Дански готвач се пробил во самиот врв на тајната служба на Ким Јонг Ун! Неверојатна приказна за човекот поради кој и ОН се на нозе

Еден Данец, готвач во пензија, од разонода успеал да продре до самиот врв на тајните служби на Северна Кореја.

На Улрих Ларсен всушност ни самиот не му е јасно зошто се впуштил во двоен живот на шпион на мисија во Северна Кореја. Тој живеел во семејството во предградието на Копненхаген и работел како готвач додека не заминал во привремена пензија. А потоа, Северна Кореја. "Па, всушност ни сам не знам точно. Јас секогаш бев сосема обичен човек", вели Данецот, поради кој сега сите се на нозе, посебно Обединетите Нации. 

Тој е главен јунак на документарната серија на Данската телевизија и тој сосема обичен Данец сигурно не е лик каков што би можеле да замислите на големиот екран во некој шпионски филм. Но тој всушност навистина успеал да ги открие плановите и деловните тајни на службите на Северна Кореја, па токму затоа и документарецот "Muldvarpen - undercover i Nordkorea" е интересен не само за телевизиската публика, пишува DW.

Во документарната серија на Данската телевизија, ,реализирана со шведската станица "CBT" и британски "BBC", сосема јасно се гледа како водството на Северна Кореја на сите начини се обидува да ги заобиколи санкциите на ОН и како е подготвено да испорачува дрога и оружје за да заработи пари и да дојде до нафта.

За Ларсен се почнало сосема случајно и тоа од општ интерес за таа изолирана земја. Тој ја гледал данската комедија "Црвена капела" на Мадс Бругерс која го исмејува режимот во Пјонгјанг, па поранешниот готвач после тоа стапил во друштвото на данско-севернокорејско пријателство. Тоа е прилично чудна и здодевна група, како што вели самиот. Но, иако повлечен, во тоа друштво брзо се искачил во хиерархијата и се сретнал со претседателот на Меѓународното здружение на пријатели на Северна Кореја, Шпанец кој се заложува за интересите на оваа затворена земја.

Од некој причина, Ларсен станува негов доверлив соработник и за прв пат патува во Северна Кореја. Влегува се подлабоко во тајниот живот за кој не знае ни неговата сопруга. Во десетте години, колку што трае таа негова шпионска кариера, успеал да стане значајна личност на КФА, а преку севернокорејското министерство за култура се повеќе се доближува до лица од самиот врв на таа земја - и нејзините тајни служби.

 

Пикот бил кога со партнерот "Мистер Џејмс" и наводен скандинавски бизнисмен, поранешен припадник на Легијата на странци и нарко-дилер, почнал преговори со високи претставници на Северна Кореја за купување на цели вооружени системи и производство на наркотици.

Планот на секој нормален човек би требало да му звучи и повеќе од фантастично: во Уганда би требало да изградат подземна фабрика за наркотици, а преку таа земја потоа би одело и оружјето. Во игра бил наводно и еден трговец со нафта од Јордан, кој би подготвен да вложи милиони долари, но немало да има проблеми ако таа нафта за Северна Кореја не била јасно кршење на санкциите на ОН.

Колку и да звучи неверојатно, Севернокорејците лесно ја проголтале приказната - како што би рекле риболовците - и мамката и јадицата и трската, па така останало само прашањето за парите.

Тоа тогаш сепак било премногу за данскиот готвач и режисерот Бругер: ова не било фикција, туку реален деловен договор далеку на другата страна на законот и меѓународните прописи . Дали на Ларсен му било јасно дека се нашол во опасна игра?

"Нема сомнеж дека тука некој ќе биде многу бесен. Бидејќи јас на некои луѓе прилично им уринирав по нозе и многу ги лажев", вели Ларсен.

"Ја земаме содржината на овој документарец многу сериозно, бидејќи создава цела низа многу проблематични прашања и премисли".

За содржината на документарецот веќе се расправало во Европската унија, а данскиот готвач повторно ќе оди на пат. Овој пат во ОН, каде е повикан пред надлежното тело.

Постои само еден епилог: Мистер Џејмс исчезнал бидејќи и онака никогаш го немало, а данскиот шпион конечно морал да и открие се на својата сопруга. Му се јавил на својот пријател од Шпанија, но не треба да чуди дека тој повеќе не сакал да има ништо поранешниот готвач.

Режисерот на крајот го прашал Ларсен дали би сакал повторно да биде шпион. "Не на истиот начин", одговорил Данецот, но додал: "Никогаш не вели никогаш".

Top