Објавен списокот на најмоќните луѓе во Европа: Нивните одлуки директно влијаат на нашата иднина

Бриселскиот портал “Politico“ направил годишна листа на најмоќните луѓе во Европа или пак листа на луѓе кои во 2020-та година би можеле да го обликуваат Стариот континент.

На врвот на листата е францускиот претседател Емануел Макрон додека пак останатите 27 луѓе од листата се сместени во три категории кои се претставени во три видови моќ - луѓе од акција, негативци и сонувачи.

Како што наведуваат, овогодишната листа се состои од луѓе со најголема моќ и влијание во европската политика и политиката општо, а на која се наоѓаат 19 мажи и девет жени, односно 20 политичари, четворица активисти, тројца јавни функционери и една личност од технолошкиот сектор.

На врвот на листата, како што спомнавме е Макрон, а како што наведуваат тие, тој го искристил “вакуумот“ кој настанал поради Брегзит и слабоста на Германија и кој го разбесни Европскиот парламент кога го критикуваше европскиот систем и се обиде да го “саботира“ изборот на Урсула фон дер Лајен.

 

Веднаш позади него на листата е Маргарет Вестагер од Данска која е сместена во групата луѓе од акција, а која добила втор мандат во Европската комисија како комесар за конкуренција.

Во категоријата “луѓе од акција“ ставени се и претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, рускиот претседател Владимир Путин, британскиот премиер Борис Џонсон, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, ирскиот премиер Лео Варадкар, поранешниот и веројатно иден австиски канцелар Себастијан Курц и европскиот комесар за трговија Фил Хоган.

 

Во категоријата “негативци“ се нашле девет луѓе каде што првото место го има советникот на британскиот премиер Доминик кој е познат поради тоа што на Британија ѝ приреди шок во 2016-та година така што се открило дека бил мозокот за компанијата за излегувањето од ЕУ.

На второто место е лидерот на германската политичка партија “Зелени“, Роберт Хабек.

На листата на “негативци“ се наоѓаат и извршниот директор на Фејсбук, Дејвид Маркус познат по тоа што се обидува да ја наметне крипто валутата, лидерот на италијанското движење Матео Ренци, шкотската премиерка Никол Старџеон, шефот на германската агенција за заштита на податоци Јоханес Каспер, францускиот левичарски ориентиран политичар Франсоа Руфин, првата словенечка претседателка Зузана Чапутова.

 

Местото во оваа категорија го заслужил и поранешниот италијански министер за внатрешни работи и лидер на десничарската партија „Лига Север“, Матео Салвини.

Во категоријата на сонувачи на првото место е активистката Грета Тунберг. Исто така тука се наоѓа и унгарскиот премиер Виктор Орбан за кој се вели дека е предводник на национализмот во ЕУ, францускиот министер за финансии Бруно ле Мер, Германката Карола Рекетер која станала позната поради тоа што спасувала мигранти кај италијанското крајбрежје, генералниот секретар на Европскиот парламент Клаус Веле и британската комесарка за информации, Елизабета Деам.

На оваа листа исто така се придружил и германскиот писател и изведувач Гоц Хубичек кој го сметаат за гуру во паритјата AfD, германскиот министер за финансии Олаф Шолц и работник од фирмата “Delivero“, Жан Даниел Замор.

Порталот “Politico“ образложил дека на листата можеби не се наоѓаат највлијателните луѓе во Европа туку оние кои имаат важно и неочекувано влијание во неа.

Top