Моментот кога иранската ракета ја погодува американската воена база! Доаѓа, доаѓа, третата доаѓ

„Доаѓа, доаѓа, третата доаѓа“, може да се слушне на драматичната снимка која го покажува моментот на ракетирањето на американската воена база Аин Асад во Ирак.

Гласовите на вознемирените луѓе можат да се слушнат на краткиот видеозапис кој го објавија американските медиуми. Снимката прикажува неколку блесоци кои доаѓаат од далечина каде што е сместена споменатата база. После блесоците, следуваше удар од експлозија.

Како што известивме, американската воена база во Ирак утринава по локално македонско време беше ракетирана, а одговорноста за нападот ја презеде иранската Револуционерна гарда.

Како што соопштија иранските власти, станува збор за операција наречена „Маченикот Сулејмани“ и следува како одмазда за неодамнешниот атентат врз генералот Касим Сулејмани, прв човек на елитната единица Кудс при иранската Револуционерна гарда. Како што е познато, Сулејмани беше убиен во напад со дрон на американското воено воздухопловство.

Од Пентагон утринава потврдија дека повеќе од 12 балистички проектили биле лансирани од територијата на Иран кон базата Аин Асад, но и базата Ирбил која се наоѓа во ирачки Курдистан.

Top