Лекот на повидок: Кога ќе биде достапна првата вакцина против коронавирусот

Првата вакцина за кинескиот коронавирус би можела да биде достапна за 18 месеци, изјавил денес во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханон Габрејесус и укажал дека дотогаш “мора да го коритиме секое достапно оружје“.

Тој исто така изјавил дека коронавирусот официјално го доби името COVID-19, бјаснувајќи дека е важно да се избегнува стигмата и дека користењето на другите имиња е неточно, пренесуваат од „Ројтерс“.

Бројот на починати од коронавирусот во Кина порасна на 1.016, соопштиле од кинеската здравствена комисија.

 

Вчера во Кина од коронавирусот починаа 108 луѓе, што беше наречен за “најсмртоносниот ден од појавувањето на коронавирусот“.

Во Кина потврдени случаи се нови 2.478 заразени луѓе, што е помалку отколку што тоа беше случај претходните денови.

Top