Што се крие зад градот во форма на корона? Паника меѓу граѓаните, но експертите имаат објаснување

Граѓаните на Монтеморелос во Мексико биле зачудени откако на подрачјето на градот деновиве паѓал град, а замрзнатите топки имале облик на коронавирусот.

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии и видеа од „чудниот град“, по што веднаш меѓу населението започнале да кружат теории на заговор. Една од теориите е дека станува збор за Божји знак и дека овој чин ги потсетува луѓето да останат во своите домови додека земјата се соочува со пандемијата на коронавирусот.

Сепак, метеорологот и консултант при Светската метеоролошка организација, Хозе Мигел Винас ги демантираше теориите, истакнувајќи дека градот кој паѓал во мексиканскиот град изгледал „сосема нормално“.

„Во внатрешноста на бурата, градот добива специфичен облик и ги акумулира слоевите на мраз на врвот. Во текот на силните бури кога градот станува прилично крупен, најголемиот дел од нив се спојуваат и удираат едни во други, при што се создаваат шилци од мразот“, изјави Винас.

„Поради тоа, на земјата паѓаат сплескани ледени дискови кои настанале од силните удари и спојувањето со град од различни големини. Тоа влијае градот да има облик на ѕвезда“, додаде метеорологот.

Сепак, ова не ги смири локалните жители со оглед на тоа што пандемијата во Мексико е во полн ек. Имено, досега во оваа земја се регистрирани 54,346 заразени лица, а како последица на коронавирусот починаа 5,666 лица.

 

primer 8

Top