Како климатските промени ќе го сменат светот во наредните 10 години?

Човештвото има само една деценија да ги избегне најлошите последици од климатските промени. Тоа е предупредување кое Меѓународниот одбор за климатски промени го издал минатата година.

Меѓутоа, оттогаш државите не направиле речиси ништо за да ја сменат емисијата на јаглен, доволно за температурата на Земјата да порасне повеќе од 1.5 степени во однос на прединдустриското време, што е потшишано во Парискиот климатски компромис.

„Тоа што го знаеме е дека климатските промени ќе го трансформираат светот во нешто непрепознатливо“ - рекла Кели Левин од Институтот за светски ресурси.

Таа трансформација наголемо е започната. Во текот на изминативе години забележани се рекордни температури, катастрофални невремиња и невидено топење на мразот. Ситуацијата до 2030-та година само ќе се влоши.

Емисијата на гасови со ефект на стаклена градина ќе донесе до поголеми температури, екстремни временски промени и рекордно топење на мразот. Сè додека луѓето продолжуваат да согоруваат фосилни горива и да ја оптеретуваат атмосферата, ситуацијата само ќе се влошува.

Наредните 10 години се клучни за намалување на последиците од климатските промени и во тој период глобалната емисија на штетни гасови мора да биде намалена за 45 отсто. Доколку Земјата се загрее за повеќе степени, научниците сметаат дека екосистемот ќе почне да пропаѓа.

 

Дури и веднаш да прекинеме со емисијата на штетни гасови, Земјата ќе продолжи да се загрева уште некое време поради што научниците морале да утврдат неколку промени кои сигурно ќе се случат во наредната деценија.

Ледената покривка ќе продолжи да се топи, а ледените слоеви како оној на Гренланд ќе тргнат кон патот на целосно исчезнување.

Директна последица на топењето на мразот ќе има и врз зголемувањето на нивото на водите, а со самото тоа и високи плими и катастрофални поплави. Први на удар ќе бидат Бангладеш, Виетнам и Сејшели. Растењето на нивото на океаните веќе им се закануваат на Венеција, Мајами, Џакарта и Лагос.

Големата топлина и количина на вода значи дека ураганите ќе бидат посилни и поспори. Очигледно е дека во наредните 10 години ќе има повеќе урагани каков што беше “Доријан“ кој ова лето ги срамни Бахамите.

 

Топлотните бранови исто така ќе бидат многу почести и поинтензивни, а тој “тренд“ ќе продолжи и наредните години. Од СЗО најавуваат дека секоја наредна деценија по 241.000 луѓе ќе умираат како последица на климатските промени, најчесто од болести кои се предизвикани од жештините.

Сувата вегетација многу лесно гори па затоа ќе се очекуваат и повеќе пожари дури и во ладните предели како што се Арктик и Сибир. Исто така ќе започне и процесот на трансформација на шумите во Амазонија во савани. 

Top