Колку е Каталонија навистина важна за Шпанија!?

Шпанскиот регион Каталонија зазема површина од 32.114 километри квадратни, или 6,3 проценти од територијата на Шпанија. Меѓутоа, нејзината важност не е пропорционална на големината.

Со 7,45 милиони жители, регионот Каталонија сочинува 16% од шпанската популација. Економијата на овој регион, која е вредна 215,6 милијарди евра, што е повеќе од повеќето земји во еврозоната, сочинува повеќе од 20% од шпанскиот БДП, додека каталонскиот извоз, вреден 62,5 милијарди евра, претставува повеќе од 25 проценти од вкупниот извоз на цела Шпанија. Со околу 37 милијарди евра, инвестициите во Каталонија сочинуваат повеќе од четвртина од сите инвестиции во Шпанија. 

Каталонија исто така има пониска стапка на невработенсот, како и помала економска нееднаквост меѓу жителите во однос на остатокот од земјата. Стапката на невработеност од 13,2%, е видно пониска од просекот на земјата, кој изнесува 17,2 проценти. 

БДП по глава на жител во Каталонија не е највисок во земјата, но е поголем од националниот просек, а во неодамнешното истражување на јавното мислење било заклучено дека Каталонците живеат подобро од остатокот од земјата. 

Властите во Мадрид направиле се што е во нивна моќ да го спречат отцепувањето на Каталонија, од проста причина што таквиот потег би претставувал катастрофален удар за шпанската економија. Каталонците кои се заложуваат за отцепување, веруваат дека регионот би остварил голем суфицит во буџетот кога би престанал да плаќа големи суми на пари на федералната влада на Шпанија. 

Меѓутоа, за Каталонците лоши вести доаѓаат и од Брисел, кој порачува дека не го поддржува референдумот. ЕУ нагласила дека, во случај на отцепување, Каталонија би останала надвор од ЕУ. 

Тоа е проблем за Каталонците, со оглед на тоа дека речиси 100 проценти од оние кои се заложуваат за отцепување, тоа го сакаат исклучиво ако независна Каталонија остане членка на ЕУ, бидејќи тоа би значело дека регионот и натаму ќе ги ужива привилегиите за слободна трговија внатре во Унијата. Меѓутоа, по објавата од Брисел, станало јасно дека Каталонија тие привилегии ќе ги ужива единствено како дел од Шпанија. Во спротивно, цените на извозот на робата од Каталонија во ЕУ, во главно овошје и зеленчук, значително би пораснале. 

"Каталонија на тој начин би се приклучила на многу мала група на земји кои не се членки на Светската трговска организација, што би значело дека би се соочила со големи потешкотии", изјавил за El Pais Стивен Браун, аналитичар во Capital Economics

Непрофитабилниот извоз би довел до затворање на работни места и пад на БДП за најмалку 30 проценти. Регионот на свој грб ќе преземе и една петина од вкупниот долг на Шпанија, кој изнесува неверојатни билион евра, што би значело дека Каталонците мора да платат 200 милијарди. 

Интересен пример за нетрпеливоста која добар дел од Каталонците ја чувствуваат кон Мадрид, е историскиот податок од 1975. година, кога по смртта на диктаторот Франциско Франко, кој брутално го гушел каталонскиот идентитет, во Барселона била продадена најголема количина шампањ во историјата. 

loading...