Ikea повлекува спорни ормарчиња по смртта на три деца

Познатата шведска компанија за мебел Ikea од пазарот повлекува милиони примероци ормарчиња поради тоа што со нивно превртување биле усмртени три деца.

Скандинавскиот гигант на дрвната индустрија објави дека нема повеќе да го продава сетот „малм“ затоа што е опасен, а купувачите коишто го веќе имаат, ги замолија да го тргнат од своите домови.

На купувачите ќе им се рефундираат парите или ќе им понудат бесплатен сет за поправка или поставување на мебелот на ѕид.

„Комодите и ормарите кои ги повлековме се нестабилни ако не се правилно прицврстени на ѕид, поради што може да се превртат и да доведат до смрт на деца“, се наведува во соопштението на Ikea. Претходно спровеле кампања во која поделиле 300.000 комплети за прицврстување на комодите на ѕид.

Ikea од пазарот повлече вкупно 29 милиони примероци од мебелот „Малм“, вклучувајќи комоди со три и шест фиоки. На тој потег ги наведе смртта на двегодишниот Теодор Мекџи, кој настрадал откако врз него паднала комода со шест фиоки. Теодор е трето дете од 2014 година кое починало на тој начин.

Top