Користел марихуана во Велика Британија а заглавил во затвор во Дубаи!?

Британецот Конор Клементс е осуден на две години затворска казна во, како што вели, пеколниот затвор во Дубаи, затоа што во крвта имал траги од марихуана која што ја зел во Велика Британија.

Тој во затворската ќелија, заедно со уште 25 лица, се нашол откако бил на тестирање при аплицирањето за новата работа. Со оглед на тоа што во Обединетите Арапски Емирати е на сила нулта толеранција на дрога, присуството на траги на канабис во крвта, се карактеризира како поседување на дрога.

На сослушувањето за кое што раскажува дека траело помалку од една минута, тој бил осуден на две години затворска казна. Пуштен е со плаќање на кауција додека ја чека жалбената постапка во пресрет на Божиќ, а неговиот пасош е одземен.

„Тврдат дека марихуаната сум ја пушел тука, но тоа едноставно не е вистина и тие немаат докази за тоа. Ја пушев марихуаната дома, во Ливерпул и тоа прилично често“, раскажува 24-годишниот Евертон.

Тој вели дека пристигнал во Дубаи со цел да го промени животот кој што го живеел во Велика Британија, но заглавил во затвор поради нешто што го направил дома, а не во Дубаи.

„Таму бев заглавен во рутина која што не беше добра за мене. Дојдов овде да ставам точка на тоа затоа што добив шанса да го променам мојот живот. Но, наместо тоа, тука ме пречека вистински кошмар“, раскажува тој за британските медиуми.

После апсењето, тој поминал неколку седмици во затвор во Дубаи, а тоа искуство го опишува како вистински хорор.

„Затворот е ужас. Не излегов надвор ниту еднаш. Ме ставија во ќелија со уште 25 луѓе и јас спиев на подот. Не зборувам арапски, а никој од луѓето внатре не зборуваше англиски. Не знаев што да правам, тоа е вистински кошмар. Навистина не сакам да се вратам назад“.