Германските компании :креваат рачна": На удар работниците во странските погони, еве колку откази им следуваат

Речиси половина од сите германски компании кои работат во странство се принудени да го намалат бројот на вработени поради пандемијата, се наведува во последниот извештај на Здружението на германските економски комори (DIHK).

Истражувањето кое го спровело "DIHK" покажало дека во јули 43 проценти од компаниите кои работат надвор од Германија рекле дека се принудени да го намалат персоналот поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Во април нивниот удел изнесувал речиси 35 проценти. 

Според последните достапни информации, германските компании кои во 2018-та година работеле во странство, имале околу 7,9 милиони вработени ширум светот, пренесува "DIHK".

Многу влади не успеале да преземат мерки за ублажување на економските последици од коронакризата, како програмата за субвенционирање на плати за работници пратени дома поради затворањето на еконмијата. Тоа резултирало со голема невработеност, се наведува во извештајот.

 

Пандемијата претставува голем предизвик за компаниите кои работат во странство, покажаа истражувањето спроведено меѓу деловните лидери. Поради тоа повеќе од 80 проценти од нив рекле дека очекуваат нагло паѓање на профитот поврзано со коронакризата, предупредуваат од "DIHK".

Top