Руската армија ја тестира најмодерната технологија: Овој тенк-робот сее страв во Сирија

Фотографија на рускиот борбен роботизиран систем „Уран 9“ кој се наоѓа во првите борбени редови во Сирија се појави на интернет.

Овој систем руската армија го тестира на Блискиот исток во реални услови, а наменет е за извидништво, директна огнена поддршка на војската, како и уништување на непријателските оклопни возила и друга воена опрема.

На роботизираниот комплекс тежок 12 тони се инсталирани: комплексот „Атака“ со против-тенковски ракети, реактивен фрлач на пламен „Шмељ М“, автоматски топ „2А72“ од 30 милиметри и митралез од калибар 7,62 милиметри.

Со ова возило се управува далечински и спаѓа во категоријата на автономни воени машини, а руската армија веќе подолго време го тестира во реални услови во борбите против милитантите во Сирија.

Top