Лидерите фатени како го озборуваат Трамп на НАТО самитот!

Снимката настанала во Бакингемската палата, а тројца лидери зборувале за тоа зошто Макрон доцнел.

На интернет се појавила снимка на која се слуша како светските лидери, вклучувајќи ги премиерите на Велика Британија и Канада, Борис Џонсон и Џастин Трудо, и претседателот на Франција Емануел Макрон, го озборуваат американскиот претседател Доналд Трамп на отворањето на НАТО самитот во Лондон. 

На снимката, која настанала во Бакингемската палата, тројцата лидери зборуваат за тоа зошто Макрон доцнел на самитот во Лондон, на кој се одбележуваат и 70 години од настанувањето на алијансата.

"Затоа доцнеше?", го прашал Џонсон Макрон, пред да се вклучи и Трудо.

"Доцнеше бидејќи водеше 40-минутна прес конференција", рекол Трудо, алудирајќи на состанокот Макрон-Трамп на почетокот на денот.

Трудо потоа дода: "О, да, да. Најави..." пред да го пресече Макрон. Тој е завртен со грб кон камерата и неговите зборови се нечујни.

Премиерот на Канада потоа направил уште една смешна забелешка по повод прес конференцијата.

 

"Гледавте како членовите на неговиот (мислејќи на Трамп) тим останаа без текст", рекол Трудо.

Иако тројцата заедно не кажале за кого зборуваат, нивниот разговор веројатно се однесувал на американскиот претседател, кој е познат по своите долги и бурни прес конференции.

Кралицата Елизабета Втора во вторникот навечер ги примила светските лидери во Бакингемската палата, каде и настанало ова видео.

Top