Побегна од Кина докторка која тврди од каде потекнува коронавирусот: Таму ми велеа да замолчам, а тука...

Докторката Ли Менг-Јан била принудена да побегне од Кина откако, како што тврди, открила откаде всушност потекнува вирусот Ковид-19 кој што досега зарази речиси 20 милиони луѓе ширум светот.

Менг-Јан, која што е една од најценетите во својата професија во Хонгконг, тврди дека вирусот настанал во лабораторија која што е поврзана со кинеската Народно Ослободителна Армија.

Таа тоа го открила додека студирала таму, а воедно открила и како вирусот се пренесува од човек на човек.

Во интервју за „Lude Press“, докторката истакнала како, штом дошла до откритието дека вирусот не настанал спонтано во природата, му го кажала тоа на шефот на својот тим кој што само одмавнал со раката, пренесува „Fox News“.

„Пазарот во Вухан послужи само како извор. Вирусот не настанал таму, туку во лабораторија. Сè е смислено однапред. Дали е намерно или пак случајно пуштен надвор, не знам. Знам само дека е направен“ - изјавила докторката.

Поради сето тоа што го навела, докторката морала да побегне во САД, за во Кина да не ја прогонуваат тамошните власти.

„Во САД дојдов затоа што само тука можам на мир да раскажам сè што открив. Без страв дека ќе бидам нападната или пак уапсена.

Кога конечно почнаа во Хонгконг сериозно да ме сфаќаат, ми кажаа да замолчам и да бидам внимателна. Сфатив дека морам да бегам“ - изјавила Ли Менг-Јан.

Top