Еден поглед на дворот ги открил сите тајни на ужасот во кој децата живееле како робови

Во задниот двор на куќата во Калифорнија, каде живееле Дејвид и Луиза Тарпин, обвинети за мачење и загрозување на 13 деца, пронајдени биле работи кои откриле во каков ужас живееле децата.

Играчките, кутиите со пелени и садовите за миленичиња можеби не би изгледале необично, ако полицијата не ги пронашла децата во подрумот. 

Насекаде имало расфрлено метални цевки, заедно со некои кородирани алати и кутии за пелени. 

Преку прозорското стакло во куќата можело да се види неред и расфрлени книги.

45-годишната сосетка Летиција Гомез, која живее веднаш зад куќата на семејството Тарпин, изјавила дека не знаела дека има деца во куќата. 

"Не ни знаев дека имаат деца. Никогаш не сум ги слушнала, никогаш не сум ги видела", рекла таа. 

Уште еден сосед, Андреа Валдез, рекол дека претходно гледал деца, додавајќи дека биле како вампирско семејство од книгите и филмовите, "бидејќи биле бледи" и "излегувале само навечер".

 

Други рекле дека ги виделе децата како бараат храна во кантите за отпадоци. 

"Необично, изгледаше дека се забавуваат како обично семејство", рекла сосетката Никол Гудин.

"Постарите деца изгледаа како да имаат 12 години, бидејќи беа слаби и бледи", додала Кимберли Милиган. 

Родителите биле уапсени откако нивната 17-годишна ќерка побегнала од дома преку прозор и успеала да повика полиција.