Овој коронавирус е откриен уште пред 7 години, но никој не ги слушал предупредувањата на научниците

Новиот коронавирус, сега официјалниот наречен Ковид-19, е сличен на оној кој бил откриен на лилјаци во Кина во 2013-та година.

Меѓутоа, недостигот на постапување во склад со предупредувањата на оние кои го проучувале значи дека сме пропуштиле можност да го заштитиме населението. 

Иако некои сега тврдат дека вирусот Ковид-19 на луѓето се пренел од панголите, веројатно е дека тие животни биле само жртви на инфекцијата, како и луѓето.

"Од досега достапните визуелни докази, вирусот речиси сигурно дошол од еден вид на лилјаци", вели Ендру Канингем од Зоолошкото друштво во Лондон.

Со години Женг Ли Ши и нејзините колеги од Институтот за вирологија во Вухан ги изолирале коронавирусите од лилјаците во пештерите во кинеската провинција Јунан.

 

Во лабораторија во 2013-та година пронашле коронавирус кој може да ги зарази човековите клетки. Минатата недела Женг известила дека тој вирус е 96 проценти идентичен со вирусот Ковид-19, кој сега се шири меѓу луѓето.

Во 2016-та година, Вејн Мараско од медицинскиот факултет на Харвард и неговите колеги откриле дека вирусот кој го откриле Женг и нејзината екипа може да се репродуцира во клетките на човековите дишни патишта. Тие тој вирус го опишале како "предодреден да се појави кај луѓето".

Меѓутоа, понатамошните истражувања на вирусот ги спречила одлуката на американската влада да се забрани работата на промена на вирусите на начини кои би можеле да ги направат поопасни.

 

Работата на екипата насобрана околу Женг исто така открила дека вирусите може да се пренесуваат директно од лилјаци на луѓе кои живеат во близина на нивните пештери. Нејзините забелешки укажуваат дека не е неопходен пангол за вирусот Ковид-19 да се прошири на луѓе, а претходно открила дека и САРС може да мине од лилјаци на луѓе, а претходно да не зарази други животни.

Минатата година предупредила дека постои голема веројатност дека коронавирусот ќе се прошири од лилјаци на луѓе во Кина. "Истражувањето на коронавирусот на лилјаци станува итно прашање за рано откривање на знаците за предупредување", напишала таа тогаш.

Со оглед на тоа дека таа можност била пропуштена, Женг повикала на зголемување на напорите за да се развијат лекови и вакцини.

Потсетуваме, бројот на починати од коронавирусот во кинеската покраина Хебеј скокнал денес за рекордни 242 и вкупно изнесува 1310, а дошло и до големо зголемување на бројот на нови потврдени случаи на зараза по примената на новата дијагностичка методологија.

Top