(0 гласови)
Најновите истражувања покажуваат дека вирусот Ковид-19 најверојатно еволуирал по природен пат, односно тргнал од лилјакот, па преминал на некој друг вид животно сè додека не ја развил својата потребна мутација за преминување на човекот и покренување на глобалната пандемија. Научнците во најновото истражување ја поддржале оваа хипотеза, па пронашле уште еден вид коронавирус кај лилјаците и воочиле специфична мутација која што му пречи на генетскиот материјал во вирусниот геном, пренесуваат од австралиски „Science Alert“. Таквата мутација, како што се наведува, покажува дека таквите промени во геномот, каде што доаѓа до еволуција на вирусот, многу лесно можат да настанат по природен пат.…
(0 гласови)
Истражувачкиот одбор на Руската Федерација („Следком“) одбива да биде отфрлено обвинението против сестрите Ангелина, Марија и Кристина Качатуријан кои се обвинети дека својот татко, кој инаку физички и сексуално ги злоставувал, го убиле додека спиел. Од канцеларијата на Државното обвинителство заклучија на почетокот на оваа година дека Микаил Качатуријан своите ќерки долго време ги злоставувал и дека на чинот на неговото убиство треба да се гледа како на нужна самоодбрана. Но, адвокатот на една од сестрите за „БиБиСи“ откри дека од „Следком“ го отфрлиле ставот на Државното обвинителство. Сестрите Ангелина, Марија и Кристина Качатуријан беа уапсени во јули 2018-та година затоа што својот…
(0 гласови)
Шведските власти најавија дека ќе вработат уште 10.000 медицински сестри и негователи за стари и немоќни лица кои што се наоѓаат во најголем ризик од зараза на коронавирусот, известува лондонски „Guardian“. Во меѓувреме, денес било соопштено дека уште 147 луѓе починале како последица на Ковид-19 во Шведска, каде што досега вкупниот број на починати изнесува 3.460, од кои половина се луѓе од домовите за стари лица, а една четвртина се граѓани кои што се во поодмината старост. Шведска првиот случај на заразен пациент од Ковид-19 го регистрирала во месец ноември. Државниот епидемиолог Андрес Тајнел изјавил дека некои од случаите откриени биле меѓу луѓето кои што допатувале од Вухан.   „Немаше ширење…
(0 гласови)
Виена, главниот град на Австрија, на сите свои граѓани ќе им даде ваучери за посета на угостителските објекти, кои по двомесечна пауза повторно се отвораат. 950.000 домаќинства во градот ќе добијат ваучер од 50 евра, а домаќинствата со еден член – ваучер од 25 евра. Ваучерите ќе може да се користат до крајот на септември годинава во сите ресторани и кафулиња што учествуваат во акцијата, а нема да важат само за алкохолни пијалоци. Претседателот на Стопанската комора на Виена, Валтер Рук, смета дека ваучерите би можеле да го заживеат повторно угостителството.
(0 гласови)
Првиот мост за копнени возила меѓу Русија и Кина доби зелено светло да почне со работа штом ќе се укинат рестрикциите поради корона вирусот. Мостот ја премостува реката Амур и ги поврзува рускиот град Блаховешченск и кинескиот град Хеихе, а неговата изградба беше довршена во 2019 година. Договорот меѓу двете земји беше направен во 1995 година, но изградбата на мостот кој чини 254 милиони долари не почна до декември 2016 година. За изведбата на проектот беа изградени 20 километри нови патишта. Мостот ги поврза двете страни на реката Амур во мај минатата година, а целосната изведба на проектот беше комплетирана…
(0 гласови)
Пандемијата коронавирус ги натера научниците да размислуваат надвор од рамките на традицијата, за побрзо да најдат лек за вирусот. Канадските научници можеби се на добра трага да го направат тоа. Научниците ширум светот забрзано работат на пронаоѓањето вакцина и лек против Ковид-19, што резултирало со интересни предлози. Дел од научниците се фокусирале на веќе познатите лекови кои што досега биле тестирани во лечењето на некои други болести. Но, дел од нив се фокусирале на тоа што можеме да го наречеме ‘нетрадиционално’. Откако кинеските доктори објавија дека за лечењето на Ковид-19 користеле како модерна така и традиционална медицина, научниците почнале да ги истражуваат билките кои што на прв поглед…
(0 гласови)
Основачот на „Microsoft“, ефектот од вакцината против Ковид-19 го очекува дури за две години... Гостувајќи во популарната емисија „Late Show“, Бил Гејтс најави нова пандемија која што според неговите зборови, светот би можела да го погоди за 5 години. „Пристигнува ‘Пандемија 2’. Тоа ќе биде биотерористички напад. Според моите проценки ќе се случи некаде околу 2025-та година“ – изјавил Гејтс. Откако Гејтс почна да се повлекува од управата на компанијата „Microsoft“, тој почна да се занимава со хуманитарна работа и во 2000-та година со својата сопруга Мелинда, ја основаше фондацијата која што е посветена на вакцинација на децата во регионите во кои што детската парализа сè уште…
(0 гласови)
Директорот на Националниот институт за заразни болести, Ентони Фаучи изјави дека амерканските компании денес работат на најмалку осум вакцини. Според Фаучи, ако сè биде добро, веќе кон крајот на есента или почетокот на зимата би можело да се знае дали тие вакцини против Ковид-19 се успешни, или не. „Националниот институт за здравје работи многу брзо, развиваме најмалку осум вакцини и очекуваме повеќе резултати“, изјави доктор Фаучи кој предупреди на можни негативни последици на вакцината, со што би можеле да бидат зголемени последиците од вирусот.   Главниот американски епидемиолог, кој веќе со децении е прв човек на споменатиот институт, потсети дека во јануари проценките биле…

primer 8

Top