Чеченскиот лидер Кадиров со авион итно пренесен во Москва поради Ковид 19?!

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров во текот на вчерашниот ден бил хоспитализиран поради сомнение дека е заразен со новиот коронавирус.

Рамзан Кадиров со авион беше пренесен во Москва, постои сомнение дека е заразен со Ковид-19, открил медицински извор за руската државна новинска агенција „ТАСС“, додека неговата здравствена состојба била опишана како стабилна.

Кадиров се надгледува затоа што постои сомнение за коронавирус, открил друг медицински извор за агенцијата „Интерфакс“, додека агенцијата „РИА Новости“ исто така пренесе дека 43-годишниот Кадиров бил хоспитализиран откако со авион итно бил пренесен во рускиот главен град.

Властите од Чеченија засега одбиваат да ги коментираат овие информации на руските медиуми.

Коронавирусот веќе го погоди рускиот државен врв – премиерот Мишустин неодамна се врати на функцијата после хоспитализација од три седмици, портпаролот на Путин, Димитриј Песков исто така е хоспитализиран, а заразени се и уште неколкумина руски министри.

primer 8

Top