експлозии во Багдад. Зелената зона беше мета на напади и на 5-ти јануари кога беа повредени неколку лица.

 

(0 гласови)

Засега непознат хакер на „Дарк Веб“ објавил листа со лозинки на преку 500.000 сервери, рутери и паметни уреди.

Листата објавена на популарниот форум за хакирање, вклучува IP адреси, кориснички имиња и лозинки.

Останува нејасно колку податоците се веродостојни, бидејќи сите списоци датираат измеѓу октомври и ноември, 2019-та година.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека, дури и IP адресите и лозинките да се ажурирани или променети, добро обучените хакери и понатаму можат да ја искористат сличната „ранливост“ на другите уреди групирани на ист ISP.

(0 гласови)

Во Министерството за надворешни работи започната е внатрешна постапка, преку која треба да се утврди дали имало злоупотреби при набавката на пасошите, изјави во понеделникот техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, по медиумските извештаи за курупција во изност од над 12 милиони евра при набавките на новите пасоши.

„Во однос на пишувањата на одредени медиуми за незаконист во постапката за набавка на пасоши, тоа што во моментов можам да потврдам е дека во рамки на Министерството за внатрешни работи во тек е интерна постапка која треба да утврди дали постојат одредени елементи кои укажуваат на можни злоупотреби при набавката на патни исправи. За сите недоследности кои би се утврдиле ќе биде покрената соодветна постапка за што јавноста би биле информирана“, изјави Чулев.

Претходно, порталот Вечер објави документација според којашто спротивно на прописите со германскиот изработувач на пасошите, кој е единствени понудувач била потошана Одлука за измени од претходната Одлука за јавната набавка која од се зголемила за околу 12 милиони евра нови пари. Така, повеќе не биле 7 туку се 19,5 милиони евра за плаќање за пасошите, колку што побарале од „Veridos GMBH“. Со други понудувачи воопшто не се ни разговарало, а со леснотија се доддаени нови 12,5 милиони евра на претходните 7 за иста набавка, или цената на тендерот е зголемена за околу 170 отсто.

 

Top