Додека Вашингтон и Пјонгјанг водат вербална војна, трета земја подготвува план за напад на Северна Кореја

Додека тензиите се зголемуваат на релација Вашингтон - Пјонгјанг, британската армија подготвува планови за евентуален воен одговор на Велика Британија во случај на ескалација на кризата.

Една опција наводно вклучува испраќање на британскиот носач на авиони (до крајот на оваа година влегува во служба на британската воена морнарица) во близина на Корејскиот полуостров, а деталите од тајните планови на британците излегоа на површина откако Доналд Трамп предупреди дека „само една работа може да има ефект“ кога станува збор за провокациите кои што доаѓаат од Пјонгјанг.

Доналд Трамп изјави дека во текот на 25-те години преговори со Северна Кореја, бројни договори биле прекршувани и пред мастилото да биде исушено, а американските преговарачи во сите случаи досега испаѓале будали.

 

Ким Јонг Ун се огласи и на американскиот претседател му даде до знаење дека неговото нуклеарно оружје е „моќно средство за одвраќање“, кое што го гарантира суверенитетот на Северна Кореја.

Британските планови за „итна реакција во случај на ескалација“ биле изготвени во текот на последните неколку месеци. Според едно од сценаријата, британскиот носач на авиони „Кралицата Елизабета“ со 12 F-35B борбени авиони, предвреме ќе биде ставен во употреба за да им се приклучи на американските носачи на авиони во водите околу Корејскиот полуостров.

„Имаме доста бродови кои што би ги испратиле за напад на Северна Кореја. Разурнувачи од типот 45, фрегати од типот 23. Новиот британски носач на авиони би можел предвремено да биде ставен во употреба доколку ситуацијата се влоши“, открил изворот од круговите на британската влада.

Од британската влада одбиле да одговорат околу тоа дали Велика Британија има план доколку избие војна со Северна Кореја, но јасно е дека една од најголемите воени сили на светот нема да стои на страна додека нивните сојузници (САД) водат војна.

Минатата седмица, секретарот за одбрана Сер Мајкл Фелон изјави на прес-конференцијата на Конзервативната партија: „Нуклеарните тестови на Северна Кореја потврдуваат дека би било неодговорно да се откажеме од средствата за одвраќање за да се заштитиме“.

Тој исто така порачал дека британската јавност не треба да биде „чувствителна“ кога е во прашање испраќањето на војници во војна со странските земји, и покрај големите жртви во војните во Ирак и Авганистан. Тој нагласи дека и заканите кон Велика Британија се имаат интензивирано и најави испраќање на бродови, авиони и копнени сили, доколку има потреба од такво нешто.

loading...