(0 гласови)
Ворен Бафет, американски милијардер „тежок“ 73,5 милијарди долари, минатиот викенд објави дека неговата компанија “Berkshire Hathaway” го продала сиот свој удел во четирите воечки авиокомпании во САД. Конгломератот започна да инвестира во авиопревозниците од 2016-та година, а според последниот финансиски извештај, компанијата на Бафет имала 11% од сопственоста на “Delta Airlines”, по 10% од “American Airlines” и “Southwest Airlines”, како и 9% од сопственоста на “United Airlines”. Токму конгломератот на Бафет беше еден од најголемите индивидуални сопственици на четирите водечки компании во САД, а милијардерот оваа година планираше да инвестира во уште неколку авиопревозници. „Светот се промени поради коронавирусот. Погрешив мислејќи дека се исплаќа…
(0 гласови)
Швајцарските научници успеале да откријат дека SARS-CoV-2 во мала концентрација е присутен и во отпадните води, што дава можност за нов начин на рано предупредување на новото жариште во моментот додека земјите ги укинуваат мерките за ограничување, воведени за сузбивање на пандемијата коронавирус. Доколку методата се покаже како делотворно земање примероци од отпадните води во канализацијата, тогаш тоа би му овозможило на јавноздравствениот состав на рана детекција на повторно избивање на епидемијата коронавирус, дури една седмица пред сето тоа да можат да го покажат дијагностичките тестови, оценуваат научниците. Ковид-19 е респираторна болест предизвикана од новиот коронавирус од кој што во светот…
(0 гласови)
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјавил дека верува дека вакцината против Ковид-19 ќе биде достапна до крајот на годинава, како и дека неговата влада цврство го поддржува лекот ремдесивир, кој што во раните испитувања покажал ветувачки резултати во борбата со коронавирусот. Трамп за телевизијата „Fox News“, синоќа одговарал на прашања од луѓето кои што ги поставувале по пат на интернет. „Мислам дека ќе имаме вакцина до крајот на годината“ – изјавил Трамп на прашањето кога човек од Небраска кој закрепнал од Ковид-19 го поставил истото, и додал дека неговата администрација могу се залага за лекот ремдесивир. „Многу го форсираме тоа, па многубројни фармацевтски компании…
(0 гласови)
Новото големо истражување покажува дека антивирусниот лек “ремдесивир” има „јасен“ ефект во лекувањето на луѓе со сериозни последици од СОВИД-19, изјави главниот американски лекар Ентони Фаучи. Говорејќи во Белата куќа, Фаучи релкол дека „податоците покажуваат дека “Ремдесивир” има јасен, значаен, позитивен ефект во намалување на времето за закрепнување“. „Toa докажува дека лекот може да го блокира овој вирус“, рекол Фаучи. Тој додаде дека помала кинеска студија, која исто така е објавена денес и тврди дека нема корист од “ремедивир”, не е соодветна студија. Објавата од Кина за слабиот ефект на лекот “ремдесивир” дошла откако комапнијата “Gilead Science“ објавила дека нејзиниот…
(0 гласови)
Елон Маск, ексцентричниот сопственик на фабриката за производство на електрични автомобили „Тесла“, во средата повика на брзо придвижување на американската економија и оценил дека воведувањето на мерките за карантин се фашистички. За време на конференцискиот повик, Маск остро ги нападнал рестриктивните мерки кои се воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. „Искрено, тоа би го нарекол присилно затворање на луѓето во нивните домови, против нивните права загарантирани со устав. Тоа ќе предизвика голема штета, не само на 'Тесла', туку на многу компании“, рекол Маск. Компанијата на Маск во првиот квартал 2020-та година имала 16 милиони долари профит. „Тоа е фашистички. Тоа не е демократски“, порачал Елон, алудирајќи…
(0 гласови)
Американските разузнавачи истражуваат дали коронавирусот е креиран во лабораторија од каде што започна неговото неконтролирано ширење. Првиот човек на САД, Доналд Трамп изјави дека има намера на Кина да ѝ достави сметка од 160 милијарди долари поради штетата која пандемијата на коронавирусот ѝ ја нанесе на американската економија. Во обраќањето пред новинарите во Белата куќа, Трамп повторно обвини дека Кина нема направено доволно за да го спречи ширењето на вирусот поради кој само во САД досега починаа над 60 илјади луѓе, а заразени се повеќе од еден милион. „Вирусот можеше да биде брзо сопрен и немаше да се прошири низ целиот свет. Имаше…
(0 гласови)
Премиерот на Франција, Едуар Филип изјави дека од 11-ти мај повеќе нема да биде потребна дозвола за некој да излезе од дома, а со работа ќе започнат и некои помали музеи. Франција го објави планот според кој постепено ќе бидат укинувани мерките со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Во врска со тоа, најпрвин ќе бидат отворени училиштата и неопходните претпријатија на 11-ти мај, а истовремено со ублажување на мерките тргнуваат и останатите загрозени европски земји. Премиерот на Франција, Едуар Филип порача дека од 11-ти мај на француските граѓани нема да им биде потребна дозвола за да излезат од дома, но…
(0 гласови)
Светската јавност пишува за вирологот Ши Женгли од Вухан, Кина, која ја открила коронарната секвенца на коронавирусот набрзо по пријавувањето на првиот случај во декември 2019 година во овој кинески град. Таа е повторно во фокусот на јавноста и тоа поради новото интервју во кое открива нови детали од нејзиното истражување и притисокот од кинеските власти на кој била изложена. За “Жената лилјак” како што ја нарекуваат кинеските научници пишува и “Mirror” кој наведува дека нејзиното откритие во врска со Ковид-19 било мистерија бидејќи кинеските власти го диктирале темпото на објавување на факти за новиот вирус.  Женгли е еден од најголемите светски…

primer 8

Top