Руски научник објаснил речиси сè: Тврди дека до нова пандемија Ковид-19 наесен нема да дојде!

„Нема да има нов раст на заболени од коронавирус во Русија и светот“ - смета членот на Руската академија за науки, Генадиј Онишченко.

„Не треба да се зборува за нова пандемија на вирусот корона од овој тип, затоа што за седум месеци, колку што поминаа од првиот случај во Кина, не дојде до поголема мутација на генот (вирусот), ниту пак тоа ќе се случи. Тоа е специфично за овој вирус“ - изјавил Онишченко.

Според неговите зборови, САРС и МЕРС исто така не мутирале, како што е ситуацијата и со овој вирус.

„А, бидејќи тоа не се случува, во најдобар случај, наесен исто ќе имаме случаи на коронавирус, но нема да има пандемија“ - објаснил тој.

Тој исто така смета дека ниту сега не е забележан пандемиски скок на бројот на заразени од коронавирусот.

„До утрово во светот регистрирани се околу 10.3 милиони случаи на заболени, што за пренесување по пат на воздушно-респираторни капки е ништо.

Само во Русија годишно од грип се разболуваат во просек 6-7 милиони луѓе“ - објаснил академикот.

Притоа, како што вели тој, поради тоа што 40 отсто од заразените немаат никакви симптоми на вирусот, но се преносители и извор на заразата, треба внимателно да се однесуваме кон луѓето кои што се во поодминати години и кои што остануваат во ''зоната на ризик'' и мора да се почитуваат сите мерки за заштита од коронавирусот.

Top