(0 гласови)
Основачот на „Мајкрософт“ и мултимилијардер Бил Гејтс изјави дека се обидел да го предупреди новоизбраниот претседател Доналд Трамп за опасноста од голема пандемија на вирус веднаш по претседателската трка во 2016 година, но истакна дека се чувствува виновен што не го сторил тоа дури и погласно. „Кога се сретнав со луѓето од врвот во Европа, Соединетите држави, ширум светот, избрав да разговарам за овој ризик од пандемија“, изјави тој во интервју за „Вол Стрит џурнал“, објаснувајќи дека тој му кажал за пандемијата на американскиот претседател за време на состанокот во декември 2016 година во Трамп Тауер. „Се чувствувам страшно. Целта на разговорот беше да…
(0 гласови)
Тие кои пред 20 години го финансираа тероризмот на Северен Кавказ сакаа да ја растурат Русија одвнатре и имаа шанса да го реализираат тој план. Доколку тогаш не ја сочувавме земјата, ќе не чекаше жална судбина, истакна Путин. „Раздели па владеј. Тоа значи дека тие кои што сакаат да не поделат, сакаат да владеат со нас. Тоа може да се забележи во односите меѓу државите или одредена земја, во обидите да се растури одвнатре. Тогаш имаа шанси да го реализираат својот гнасен план и тоа не само на Кавказот“, изјави Путин во интервјуто за телевизија „Русија 1“. Како што изјави Путин,…
(0 гласови)
Додека коронавирусот се шири во светот, лекарите не само што мораат да се борат за спасување на животи, туку и против лажните вести за коронавирусот, кои се шират побрзо и од самиот вирус. Заради тоа германскито виролог Кристијан Дростен и повеќе од стотина лекари, негувателки и здравствени експерти, се обратија до јавноста преку отворено писмо. - За спасување на животите и враќање на довербата во лекување засновано на научни сознанија, неопходно е технолошките гиганти да престанат да шират лаги, извртени информации и фантазии, кои сите нас не носат во опасност“, пишуваат авторите, мислејќи на Фејсбук, Твитер, Гугл и други. Во…
(0 гласови)
Шокантниот извештај тврди дека Кина ја ‘повикала’ СЗО ‘да го одложи глобалното предупредување’ за избивањето на коронавирусот. Извештајот на „Шпигл“ тврди дека кинескиот претседател Си Џипинг, лично барал од генералниот директор на СЗО, Тедрос Абхан да се откаже од издавање на предупредување на Ковид-19 во текот на разговорите во месец јануари, пренесуваат од „Дејли Мејл“. „Шпигл“ ги цитирал податоците од сојузната служба за известување во земјата, позната како BND. Според BND: „Кинескиот лидер на 21-ви јануари побарал од шефот на СЗО Тедрос Абхан Гебрејесус да ги сопре информациите за пренесувањето на вирусот од човек на човек и да го одложи предупредувањето на пандемијата“. „BND проценува…
(1 Гласај)
Корисниците на социјалната мрежа Фејсбук се жалат дека мрежата ги отстранува објавите со фотографии на кои што се гледа Знамето на победата на Рајхстаг во Берлин oд крајот на Втората светска војна. Образложението за таквиот потег е дека ‘се кршат социјалните норми кога станува збор за опасните луѓе и организации’. Нормите, како што се наведува во образложението ‘имаат цел да се спречи нанесување штета на било кој во реалниот свет’. Социјалната мрежа наведува дека авторите на таквите објави не треба да поддржуваат терористи, активности засновани на нетрпеливост, масовни или сериски убиства, трговија со луѓе, насилство и криминал. На кој начин знаменитостите на…
(0 гласови)
На интернет се појавија снимки на кои може да се види како њујоршки полицајци употребуваат и сила во спроведувањето на вонредните мерки на социјално дистанцирање. Сепак, и покрај многубројните апели њујоршката полиција да се повлече од задачите во врска со спроведувањето на вонредните мерки, градоначалникот Бил Де Блазио не се согласува со тоа.  
(0 гласови)
Како што знаеме досега имаше многу ситуации во кои што Маск го исмеваше коронавирусот и ја критикуваше власта поради карантинот, но сепак едно е јасно – од оваа ситуација мора сите да научиме по нешто за во иднина. Во последниве денови, Маск го има вниманието во јавноста, од критиките упатени до американската власт, до името на неговото новородено дете. Маск вчера гостувал кај Џо Роган, а таму тие отвориле многубројни теми за кои што разговарале, вклучувајќи го и коронавирусот. Маск изјавил дека верува дека ‘смртноста од вирусот е многу помала во однос на службените бројки, без оглед на предупредувањето на СЗО’.…
(0 гласови)
Угледниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека во таа земја откриено било присуството на вирусот уште во ноември 2019-та година. Тегнел изјави дека тоа се веројатно индивидуални случаи кои биле детектирани меѓу патници кои што пристигнале од Вухан. „Немаше ширење на коронавирусот надвор од Вухан додека не пристигна подоцна во Европа. Меѓутоа, мислам дека уште во ноември и декември ја забележавме инфекцијата кај луѓе кои патувале од Вухан. Ова не звучи чудно, туку е целосно природно“, изјави Тегнел за шведските медиуми.   Овој коментар на Тегнел доаѓа само еден ден подоцна откако во француска болница каде што биле прегледани примероци од пациент…

primer 8

Top