Американски генерал тврди: Војната со Северна Кореја е закажана, еве кога ќе започне

Пензионираниот американски генерал Бери Мекафри тврди дека Америка ќе влезе во војна со комунистичкиот режим на Пјонгјанг најдоцна до следното лето.

Ким Јонг Ун продолжи да ја ескалира својата заканувачка реторика против Соединетите Американски Држави и нејзините сојузници, додека кризата на Корејскиот полуостров се продлабочува.

Поранешниот американски генерал ја отфрли можноста Северна Кореја да се врати на преговарачка маса.

„Проблемот е во тоа што имаме толку многу кризи кои што се одвиваат, потенцијално, а тоа ги преоптоваруа дипломатските напори, како и способноста на американските вооружени сили тоа да го решат. Не сакам да го тргнеме вниманието од Северна Кореја“.

 

„Сегашниот начин на комуницирање на американската администрација и според моето мислење, недостатокот на дипломатска и сериозна стратегија не води во војна следното лето“, изјави пензиониранот генерал Бери Мекафри.

Пред неколку ден, експертите ја открија својата загриженост дека Северна Кореја ќе изврши одмазда со балистичка ракета во пресрет на најновата заедничка поморска вежба на воените морнарици на Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја.

На сателитските снимки направени над Северна Кореја, биле забележани проектили поставени над лансери кои што се транспортирале од хангар во близина на Пјонгјанг.

Американските и јужнокорејските воени аналитичари сметаат дека Пјонгјанг и сега има ракети кои што имаат доволно голем домет за да долетаат до западниот брег на Соединетите Американски Држави, а секако, загриженоста е присутна и од ден во ден најмногу расте во Јужна Кореја и Јапонија.

loading...