Медиумите остро за интервјуто на Принц Ендру: Ова се заканува да прерасне во најголема катастрофа од 1997-ма година

Обидот на принцот Ендру да ги разјасни своите пријателски односи со финансиерот педофил Џефри Епстајн во интервјуто кое го дал за BBC се претворил во фарса.

Таа фарса се заканува да прерасне во најголема катастрофа во кралското семејство од 1997-ма година и начинот на кој семејството се однесувало кон смртта на Дајана, пренесува "Bloomberg". 

Британскиот принц Ендру прв пат во интервју за BBC вчера одговарал на прашања за врските со осудениот педофил Епстајн, во кое признал дека било грешка што престојувал во неговата куќа.

Принцот Ендру во едно од ретките интервјуа вчера за BBC категорички ги отфрлил наводите дека имал сексуален однос со Американката Вирџинија Робертс, која го обвинила за сексуално злоставување во времето кога била малолетна.

Таа тврди дека тоа се случило три пати во 2001-ва и 2002-ра година, кога имала 17 години во Лондон, Њујорк и на приватниот остров на Епстајн на Девствените острови.

Повеќечасовното интервју веднаш станало ударна тема на социјалните мрежи. Реакции имало премногу, но малку му оделе во прилог на принцот.

Многу медиуми и аналитичари оцениле дека тој дури и не во состојба да излаже како што треба. Одговорите кои принцот ги давал сигурно уште долго ќе предизвикуваат осуди, а посебно оној дека четири дена престојувал во вилата на Епстајн во 2010-та година, затоа што му било "многу комфорно".

Посетата за која станува збор уследила неколку месеци откако Епстајн бил ослободен од домашен притвор во кој се наоѓал поради злоставување на малолетнички.

Марк Стивенс, медиумски експерт, рекол дека интервјуто претставувало катастрофална грешка и додал дека таквата стратегија има смислол само ако имате целосен и јасен и одговор на секое прашање, а во интервјуто Ендру имал многу несигурни и климави одговори.

Принцот Ендру веќе со месеци е под притисок поради врските со Епстајн, 66-годишниот американски финансиер, кој откако бил обвинет за сексуално злоставување на малолетнички во подолг период извршил самоубиство во август во затвор во Њујорк.

Top