(0 гласови)
За време на посетата на клиниката Мајо, американскиот потпретседател Мајк Пенс во вторникот ја игнорираше мерката за задолжително носење маска, во време кога САД бележат повеќе од милион потврдени случаи на инфекција. Клиниката во Минесота, позната како непрофитен истражувачки и болнички центар, на „Твитер“ објави дека пред неговата посета го известила потпретседателот за правилото за задолжително носење маска. Овој пост, во меѓувреме, беше избришан. Mike Pence refused to wear a mask on Tuesday as he toured the Mayo Clinic and met with hospital staff and a patient, rejecting the famed hospital’s policy that all visitors cover their faces to reduce…
(0 гласови)
Градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро упати очаен повик, барајќи од туристите да се вратат во градот веднаш штом ќе бидат укинати ограничувањата наметнати од пандемијата на коронавирус. „На сите што имаат можност да патуваат во наредните месеци, им велам: Дојдете во Венеција! Ќе помогнете во светот да се испрати сигнал за закрепнување кое започнува од убавината и културата“, објави Бруњаро на својот профил на „Твитер“. Sono intervenuto a @RaiPortaaPorta spiegando che il #Turismo non è fatto solo di alberghi e ristoranti, ma anche di piccole attività che danno qualità al settore: guide, tassisti, commessi dei negozi. Questi lavoratori sono a…
(0 гласови)
Според сателитските снимки, арктичкиот морски лед би можел да исчезне околу 2029 година, што ќе предизвика страшно забрзување на глобалното загревање и изненадна дестабилизација на глобалната клима.  Ова ќе резултира со катастрофални, нови услови за поголемиот број животи на Земјата, пишува новинарот и климатски активист Бен Си на Твитер. Иако климатските модели покажуваат дека Арктикот во текот на летото од 2023 до 2049 година ќе биде без лед (при што една проекција ја најавува 2034 како најверојатна), научниците забележале дека сателитските снимки сугерираат дека тоа би можело да се случи и пред тие предвидувања. Уште едно неодамнешно истражување потврдува дека…
(0 гласови)
Русија по извозот на оружје е втора земја во светот. Најсилната руска техника минатата година купи и земја членка на НАТО. Претседателот на Русија Владимир Путин на почетокот на април ги сумираше резултатите од воено-техничката соработка на Руската Федерација на меѓународно ниво. Според него, Москва во 2019 година им испорачала на своите партнери вооружување и техника во износ од 15 милијарди американски долари. Вкупното портфолио на нарачките во април 2020 година изнесува над 55 милијарди американски долари, а за руското оружје се заинтересирани околу 100 земји ширум светот. „Нам во прилог секако ни оди успешното искуство од примената на нашето оружје во воените дејствија.…
(0 гласови)
Русија е подготвена да започне со тестирање на дури пет лекови против новиот коронавирус, а во најскоро време ќе бидат регистрирани и четири вакцини. Ова го изјави министерот за здравство на Русија Михаил Мурашко, пренесуваат руските медиуми. „Во федералните клиники се во тек клинички тестирања на пет препарати, меѓу другото од домашно производство, за тешки пациенти, за оние на кои треба благовремено да им се укаже помош за да не дојде до критични состојби“, рече Мурашко на седницата на претседателството на Координативниот совет при владата со раководителите на субјектите на Федерацијата. Како што истакна министерот, веќе постојат охрабрувачки резултати од тестирањето на…
(0 гласови)
Овие луѓе се едни од најголемите херои кои што светот некогаш ги имал. Лабораториите со ознака ‘S4’ се оние во кои што се проучуваат најопасните вируси на светот. Поради тоа, не е ни чудно што се сметаат за едни од најопасните места на светот, а ги има дури 40 ширум светот, со најголем број во САД. Една од таквите лаборатории, и онаа сега веќе ‘популарна’ е во Вухан – местото каде што започна пандемијата коронавирус. Лабораториите просторно се одвоени од останатиот колектив во рамките на клиниката каде што се наоѓаат, а сè што влегува и излегува од нив, дали во гасовита или пак…
(0 гласови)
Контроверзниот проект "1DaySooner", познат и како „Студија за предизвик на КОВИД-19“, го потпишаа околу 1.500 луѓе од целиот свет. Идејата на проектот е младите и здрави луѓе да се вакцинираат со една од потенцијалните вакцини за КОВИД-19 и потоа да бидат заразени (свесно) со новиот сој на коронавирус. Потоа би се следела реакцијата од нивниот имунолошки систем, пренесува американски "Newsweek". „Ние сакаме да регрутираме што повеќе луѓе што сакаат да учествуваат во овој проект и да ги квалификуваме како потенцијални учесници во клиничките експерименти доколку тие се случат“, изјави Џон Морисон, еден од основачите на оваа идеја и извршен директор на "Wailist Zero", лоби група…
(0 гласови)
Премиерот на Италија, Џузепе Конте најави план за постепено укинување на ограничувањата во земјата по седумнеделната забрана за движење со цел сузбивање на коронавирусот. Конте рече дека граѓаните, без оглед на релаксирањето на мерките, мора да продолжат да ги почитуваат правилата за социјална дистанца. Од 4 мај ќе се отворат јавни паркови и зелени места и граѓаните ќе можат да ги посетуваат роднините кои живеат во истиот регион. Градоначалниците имаат право да воведат посебни ограничувања при престојот во паркови за да избегнат гужва, на пример да одредат максимален број на луѓе едновремено. За време на семејните посети, луѓето ќе треба…

primer 8

Top