Запаметете го овој датум - 5. ноември 2017. година: Тој ден ќе се крене целиот свет на нозе против капитализмот и политичарите

Движењето "Anonimous" ги повикало своите приврзаници ширум светот да се приклучат на 5. ноември на протестниот марш со име "Милион маски". Тие своите демонстрации ги нарекуваат "најголемите протести во историјата на планетата". 

Со овие протести тие сакаат да ја кренат свеста за тоа што се случува во светот и да истакнат кои работи мора да се променат. Поканите ги поставиле во облик на видеа на својата официјална страна на Фејсбук. 

 

Корупцијата, нееднаквата распределба на богатството, политичките скандали, лагите, измамите, ограничувањето на слободата и приватноста, високата невработеност, репресијата, неуспешниот правосуден систем, цензурата и сиромаштијата, се само некои од бројните примери за тоа што не е добро во современето општество. 

Поради тоа ги повикуваат луѓето да им се приклучат на 5. ноември и да дозволат нивниот глас да се слушне, бидејќи не зборуваат само за себе, туку и за своите сакани, но и за целото човештво. 

 

Почнувајќи од 2013. година, ова движење секој петти ноември организира демонстрации на кои нивни активисти носат маски, популарни по филмот "V for Vendetta". Приврзаниците на оваа анархистичка организација протестираат против владејачките стуктури во државата, корупцијата, војните, цензурата, нееднаквоста... 

Потсетуваме, ова движење е поврзано со истоимената група хакери кои, меѓу другите, ги напаѓаат и веб страните на владите на САД и Израел, сајтовите на ИСИС, на Кју Клукс Клан и Скиентолошката црква, мултинационалните компании, како што Пеј Пал и Виза, а мета на нивните напади се и организации кои се занимаваат со заштита на авторски права.  

Во филмот "V for Vendetta", кој бил инспирација за настанување на оваа организација, главниот јунак се бори против фашистичката влада во Лондон, а оваа година се очекува протестите да бидат најголеми во Велика Британија. Пред две години демонстрантите ги нападнале органите за ред, и притоа биле повредени тројца полицајци и шест полициски коњи, а 50 активисти биле уапсени. 

Таа година протести биле организирани во повеќе од 650 градови.

loading...