Паника на Менхетн: Огромен кран почнал да се врти, делови од зграда паѓале на улица

На местото на инцидентот биле пратени пожарникари, а уште не е познато дали има повредни.

Кран на врвот на висока зграда на Менхетн почнал да се врти под влијание на ветерот во четвртокот навечер, фрлајќи делови од зградата во изградба на улица. 

На местото на инцидентот биле пратени пожарникари, а уште не е познато дали има повредни.

Њујоршката полиција ги предупредила пешаците да избегнуваат да минуваат низ тоа подрачје.

Одделението за изградба на станови соопштило дека кранот бил безбедно поставен, но дека поради налетите на ветерот почнал да се врти во круг, што е нормална функција која им овозможува на крановите да се вртат за 360 степени кога не се во употреба.

Надлежните ги предупредиле изведувачите на градежните работи да ја обезбедат опремата за градење поради силните ветрови и дождот предизвикани од ураганот Зета кој беснее на југот на САД.

Top