Како Ердоган успеа да ја измами Германија и да дојде до детални податоци за своите противници

Во Анкара е уапсен адвокат кој Германската амбасада во Анакара го најмила да собира информации за противниците на Реџеп Тајип Ердоган, кои во Германија барале азил. Неговите досиеја биле запленети, а безбедноста на околу 50 истакнати Турци во Германија е загрозена.

Како што дознава германски "Spiegel", Турција го уапсила адвокатот кон средината на септември, поради сомнение за шпионажа. Германската влада стравува дека материјалот дошол до рацете на турските разузнавачки служби. 

Германската амбасада ангажирала адвокат во Турција да собере информации за барањата за азил во Германија, кои ги поднеле турски државјани. Адвокатот се распрашувал во полицијата и обвинителството дали против тие лица во Турција е отворена постапка и дали им се заканува опасност ако се вратат во земјата. Министерството за надворешни работи тие информации ги проследило до Сојузната канцеларија за миграција и бегалци, за на таа основа да ги реши барањата.

 

При апсењето на адвокатот, турската разузнавачка служба MIT наводно ги запленила податоците и досиејата на околу 50 турски баратели на азил. Меѓу нив се истакнати Курди и приврзаници на движењето на Фетула Ѓулен, кои сега може да бидат изложени на закани. Како што пренесува весникот, службите за внатрешна безбедност веќе предупредиле неколку лица дека разузнавачката служба дошла до детални информации за нивниот случај.

Како што се наведува, адвокатот легално и отворено собирал информации за Турција, а германското Министерство за надворешни работи преговара со Турција за негово ослободување.

Top