Руската гордост видлива и од вселената: Космонаут направил неверојатни снимки од парадата на Воената морнарица

Акциите на руската морнарница одржани во повеќе градови биле забележани и од вселената.

"Роскосмос" објавил снимки од градовите во кои денес била одржана морска парада во чест на Денот на Руската морнарица. Фотографиите ги направил космонаутот Иван Вагнер. 

"Срцето" на Воената морнарица на Русија е градот Кронштадт. Специфичност на парадата во овој град било учеството на бродот за истражување на океаните "Адмирал Владимирски", кој се вратил од долга експедиција.

Спектакуларно било и во Владивосток. Таму бродот "Варјаг", големиот противбродски брод "Адмирал Пантелјејев", корвететите "Громки" и "Кореец" и многу други учествувале на парадата.

Во Петербург на парадата учествувале 46 бродови и подморници. Прв пат на парадата учествувала фрегатата "Адмирал Касатонов".

Во Севастопољ биле претставени фрегатите на Црноморската фота "Адмирал Григорович", "Адмирал Есен", ракетниот брод "Москва" и други.

 

 

 
 
 
 
 
Top