Испливаа нови детали од минатото на претседателскиот кандидат: Противкандидатот на Трамп бил шпион на ЦИА во Југославија

Со изборите во американската сојузна држава Ајова започна трката за Белата куќа, а се случи и големо изненадување во редовите на Демократите.

Додека сосема очекувано Трамп освои најмногу републикански гласови, најмногу гласови кај Демократите освои кандидатот Пит Бутиџиџ.

Меѓутоа, на резултатите им претходеше скандал - гласовите на Демократите не биле преброени на време, па доцнеа, а подоцна се дозна дека дошло до хакерски напад.

Во американските медиуми веднаш се појавија гласини дека Пит Бутиџиџ, инаку прв кандидат за претседател на САД кој не крие дека е геј, работи за ЦИА и дека наводно стои зад изборното фијаско по кое ја однесе победата.

 

Откако на Твитер стана вирален хаштагот #CIAPete, се огласи самиот Бутиџиџ кој демантираше дека работи за најголемата американска разузнавачка служба. Сепак, во меѓувреме испливаа документи од неговата воена кариера во која е очигледно дека воената разузнавачка единица во која бил во Авганистан, соработувала со ЦИА.

Единицата под надзор на Пит Бутиџиџ била подгрупа на ДЕА, американска агенција која се занимава со наркотици и е заслужна за фаќањето на најголемите нарко босови во светот, претежно во Латинска Америка.

Претходно во својата кариера, Пит Бутиџиџ работел во USEUSCO (United States European Command) како разузнавачки аналитичар. Во документите е откриено дека тој пренесувал разузнавачки информации за USEUSCO, потоа за НАТО и единиците распоредени во други команди, вклучувајќи ги и операциите во поранешна Југославија и Африка.

 

После две години од почетокот на неговиот градоначалнички мандат, Бутиџиџ во 2014-та година повторно бил повикан на должност, овојпат да служи во американската морнарица во Авганистан. Тој поминал 6 месеци во Авганистан каде работел против трговијата со дрога на Талибанците.

Top