Главниот координатор за коронавирус во Сицилија осомничен за земање мито

Координаторот за коронавирус во Сицилија и девет други здравствени работници беа уапсени под сомнение дека земале мито од производителите на опрема и други даватели на услуги со кои склучиле договори, јавува Би-Би-Си.

Осомничените однеле најмалку 1,8 милиони евра!

Градоначалникот на Палермо, Леолука Орландо, рече дека станува збор за „исклучително сериозен систем на корупција“ за време на кој осомничените, наводно, зеле пет проценти од јавните договори. Овие акции траат уште од 2016 година, а на осомничените на тој начин им однеле најмалку 1,8 милиони евра.

Главниот координатор беше испратен во куќен притвор.

primer 8

Top