(0 гласови)
Британската пејачка Ели Голдинг, попозната како поранешната девојка на принцот Хари, не ја крие својата 'опседнатост' со вежбањето и добриот изглед. Меѓутоа, откако откри дека за да ја зачува линијата знае да пости и по 40 часа, многу нејзини обожаватели се загрижени за нејзиното здравје.  За да ја намали надуеноста, речиси два дена пиела само вода. Многумина ѝ замериле дека на младите девојќи им испраќа погрешна слика дека изгладнувањето е препорачливо, додека други загрижено ѝ порачале да не го прави тоа, бидејќи не само што не е здраво, туку и нема потреба за тоа. На многуте коментари одговорила и самата Ели, која рекла…
(0 гласови)
Сноуден истакнува дека не треба да ги штитиме нашите податоци, туку треба да дефинираме кој ги собира истите и која е целта на сето тоа. Истиот ден кога германскиот Уставен суд ѝ забрани на германската разузнавачка служба да ја следи интернет комуникацијата на странците, на виртуелната конференција „Deutsche telekom – Digital X“, гостувал и еден од најпознатите свиркачи на светот – Едвард Сноуден. Овој Американец кој што со години работи за ЦИА, стана познат кога откри дека NSA ги прислушкува и следи луѓето иако за тоа нема правна основа. Потоа мораше да го напушти САД, а прибежиште нашол во Русија, каде што живее во последните седум…
(0 гласови)
Граѓаните на Монтеморелос во Мексико биле зачудени откако на подрачјето на градот деновиве паѓал град, а замрзнатите топки имале облик на коронавирусот. Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и видеа од „чудниот град“, по што веднаш меѓу населението започнале да кружат теории на заговор. Една од теориите е дека станува збор за Божји знак и дека овој чин ги потсетува луѓето да останат во своите домови додека земјата се соочува со пандемијата на коронавирусот. Сепак, метеорологот и консултант при Светската метеоролошка организација, Хозе Мигел Винас ги демантираше теориите, истакнувајќи дека градот кој паѓал во мексиканскиот град изгледал „сосема нормално“. What a hailstone last…
(0 гласови)
Четворица работници во центар за дистрибуција на пратки во близина на Виена не го почитувале карантинот и продолжиле да работат иако биле заразени со коронавирусот, па така заразиле уште 158 лица, пренесуваат австриските медиуми. „Сега знаеме како коронавирусот влегол во центрите за дистрибуција на пратки“, изјавил неименуван извор од надлежна здравствена установа за австрискиот дневен весник „Естерајх“. Тој извор открил дека четири лица кои во Виена биле позитивно тестирани на коронавирусот, ја игнорирале одлуката за карантин и продолжиле да разнесуваат пратки од центарот во Хагенбрун.   Досега во Австрија биле регистрирани вкупно 40 илјади контролни посети на пациенти кои се наоѓале во домашен карантин, од кои…
(0 гласови)
Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон, Република во движење го загуби мнозинството во Парламентот, откако ја напуштија седум пратеници. Заедно со неколку други поранешни поддржувачи на претседателот, тие формираа нова партија, Екологија, демократија, солидарност, која, како што најавија, ќе се фокусира на „зелените“ прашања и социјалната нееднаквост. По нивната одлука, партијата на Макрон остана со 288 пратеници, еден помалку отколку што е потребно за мнозинство во Долниот дом, каде има 577 места. Сепак, партијата на претседателот има поддршка од двајца политички сојузници кои заедно имаат 56 места во Парламентот.
(0 гласови)
Полска повеќе од 30 години тапка во место и не е во состојба да ги модернизира своите стари тенкови "T-72", додека Русија истовремено одлично се снашла со оваа задача, изјавил генералот Балдемар Скшипчак во интервју за порталот "Креси". Руската војска, како што се наведува, ќе добие повеќе од 120 модернизирани тенкови "T-72B3M", кои исто така неодамна пристигнале и во Белорусија. Скшипчак потврдил дека руската војска спроведува сериозна модернизација на тенковите "T-72".  "Тоа произлегува од тоа што решенијата кои Русите ги применуваат се ефикасни, меѓу другото, на нивниот потенцијал на западниот фронт, односно во источна Европа. Модернизацијата на "T-72" е многу…
(0 гласови)
Познатата компанија “Ookla” ја направи првата интерактивна мапа на која може да се види ширењето на “5G” мрежата ширум светот. Македонија на интерактивната мапа со ширење на “5G” мрежата која можете да ја погледнете ТУКА се наоѓа со својата единствена експериментална “5G” мрежата. На мапата може да се види дека од нашите соседи оваа мрежа е најразвиена во Бугарија и Грција, а во поблискиот регион убедливо најмногу се развива во Романија. Во Хрватска, Унгарија, како и во Романија, Бугарија и Грција постојат по неколку комерцијални мрежи кои се „ограничено достапни“.   Моментално ширум светот има 8782 инсталации на “5G” мрежата кои се во најразлична фаза, а вкупно…
(0 гласови)
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека трајно ќе престане со финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) доколку не направи одредени подобрувања во наредните 30 дена и дека ќе размисли за натамошно членство на САД во тоа тело. Трамп во април привремено го прекина американското финасирање на СЗО, обвинувајќи ја организацијата за промовирање на кинески „дезинформации“ за појавата на коронавирусот, иако официјалните претставници на СЗО ги негираа обвинувањата, а Кина објави дека е отворена и транспарентна. „Ако СЗО не направи значителни фундаментални подобрувања во наредните 30 дена, ќе ја направам мојата привремена суспензија на американското финансирање да биде трајна и…

primer 8

Top