(0 гласови)
Според новиот извештај на Американското „FBI“ најмалку две дата бази од две Амерички сојузни држави биле хакирани. Според „FBI“ нападот го имаат извршено или хакери поддржани од Русија или се работи за криминалци кои сакаат да ги дознаат јавно недостапните даночни податоци за луѓето и подоцна да ги искористат за криминални активности. Извештајот не кажува за кои точно држави се работи, но новинарите предпоставуваат дека се работи за Илиноис и Аризона кои предходно беа мета на слични напади. За Илиноис со сигурност се знае дека се украдени податоците на преку 200.000 гласачи уште пред еден месец пред властите да ја затворат базата на податоци.…
(0 гласови)
Американскиот интернет весник Huffington Post ја отстранил статијата и го блокирал акаунтот на еден од своите автори, кој ја отвори темата за здравјето на поранешната прва дама и државна секретарка 68-годипната Хилари Клинтон, која Демократската партија ја кандидираше за претседателските избори на 8-ми ноември. Според информациите на порталот Breitbart, во немилост на водството на Huffington Post паднал блогерот Дејвид Симан, кој во август објави две колумни во кои стануваше збор за скандалот околу наводно лошата здравствена состојба на Хилари Клинтон. Во своите написи, блогерот истакнуваше дека според востановената практика, претседателскиот кандидат треба на американската јавноста да ѝ даде увид во…
(0 гласови)
Благодарение на присебноста и умешноста на пилотот, избегната е трагедија на летот од Њу Орлеанс до Орландо, кога на боингот му експлодирал моторот на среде лет. Во моментот на силната експлозија во леталото имало 99 патници и пет членови на екипажот. Пилотот на авиокомпанијата „Саутвест ерлајнс“ бил принуден да изврши вонредно слетување на Флорида, а при инцидентот немало повредени. -Одеднаш се слушна страшна експлозија. Делови од моторот почнаа да паѓаат. Беше ужасно. Гледавме од прозорец како се распаѓа моторот, рекол еден од преплашените патници. Другите патници наведуваат дека авионот почнал да паѓа веднаш по експлозијата и дека во авионот се слушнал врисок…
(0 гласови)
лицијата на Лос Анџелес соопшти денеска дека немало никаква пукотница на Меѓународниот аеродром во тој град, наведувајќи дека вознемиреноста меѓу патниците била предизвикана од голема бучава. Претходно денеска се појавија малку непотврдени информации дека се слушнати истрели, што ги уплаши стотиците патници, кои побрзаа да ја напуштат зградата на аеродромот. Некои од нив излегоа и на пистата.c LAX going off. pic.twitter.com/8hO7lqL5HG— sam macon (@sayczars) August 29, 2016 – Паниката избувна само поради силни звуци. Се проверува од што била причинета бучавата, изјави, рече Енди Нимен, портпарол на полицијата на Лос Анџелес. Претходно, од безбедносни причини, полицијата затвори дел од аеродромот и…
(0 гласови)
Експлозија на бомба одекна утрово пред зграата на полицијата во Брисел. Според првичните информации нема повредени. Бомбата експлодирала пред Институтот за криминологија во Брисел, јавуаат белгиските медиуми. Како што пренесува белгиската телевизија РТЛ, околу 2.30 часот, автомобил ја пробил капијата, а потоа еден или повеќе напаѓачи активирале бомба во близина на лабораторијата што предизвикало пожар.
(0 гласови)
По силниот земјотрес во кој загинаа 291 луѓе, италијанските власти ќе истражуваат дали компаниите ги игнорирале анти-сеизмичките правила и стандарди, кога ги реставрирале јавните згради, пренесе Гардијан. Училиште и црковна кула кои се урнаа минатата недела, биле градени наводно според високи анти-сеизмички стандарди, веднаш по катастрофата во L’Aquila во 2009 година. „Сите се сомневаат дека трагедијата не е само прашање на судбина. Наша должност е да провериме дали исто така имало и одговорност, или човечка грешка“, рече Џузепе Саиева, главен обвинител во Риети, град северно од Рим, кој ја води истрагата. Голем фокус на судската истрага ќе биде основното училиште…
(0 гласови)
На прашањето до која мера обелоденувањето на документите ќе влијае на резултатите на изборите во САД, Асанж изјави дека тие сигурно ќе имаат големо влијание, но се ќе зависи од медиумите. Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, предупреди денес дека во својата „кампања за откривање на тајни“ ќе обелодени нови документи кои што се однесуваат на кандидатката на Демократите за претседателските избори во САД, Хилари Клинтон. Според Асанж, неговите документи можат да имаат „клучно влијание“ на претседателските избори во САД во ноември. Во неговото обраќање за "FOX" телевизијата, Џулијан Асанж кој што живее во амбасадата на Еквадор во Лондон од 2012-та…
(0 гласови)
Неколку западни медиуми пренесуваат дека синоќа во главниот град на Чешка бил спречен обид за атентат на германската канцеларка Ангела Меркел. Чешката полиција уапсила вооружен маж кој се обидел да влезе во колоната со возила во која што била германската канцеларка Ангела Меркел, а како што пренесуваат германските и британските медиуми, голема била веројатноста дека бил спречен атентат над Ангела Меркел.Британски "Mirror" пренесува дека уапсениот маж возел црн автомобил марка „Мерцедес“ и во еден момент со својот автомобил се обидел да се инфилтрира меѓу автомобилската придружба на германската канцеларка која што била во официјална посета на чешката престолнина Прага.Локални полициски…

primer 8

Top