Настрада уште еден руски тајкун во Велика Британија, и тоа додека го шетал кучето

Руските медиуми објавиле дека станува збор за Дмитриј Обрететски, 49-годишен тајкун.

Рускиот милијардер, тајкун кој живеел во Велика Британија, загинал кога го удрил автомобил додека го шетал кучето во Сури. Во несреќата учествувале три возила. 

Полицијата во Сури објавила дека бил удрен маж на возраст од околу 40 години и дека подоцна починал. Руските медиуми објавиле дека станува збор за Дмитри Обрететски, 49-годишен тајкун.

Некои руски медиуми денес ги објавиле сомненијата на неговите пријатели. Павел Бoровков се прашува дали несреќата била случајно или не.

"Life" пишува дека Обрететски е долгогодишен жител на Велика Британија, но дека често одел работно во Русија.

 

"Знаете, луѓето во Велика Британија возат автомобили многу внимателно...не ја исклучуваме можноста ова да се случило намерно", навел Бoровков.

Во несреќата учествувале три автомобили, а полицијата и натаму трага по информации за несреќата.

 

Несреќата се случила на 25-ти ноември, но вчера била потврдена во медиумите.

Да потсетиме, во Велика Британија се случиле серија мистериозни смртни случаи на истакнати Руси. Бадри Патаркатшвили умрел во Ледерхед во 2008-ма, Александар Периплични потоа умрел во 2012-та во Вејбриџ, а Борис Березовски во Аскот во 2013-та година.

 

 

Top