Германскиот политичар Мартин Шулц сака да ја зацврсти ЕУ и да исфрли некои од членките!

Мартин Шулц, германски политичар и претседател на Социјалдемократската партија на Германија, долгогодишен застапник и поранешен претседател на Европскиот Парламент сака радикално да ја редизајнира ЕУ до крајот на 2025-та година.

Оние кои нема да се вклопуваат во сложувалката и нема да го прифаќаат уставот кој ќе биде изработен според предлогот на Шулц, по автоматизам ќе ја напуштат ЕУ. Европските надежи за создавање на консолидиран устав пропаднаа во 2005-та година кога Холандија и Франција не успеаа да го ратифицираат “Договорот за Устав на Европа”, кој беше потпишан во Рим во 2004-та година.

Шулц сега сака да ја воскресне веќе со години старата идеја за федерална Европа. Тој смета дека до 2025-та година, сето тоа ќе биде возможно за остварување. Политичарот предвидува дека европскиот Уставен договор, треба да биде составен од уставни конвенции кои ќе ги вклучуваат организациите од цивилни друштва и обичните граѓани.

Потоа овој Устав ќе биде претставен пред сите држави кои се членки, а оние кои нема да го прифатат, автоматски ќе ја напуштат ЕУ.