(0 гласови)

Денеска инстант лозот Мини Макси донесе Среќа Плус на млад брачен од Битола.

Лилјана и Илија Ванчовски, од денес ќе се возат во својот автомобил MINI ONЕ благодарение на СРЕЌА ПЛУС на Државна лотарија.

Со оглед на тоа дека се верни играчи на игрите на среќа на Државна лотарија, среќните добитници чија свадбена прослава се одржала на 25 октомври, на свадбената покана напишале дека наместо цвеќе и бонбониери би сакале да добијат инстант лозови. Од многуте коверти со инстант лозови кои се специјално дизајнирани и наменети за ваков вид на прослави имале помали добивки за кои на продажното место Димпо во Битола, направиле замена исклучиво со инстант лозот Мини и Макси посакувајќи еден од атрактивните автомобили. Денес со клучевите во рака, Лилјана и Илија, среќни ни раскажаа за нивното неизмерно изненадување, возбуда и среќа. Убаво е кога заедничкиот живот ќе го започнеш со СРЕЌА ПЛУС.

kgn img 497969

Приказната на Лилјана и Илија е уште еден доказ за успехот на СРЕЌА ПЛУС на Државна лотарија и потврда дека секому среќните мигови можете да му ги направите уште посреќни со дарување инстант лозови.

Им честитаме на младенците на кои подарените инстант лозови им донесоа вистинска СРЕЌА ПЛУС и им пожелуваме долговечна заедничка среќа.

Денес, на денот на љубовта и виното, ве потсетуваме дека е убаво време за дарување. Во среќни мигови дарувајте инстант лозови и подарете шанса за СРЕЌА ПЛУС на Вашите сакани.

(0 гласови)

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, смета дека Босна и Херцеговина нема да постои на пролет следната година ако не се врати на дејтонската позиција.

Тој порачал и дека Република Српска тргнала на пат за излегување од БиХ, од кој нема враќање. 

"Ние ќе го направиме тоа и нема да не спречат ни САД ни било кој друг, бидејќи сметаме дека Дејтонскиот договор е урнат, пред се со интервенција на меѓународни фактори", рекол Додик пред новинарите во Сараево.

Тој навел дека времето ќе покаже колку Република Српска е сериозна во таа намера, наведувајќи дека Српска има избор меѓу две опции, од кои едната е да си дозволи на себе тивко да исчезне и да биде урната преку "смртоносниот" пакет кој го направиле меѓународната заедница и босанската страна во Сараево.

 

"Во првата фаза тоа беше реализирано преку висок претставник и наметнување на решенија, а сега тоа го прават преку Уставниот суд, сакајќи тоа да го заштитат со приказната за владеење на правото. Ако станува збор за владеење на правото нема тука да одлучуваат странци и амбасади", истакнал Додик.

Тој додал дека е друга работа "Република Српска да го направи тоа што мора", пренесува Sputnik.

"Сакам сите во Република Српска да знаат - работата дојде до ѕид и ние сега мора да одлучиме дали ќе прифатиме американската амбасада и западните амбасади со тие лажни флоскули да не одржат во некоја приказна со некои начела, а во суштина ги поткопуваат нашите права", рекол Додик.

Додик нагласил дека ни тој, ни било кој друг нема право да го занемари фактот дека за Република Српска и слободата на нејзините граѓани загинале 29.000 луѓе.

Тој повторил дека Српска не може да верува во БиХ.

"БиХ е лошо место и место за неслобода на Србите и Српска. Ако нема договор странците да заминат од Уставниот суд и тој да биде ставен во функција, како во сите други држави, тогаш нема ни БиХ. Тоа нека го запаметат", нагласил Додик.

 

Со оглед на последните случувања во БиХ и на пресудата на Уставниот суд за земјоделското земјиште, Додик нагласил дека би било најдобро народите во БиХ да се разделат и да се направи "нешто што би било простор за слободно движење на луѓето и робата", со оглед на тоа дека не е можно да се создаде држава која функционира на принцип на два ентитета и три конститутивни народи.

"Што и да направат, сега мора да знаат дека влегоа во стартната позиција за самостојност на Република Српска. Ние нема да дозволиме, ова е црвената линија која е премината. Уставот на БиХ јасно ги пропишува надлежностите на БиХ, а никаде не пишува дека Имотот влегува во нејзината надлежност", пишува Додик.

(0 гласови)

Новиот коронавирус, сега официјалниот наречен Ковид-19, е сличен на оној кој бил откриен на лилјаци во Кина во 2013-та година.

Меѓутоа, недостигот на постапување во склад со предупредувањата на оние кои го проучувале значи дека сме пропуштиле можност да го заштитиме населението. 

Иако некои сега тврдат дека вирусот Ковид-19 на луѓето се пренел од панголите, веројатно е дека тие животни биле само жртви на инфекцијата, како и луѓето.

"Од досега достапните визуелни докази, вирусот речиси сигурно дошол од еден вид на лилјаци", вели Ендру Канингем од Зоолошкото друштво во Лондон.

Со години Женг Ли Ши и нејзините колеги од Институтот за вирологија во Вухан ги изолирале коронавирусите од лилјаците во пештерите во кинеската провинција Јунан.

 

Во лабораторија во 2013-та година пронашле коронавирус кој може да ги зарази човековите клетки. Минатата недела Женг известила дека тој вирус е 96 проценти идентичен со вирусот Ковид-19, кој сега се шири меѓу луѓето.

Во 2016-та година, Вејн Мараско од медицинскиот факултет на Харвард и неговите колеги откриле дека вирусот кој го откриле Женг и нејзината екипа може да се репродуцира во клетките на човековите дишни патишта. Тие тој вирус го опишале како "предодреден да се појави кај луѓето".

Меѓутоа, понатамошните истражувања на вирусот ги спречила одлуката на американската влада да се забрани работата на промена на вирусите на начини кои би можеле да ги направат поопасни.

 

Работата на екипата насобрана околу Женг исто така открила дека вирусите може да се пренесуваат директно од лилјаци на луѓе кои живеат во близина на нивните пештери. Нејзините забелешки укажуваат дека не е неопходен пангол за вирусот Ковид-19 да се прошири на луѓе, а претходно открила дека и САРС може да мине од лилјаци на луѓе, а претходно да не зарази други животни.

Минатата година предупредила дека постои голема веројатност дека коронавирусот ќе се прошири од лилјаци на луѓе во Кина. "Истражувањето на коронавирусот на лилјаци станува итно прашање за рано откривање на знаците за предупредување", напишала таа тогаш.

Со оглед на тоа дека таа можност била пропуштена, Женг повикала на зголемување на напорите за да се развијат лекови и вакцини.

Потсетуваме, бројот на починати од коронавирусот во кинеската покраина Хебеј скокнал денес за рекордни 242 и вкупно изнесува 1310, а дошло и до големо зголемување на бројот на нови потврдени случаи на зараза по примената на новата дијагностичка методологија.

(0 гласови)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е убеден дека на 12 април ќе има предвремени избори, а ако Собранието не се распушти до недела, според него ќе настапи сериозна политичка криза.

„Убеден сум дека ќе се одржат изборите на 12 април. Ако не се распушти Собранието до недела влегуваме во сериозна политичка криза“, вели Мицкоски, кој вчера гостуваше во емисијата на Алфа „Што не е јасно?“ во одговорот на прашањето дали по барањето за разрешување на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е можно да се случи престврт и да се доведе во прашање одржувањето на изборите.

Тој рече дека во Собранието се врши пазар за да се обезбеди двотретинско мнозинство за предлог законот за јавно обвинителство.

„Не би сакал да се симнувам толку ниско да откривам како течел пазарот денеска. Но ова е показна вежба што ќе се случува на 12 април, и ден потоа кога ќе изгуби Заев и ќе се види уште еднаш на што сѐ е подготвен“, вели Мицкоски, според кого предлог-законот за ЈО е неуставен и неговата партија нема да го поддржи.

Тој зборуваше и за тоа зошто неговата партија нема да го напушти Собранието, појаснувајќи дека доколку неговата партија се одлучела на таков чекор експресно ќе биле изгласани не само законот за ЈО, туку и  други закони, од кои според Мицкоски ќе профитира семејството на Заев.

„Најсреќен ќе беше Зоран Заев да го напуштевме ние денеска парламентот, сите оние закони за марихуана ќе си поминеа. Најсреќен тој ќе беше ние вчера да завршевме со изјава после ИК на партијата дека го напуштаме парламентот. Сите верувајте денеска на брза трака ќе влезеа сите закони, не закон за обвинителство туку оние закони кои ќе донесеа пари во фамилијата“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

(0 гласови)

На снимката која ја објави сириската новинска агенција „САНА“ може да се види како еден од мештаните со американско знаме во рацете се расправа со тројца американски војници, откако во близина на неговото село дошло до инцидент во кој војниците убиле 14-годишно дете.

 

(0 гласови)

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев до Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел докази за злоупотреби од вработени во МВР со јавната набавка на обрасци за лични документи.

Издавањето на личните документи доцни и се создава метеж од декември 2019 година поради недостиг на обрасци.

Министерот Чулев вели дека вината за тоа е кај Оливер Спасовски кој четри години не презел мерки за набавка на обрасци за лични документи. Анализите во Министерството покажале дека обрасците место со нов договор се обезбедувале по пат на анекси на стариот договор со компанијата „Веридос“, па договорот од 7,2 милиони евра, со анексите се искачил на 12,8 милиони евра во кои влегла и набавка на хардвер без софтвер.

„Нашите индиции, со докази, дека одговорни лица ја злоупотребиле службената положба и овластување ги доставивме до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Доколку се потврдат ние ќе иницираме дисциплински постапки против вработените“, рече министерот Чулев.

Тој рече дека ќе почека Обвинителството да утврди точно кои вработени кои работеле на јавната набавка ја злоупотребиле службената положба, но дека доказите се главно за комисиите кои се менувале, се откажувале членови, се назначувале нови кои ги одобрувале анексите со кои договорот постигнал речиси двојно повисока вредност од првичната. Иако вредноста била дуплирана, во анексите не бил прецизиран начинот на плаќање, не бил утрвден рокот на плаќање, ниту рокот за доставување на обрасците, немало технички спецификации за изгледот на новите документи, за службените и дипломаттските пасоши и за техничките спецификации место МВР било оставено да одлучи „Веридос’, а имало авансни исплати.

За надминување со настанатиот хаос околу издавањето на личните документи Чулев вели дека одлучиле службите за издавање лични документи во Скопје, Беко и Ѓорче Петров, до изборите да работат и во сабота и со продолжено рабтно време односно од 07.30 часот до 21 часот.

Метежот поради доцнењето во издавањето на лични карти и возачки дозволи, министерот Чулев рече дека веќе се надминува, а за проблемот со пасошите најави дека детално ќе ги информира граѓаните утре.

Минатиот месец на прес – конференција, Чулев рече дека обрасци за пасоши имаат до средината на февруари, а новата набавка е на 28 март. Како ќе го решаваат овој проблем Чулев рече дека ќе соопшти утре.

(0 гласови)

Потврдено е присуство на коронавирусот кај еден од македонските државјани кои се наоѓаат на бродот “Diamond Princess” во Јокохама, Јапонија, соопшти МНР. Како што се додава, заразениот во моментот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија.

Од МНР велат дека Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин.

Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот.

Министерството за здравство на Јапонија продолжува со спроведување на тестови за присуство на коронавирусот кај лицата кои се наоѓаат во карантин на бродот. При вршење на анализите предност имаат лица со симптоми кои укажуваат на присуство на вирусот, лица над 75 годишна возраст и лица со хронични заболувања.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, преку амбасадата во Токио, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во Јапонија и остварува комуникација со надлежните јапонски органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на корона вирусот.

(0 гласови)

На социјалните мрежи се појавија шокантни снимки кои го прикажуваат целиот хорор, страв и бес на кинеските државјани додека ги ставаат во карантин поради наглото ширење на коронавирусот.

На снимката се слуша врескање на жена која официјално ја ставиле во метална кутија за да ја однесат во изолација.

Кинескиот претседател на Владата, минатата седмица им наредил на властите во Вухан сите потврдени и потенцијални заразени од коронавирусот, оние кои имале контакт и оние кои имале грозница, да се стават во карантин, пренесуваат од „Daily Mail“.

На снимката која станала вирална на Твитер се гледаат маж и жена додека ги носат до металната кутија која се наоѓа во гепекот на камионот.

На втората шокантна снимка наводно се гледа четиричлено семејство кое го извлекуваат од зградата луѓе кои се облечени во заштитни одела.

Судејќи според снимката, може да забележиме дека тие одбиваат да одат во карантин. Снимката наводно настанала во градот Нантонг во источна Кина.

Автентичноста на снимката не може да се потврди.

(0 гласови)

Со изборите во американската сојузна држава Ајова започна трката за Белата куќа, а се случи и големо изненадување во редовите на Демократите.

Додека сосема очекувано Трамп освои најмногу републикански гласови, најмногу гласови кај Демократите освои кандидатот Пит Бутиџиџ.

Меѓутоа, на резултатите им претходеше скандал - гласовите на Демократите не биле преброени на време, па доцнеа, а подоцна се дозна дека дошло до хакерски напад.

Во американските медиуми веднаш се појавија гласини дека Пит Бутиџиџ, инаку прв кандидат за претседател на САД кој не крие дека е геј, работи за ЦИА и дека наводно стои зад изборното фијаско по кое ја однесе победата.

 

Откако на Твитер стана вирален хаштагот #CIAPete, се огласи самиот Бутиџиџ кој демантираше дека работи за најголемата американска разузнавачка служба. Сепак, во меѓувреме испливаа документи од неговата воена кариера во која е очигледно дека воената разузнавачка единица во која бил во Авганистан, соработувала со ЦИА.

Единицата под надзор на Пит Бутиџиџ била подгрупа на ДЕА, американска агенција која се занимава со наркотици и е заслужна за фаќањето на најголемите нарко босови во светот, претежно во Латинска Америка.

Претходно во својата кариера, Пит Бутиџиџ работел во USEUSCO (United States European Command) како разузнавачки аналитичар. Во документите е откриено дека тој пренесувал разузнавачки информации за USEUSCO, потоа за НАТО и единиците распоредени во други команди, вклучувајќи ги и операциите во поранешна Југославија и Африка.

 

После две години од почетокот на неговиот градоначалнички мандат, Бутиџиџ во 2014-та година повторно бил повикан на должност, овојпат да служи во американската морнарица во Авганистан. Тој поминал 6 месеци во Авганистан каде работел против трговијата со дрога на Талибанците.

(0 гласови)

На собраниска комисија пуштена нова снимка „бомба“ поврзана со случајот „Рекет“. Имено, пратеникот Антонио Милошоски денеска пред повеќе пратеници пушти аудиозапис во кој, како што објасни, се слуша гласот на лицето З.З. , а алудирајки на експремиерот Заев, како наводно разговара со друго лице за обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.

-Транскриптот фрла мала светлина зошто некој не сака нелегално снимени разговори да бидат доказ во судски постапки, рече Милошоски пред пратениците.

Милошоски го прочита транскриптот на присутните, каде како што укажа пратеникот лицето З.З. му се обраќа на трето лице со следниве зборови, а во врска со обвинетиот за „Рекет“, Боки 13:

-Му требаат пари за телевизијата и прави комбинации. Го прашав од каде парите за телевизија. Тој ми рече од Хрватска, но главно од Циле, Силјан Мицевски, од тоа проектот за старечките домови, прочита Милошоски дел од транскриптот.

Инаку, Милошоски објасни дека снимката е од „свиркач“ и решил да ја сподели со јавноста бидејќи содржела индиции за вмешаност во криминал.

Top