Овие ракети го бранат Трамп: Инцидент ги откри невидените безбедносни мерки во Белата куќа

За време на неодамнешното привремено затворање на Белата куќа поради безбедносни предупредувања, американските новинари открија систем на против-ракетна одбрана на покривот на Белата куќа.

Зградата на Белата куќа во Вашингтон беше затворена на 26-ти ноември откако неидентификуван авион навлезе во воздушниот простор на американската престолнина. Истовремено, неколку американски борбени авиони тргнаа кон Вашингтон. Подоцна, американската команда за воздухопловна одбрана на Твитер објави дека авионот не се смета за непријателски.

За време на затворањето, американските медиуми известуваа од Белата куќа за развојот на ситуацијата. Продуцентот на "CBS", Сара Кук на Твитер објави фотографија на која се гледа систем за против-воздушна одбрана на покривот на зградата пред резиденцијата на американскиот претседател.

Американските медиуми пренесуваат дека на фотографијата може да се види ракетниот систем земја-воздух „Авенџер“ кој е опремен со осум ракети од типот „Стингер“. Дизајниран е за заштита на американските сили од воздушни удари на мала висина.

Со оглед на тоа што бројни терористички организаци и криминали започнуваат да користат беспилотни летала, се чини како логичен потегот владините и претседателските објекти да бидат заштитени со ваков тип на одбрана.

Top