(1 Гласај)
Новата снимка која ја објави “CBS Evening News” јасно го прикажува апсењето на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој почина откако полицаецот Дерек Чавин со колено му го имаше притиснато вратот пет минути. Имено, на снимката може да се види дека Флојд воопшто не им дава отпор на полицајците, што е спротивно од изјавата на портпаролот на полицијата кој тврдеше дека Флојд давал отпор при апсењето.  
(0 гласови)
Додека новиот документарец "Jeffrey Epstein: Filthy Rich", со право се концентрира на неговите (во главно малолетни) жртви, тој исто така содржи и некои одвратни откритија во врска со моќните пријатели на покојниот милијардер педофил. Тука е и претседателот Трамп, кој откако тврди дека откако "се разделил од својот пријател од Палм Бич, Епстајн, со него не разговарал 15 години". Една од жртвите на Епстајн, Вирџинија Жуфре, ги обвинува Епстајн и неговата десна рака Жислен Максвел, дека ја принудиле да има секс со принцот Ендру.  Поранешниот претседател Бил Клинтон признал дека летал со приватниот авион на Епстајн, наречен "Lolita Express" -…
(0 гласови)
Морничавата сцена која што се одиграла на улиците на Минеаполис предизвика огорчување ширум Америка, а некои од тамошните јавни личности го искажаа бесот на социјалните мрежи. НБА светот исто така е огорчен од убиството на несреќниот Џорџ Флојд, чиј живот го згаснал полицаец расист. Злосторството во Минеаполис ја обиколи цела планета, како потврда дека расизмот во САД сè уште постои и дека истиот е голема болка во општеството. Полицаецот врзаниот Флојд го мачел, му го притискал вратот со коленото и ладнокрвно ги слушал молбите и криците за милост, а на крајот го убил. Леброн Џејмс на тоа реагирал така што…
(0 гласови)
Британската нискобуџетна авиокомпанија “easyJet” објави дека планира да укине 4,500 работни места и да ја намали флотата на авиони со цел да се прилагоди на помалата побарувачка на уништениот пазар поради коронавирусот. Оваа авиокомпанија има 15 илјади вработени во осум европски земји, а во следните неколку седмици планира да започне со процесот на врачување на откази. Од “easyJet” најавија дека во втората половина од оваа година ќе летаат со само 30% од капацитетот, за што се потребни 302 авиони, односно 51 помалку колку што планираа за 2021-ва година пред да се случи пандемијата на Ковид-19. Авиокомпанијата соопшти дека поради ваквата ситуација ќе…
(0 гласови)
Демонстрантите се судриле со полицијата на протестите поради смртта на Џорџ Флојд. Американскиот претседател Доналд Трамп навел дека по негово барање во истрагата се вклучиле ФБИ и Министерството за правда. Во близина на местото на протестот бил убиен човек, пренесува "Independent". Полицијата кон демонстрантите испалила солзавец на протестите поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.  "Reuters" наведува дека протестите проследени со вандализам и грабежи почнале неколку часа откако градоначалникот на градот, Џејкоб Фреј, го повикал обвинителот да поднесе кривична пријава против полицаецот кој при приведувањето со колено го притиснал вратот на Флод, по што тој починал. currently Minneapolis atm.....…
(0 гласови)
Големите германски туристички агенции започнаа со промоција на пакетите за Грција и за шпанските Балеарски Острови, и околу тие туристи Грција ќе се бори против Италија и Шпанија, пренесува Екатимерини. Промотивните активности на германските туристички агенции вклучуваат бесплатни понуди за откажување до 14 дена пред патувањето и намалени цени. Германија, минатата година испрати 4 милиони туристи во Грција, кои во земјата потрошија 2,9 милијарди евра. Хотелиерите во Грција, а сега и во Шпанија и Португалија, како и главните туристички агенции, се обидуваат да обезбедат најголем можен удел на германската побарувачка за одмор во јужна Европа. Грција по 15 јуни ќе ги…
(0 гласови)
„Твитер“ ги повика корисниците да ги проверуваат податоците во твитовите објавени од американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи дека неговите тврдења во врска со гласањето преку пошта се покажале невистинити. Американскиот претседател веднаш му одговори на „Твитер“ во твит, тврдејќи дека компанијата се меша во претседателските избори во САД. „’Твитер’ комплетно ја задушува слободата на говор, а јас, како претседател, нема да го дозволам тоа“, напиша Трамп. Со син извичник, „Твитер“ под твитот на Трамп ги предупредува корисниците да ги проверат фактите за гласањето по пошта и ги насочува кон страница со написи од весници и информации што тимот за проверка…
(0 гласови)
Според податоците на компанијата Ampere Analysis, што се занимава со анализа на пазарот, глобалниот сектор за забава ќе изгуби раст од 160 милијарди долари (146 милијарди евра) во наредните пет години, како резултат на кризата предизвикана од пандемијата COVID-19. Иако најголемото влијание ќе се почувствува во текот на оваа и следната година, растот ќе се намалува секоја година во текот на петгодишниот прогнозен период, наведува Ampere во анализата објавена на нивната веб-страница. Иако огромното мнозинство во секторот за забавна индустрија ќе ги почувствува негативните ефекти од пандемијата, Ampere ги идентификува најголемите губитници. „Рекламирањето е најтешко погодено, како на краток рок така и…

primer 8

Top