Tака се прави тоа! Ова се мерките на Путин за борба против коронавирусот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, објави дека следната недела ќе биде неработна за сите вработени на територијата на целата земја, иако аптеките, продавниците, болниците, градскиот и меѓуградскиот превоз како и останатите услужни дејности ќе продолжат со својата работа.

Путин вели дека ваквата мерка е неопходна поради ширење на коронавирусот. 

“Ова ќе придонесе за намалување на ризикот од ширење на коронавирусот. Најважно е моментално сите да останат дома”, истакнал тој.

Рускиот претседател исто така навел дека Русија моментално излегува на крај со коронавирусот, но дека заразата е секаде околу неа и е тешко во целост да се спречи вирусот да продре во земјата. Исто така предложил и да се одложи гласањето за уставните измени и додал дека новиот датум ќе биде дополнително објавен.

Граѓани на Русија, бидете дисциплинирани

Владимир Путин ги повика граѓаните да бидат дисциплинирани и одговорни и дека е најбезбедно да останат во своите домови.

“Сите мерки кога станува збор за борбата против коронавирусот, ќе дадат резултат доколку бидеме обединети”, изјавил Путин.

Исто така навел и дека граѓаните треба со голема сериозност да ги сфаќаат советите на експертите за да се сочуваат од оваа болест.

Помош на семејствата и граѓаните

Русија во вид на поддршка, во наредните 3 месеци на семејствата со деца ќе им исплати по 5.000 рубљи за секое дете до 3 години, а на невработените ќе им биде зголемен износот на социјална помош од 8.000 на 12.130 рубљи.

“Економијата на Русија како и економиите на другите земји, проаѓаат низ катастрофален период поради коронавирусот. Потребно е да се поддржат оние кои се соочуваат со загуба на работата”, вели Путин.

Тој навел и дека на граѓаните чии примања ќе опаднат под 30 отсто од реалните ќе им биде овозможен мораториум на исплата на кредит.

За стабилизација на економската ситуација се потребни дополнителни мерки

Рускиот претседател истакнал дека за стабилизација на економската ситуација, во рамки на чекорите за поддршка на економијата, претпријатијата и граѓаните ги предложил следните мерки:

- за да се спречи ширење на коронавирус, следната недела е прогласена за неработна и платена. Сите служби за обезбедување на услови за живот, вклучувајќи транспорт, органи на власта, медицина... ќе продолжат да работат.

 

- во наредните 6 месеци сите социјални исплати и надоместоци ќе се продолжат без давање на потврда.

- сите исплати на ветераните и учесниците во војната во врска со 75-годишнината од Победата треба да се извршат во април.

- исплатите според болничките листи треба да се пресметаат по стапка од најмалку една минимална заработка месечно.

- надоместоците за невработените мора да биде изедначени со минималната заработка.

- во случај на пад на месечниот доход за повеќе од 30 отсто, на граѓаните ќе мора да им се одложи сервисирањето на потрошувачките и хипотекарните кредити.

- на малите и средни претпријатија треба да им се одобри одлагање на плаќањето данок на 6 месеци, освен ДДВ.

- Владата и Централната банка треба да предложат и преземат дополнителни мерки за одржлив развој на реалниот сектор на економијата, вклучувајќи и државна гаранција.

- сите исплати на приход во вид на камата и дивиденди кои одат во странство треба да се оданочат по стапка од 15 отсто.

- каматите и приходите од банкарските депозити и инвестициите во должнички хартии од вредност од повеќе од милион рубљи ќе се оданочуваат по стапка од 13 отсто.

- ќе се намалат премиите за осигурување на 15 отсто за платите поголеми од минималната заработка, пред сè за работниците во малите и средни претпријатија.

- ќе биде воведен 6-месечен мораториум за банкрот на компании во тешки ситуации, стечајната постапка треба да биде пропорционална и неоптоварувачка.

- треба да се обезбеди механизам за продолжување на кредитите на индивидуалните претприемачи во секторите погодени од епидемијата на коронавирусот.

Путин исто така ги повика граѓаните да ги почитуваат препораките за спречување на ширење на коронавирусот и да се однесуваат одговорно кон себе и своите семејства.

Според последните податоци, вкупниот број на заболени од Ковид-19 во Русија е 1.036, од кои 3 лица починале, а 45 се излечени.

primer 8

Top