Падна и доминиканскиот Ескобар: Кралот на кокаинот уапсен во Колумбија, неговата мрежа покривала три земји

Доминиканецот Сесар Емилио Пералта, кој го добил прекарот "крал на кокаинот", бидејќи наводно е одговорен за праќање на тони дрога од Карибите во САД и Европа, е уапсен во Колумбија, соопштиле денес властите на Доминиканска Република.

44-годишниот Пералта е уапсен во понеделникот наутро во Картахена, на северот на Колумбија, рекол на прес-конференцијата доминиканскиот државен обвинител. 

Шверцерската мрежа која ја водел Пералта, според податоците на американското Федерално истражно биро (FBI), била активна во Венецуела, Порторико и Колумбија.

Обвинителот рекол дека мрежата била разоткриена по повеќе од 60 полициски акции во текот на кои биле уапсени 18 лица.

FBI понудил 100.000 долари за информации за Пералта, кој, како што наведуваат американските власти, е осомничен за транспорт на "тони кокаин кон САД, Порторико и Европа".

 

Top